Ептен забегавме со темава. Ова прееска го најдов, имаше уште закони и членови ама не обрнав внимание што и како.
Девојки кои се процедурите за свадба моментално? Јас знам дека сеуште нема ни протокол ни ништо. А гледам на фб и инста многу почнаа и регистрации и слики, и крштевки секакви прослави се прават. Има некаде уредено до колку гости и под какви услови може нешто воопшто да се прави? Нешто имам пропуштено изгледа.
Ние правевме регистрација викендов само со доѓашните. Бевме 15 луѓе во ресторанот.Толку ни дозволија од ресторанот и матичарот дојде во ресторанот па така се беше на едно место.
Дали ви го имаат вратено капарот од ресторан? Дали законски смеат да го задржат ?Или треба да пробам да им викнам инспекција?Ова во случај да нема презакажување на датумот
Законски капар смее да задржи ресторан и да не ти врати. Баш и затоа е капар оставаш и толку. Е сега едино ради ситуацијава да не има некоја мерка дека треба да ги вратат, искрено не верувам. Не знам колку си оставила..мој предлог држи го датумот презакажи за догодина и догодина договори се ако успеат да го дадат датумот да те обештетат да ти вратат капар. Вака другарка напрај пред 2 год. Ова веќе ако не сака да ти врати. Секако можеш да пробаш да пуштиш мејл до пазарен инспекторат да пријавиш
Доколку ресторанот ја откаже свадбата која што е закажана на одреден датум тогаш треба да го вратат капарот. На нас ни го вратија, така и пишуваше во договорот (доколку тие откажат враќаат, доколку ние откажеме го задржуваат).
@kelly.r Капар не се враќа. Ние дадовме капар во Нју Стар 300 евра,после презакажавме во Парк иако знаев дека капарот пропаѓа прашавме, рекоа неможе да се врати но ако правиме некоја веселба таму понатака ќе ни одбијат
Поима неам може и згрешив по израз...Секако јас потпишав договор кој ме обврзува и мене и ресторано и ќе ми биде поткрепа на суд. Во мојот договор си беше делот за капарот и сакаш сложи се сакаш не. Верувам и членката потпишала...
Ако младите ја откажуваат свадбата, капарот не се враќа. Затоа и се остава капар. За да не ги зафркнеш. Јас одамна правев свадба. Од ресторанот ни кажаа - За да ви го вратиме капарот, свадбата треба да ја откажете најкасно месец пред истата да се одржи.
Рестораните не смеат можеби, ама затоа во дворовите си прават, прееска поминав во еден двор си правеа свадба.
Незнам каде несмеат, Бутел тука и Накај Шутка рестораните секој втор ден се е фул. Една вечер 3 свадби во 3 ресторани се одржаа. Очигледно не е ист законот за сите ..
Ako има свадба треба да се пријави и Инспеторите треба на лице место да го затворат и плус казни да плати. Треба контроли натаму повеќе да прават Чаир, Бутел. Наши затворија ги казнија истото и за нив треба.Не смеат да бидат на Законот.
A зашто да не смее да има инспекција:? Па ако не работ и по пропис нормално дека треба да се казни.Загрозува Здравје.Нема тука прошка.Како сакаме да отвориме преговори?Од ова се почнува.
Затоа што не смее. Не важат за нив правила, со корона или без. Кај смеат да стапнат таму? Чаир, Бутел, Шутка, Арачиново, Сарај имаат свадби скоро секој ден, никоме ништа. Не смеат.
Ne se согласувам па не живеат во џунгла па да не важат правила за нив. Да видиш како може ако се смени курсот. Чим се државјани тука важат Законите за сите.