Подобро да ме сака 1 отколку 100 да ме посакуваат. Тие што сакаат сакаат за цел живот а тие што посакуваат посакуваат за една вечер.
Да сум сакана. Штом ме сака, сигурно и ме посакува, додека посакувањето не подразбира секогаш сакање.
Па повеќе би сакала да сум сакала отколку да сум посакувана, бидејќи сакањето трае подолг период додека посакувањето трае извесно време додека не помине меракот
Сакам и да ме сакаат и посакуваат. Би ме навредило да ме сака некој (зборуваме за дечко, нели) а да не ме посакува. Страста и чувството на сексуална тензија меѓу двајца која треба да биде врв на љубовта, мора да постои. Во спротивно, би ми бил другарче за држење рачиња. Може да се случи да те посакува некој што не те сака, но тоа е минливо, и ми се случило, а и јас сум посакувала некого само за да го имам, онака, а после тоа ништо емотивно да не одржам. Сепак, тоа е кратко задоволство, мини триумф на егото. Дефинитивно ми требаат обете нешта за да бидам среќна.
Ако збориме за врска (а гледам дека темава е во Врски) тогаш нормално дека сакам да бидам и сакана и посакувана. Затоа што можам да бидам сакана и од моите, и од пријателите итн, а сакана и посакувана нормално дека сакам да бидам од мојот партнер. Ако сум само сакана од партнерот, а не сум посакувана тогаш таа врска барем според мене е осудена на пропаст. Мислам дека секоја скоро врска најпрвин започнува со посакување, па тоа посакување прераснува во сакање. Но, посакувањето не смее да исчезне...
сакам да сум САКАНА.....(но само од тој што јас го сакам а не од некој здодевен и одвратен човек) сакам исто така да сум и посакувана.....ммммм зошто да не..... но сепак сакам да сум сакана
Ги сакам и двете. Да имам 13-14год.и да сум сакана платонски од симпатијата од класот би било ок,вака некако не ми оди, кога ќе пробаш од медот,сакаш пак и пак ... Да сум посакувана и да имам најлуд секс на сите постоечки и оние кои ќе ги измислиме начини,локации,а без трошка емоции пак ќе бидам како истушен балон кога ќе се смири еуфоријата. Цело е кога има се‘.Пакетот вклучува и сакање и посакување. Ама и обратно - и јас да го сакам и посакувам него.
Епа сакам да ме сака, штом ме сака тогаш мора и да ме посакува. Мислам не оди некој со мене само за раче да се држиме. Може секој да ме посакува ако сум убава но од тоа посакување тешко се раѓа љубов.