Јас сум за двете! Доволно ми е да сум сакана од оној кој го сакам јас, а со самото тоа и посакувана. Нормално, сите останати нека ме посакуваат.
И сакана и посакувана Сакана од оној што јас го сакам, а останатите нека ме посакуваат. На секоја жена и е убаво кога знае дека ја посакуваат, убаво чувство, ти ја подигнува самодовербата како привлечна жена, што сите ја посакуваат а еден ја има
Сакана секако, ако сум посакувана и ако ме добие ке му помине меракот..вака ме посакувал, па ме сака , а и подобро од тоа некој да те сака нема...
Повеќе сакам да бидам сакана! Секој може да те посакува,уствари на денешно време ми се чини повеќе има посакување отколку сакање .
Повеќе сакам да сум сакана. Може да ме посакуваат 100 но да не ме сака ниту еден. Иако убаво е и чувството кога те сметаат за привлечен и си посакуван од некогу...
Не е доволно да си сакан , Но да си САКАН ИСКРЕНО е веќе нешто сосем по друго Но сепак за да бидеме сакани треба и да сакаме нели ?
јас мислам кога и двете се во комбинација е она правото,затоа што убаво екога е цело...на пр ако сум сакана значи некој ме сака,со душа и срце,емоции,а љубовта е убава кога нон стоп се надоградува,значи покрај емоции да има и прегратки,бакнувања,милувања,ова е веќе посакување.кое ни дава да се чувствуваме среќни и исполнети..целосно....
И тоа и тоа. Мислам дека едното без друго не оди во една врска, па сега да бирам од двете. Ако сум сакана, во ред, тоа е најбитно, но ако не сум посакувана, тогаш што правиме, ќе се држеме за рачиња и ќе имаме секс еднаш месечно? Не фала, јас сакам се на куп.
јас мислам да си ,,сакана,, е само во моментот, значи во овој момент да помисли дека те сака, и во овој момент да помисли дека токму сега почнува да те сака.. значи сакана и посакувана има гооолема разлика.. кога ќе заврши со ,,сакањето,, сега веке тој почнува да те посакува денес и утре и така натаму.. доколку сте далеку, тој секако ќе те посакува (затоа што веќе те сака-логично) и многу е подобро да бидеш посакувана. кога веќе ќе бидеш посакувана тој ќе почне да копнее по тебе,да те бара, ќе му недостасуваш, ќе почне да ти симнува ѕвезди, а ние тоа го бараме девојки така?? еднаш те засакал и сега веќе готово-сега секогаш те посакува покрај него(без разлика дали емоционално или физички.. хехе има разлика тука).. значи секако,според мене ПОСАКУВАНА.
Да биде една девојка посакувана сигурно ќе се чувстува убаво , посакувано , женствено. Но тоа е многу различно со сакањето. Да бидеш сакан е поголемо задоволство од тоа да си посакуван. Ќе го посакуваш некој 4-5 месеци до 1 година најмногу.Ќе видиш дека немаш шанси и ти станува досадно , додека кога си вљубен со секое гледање се повеќе и повеќе се вљубуваш и копнееш по личноста.
Mислам дека едното неможе без другото. Уствари еве за мене ќе кажам. Неможам да го сакам а да не го посакувам. А можам да го посакувам без да го сакам. Така што, ќе одберам сакана...воедно ќе бидам и посакувана. I think so...
Зависи од кого како , ако кон некој осеќам дека би се снашле во кревет но не сум расположена за врска нема што да се заљубува дечкото па и на мене и на него да ни се створат проблеми , ако веке за некој забалежам дека има потенцијал за нешто повеке ке посакам да сум сакана , генерално 2те заедно се прекрасни кога одат под рака со врска .