Ајде малку живејте во реалноста, си станавме граѓани од втор ред во сопствената држава (ние македонците) а зошто е тоа така размислете сами ако можете и имате ум поготово вие што кревате толку многу галама против свадбите. Свадбената индистрија е широка опфаќа ресторани, музика, камера, слаткари, аранжери, гардеробери и што ли уште не, а пак помислете на сите вработени што се во тие индустрии пак ќе речам ако имате ум со што да мислете. Работата не е во ред бидејки со закон се забранети свадбите а дозволени концерти. Ајде размислете на свадби која бројка на луѓе ја има а која на концерти, помислете исто така дека на свадби се сите роднини, пријатели и познаници а на концерти кој од каде стасал. Ако некој не се чуствува сигурен нека не прави свадба нека не оди на свадба... иако повеќе од се сакам ред и дисциплина и сум против селективност но во случајот ги подржувам овие кои си прават свадби
Тие сметки за струја за вода не плаќаат никој не им може ништо па за една инспекција ,баш ко на марс да живеете се понашате
А што ви е гајле на вас дали некој свадба прави? Ако толку се плашите,не одете на свадба и не правете свадба. Дај доста со тоа мизерно сликање, пријавување, толку ли немате свој живот? Иако избегавам мешање со доста луѓе одеднаш лично, не гледам логика во тоа да е забрането свадба да се прави, а кафиќите секоја вечер преполни, уз жива свирка. Целиот систем ни е полн нелогичности, а вие упорно им го подгревате лудилото со пријавување и тресење зелени у стилу "народот е крив". И остајте ги луѓето да живеат веќе, досадни сте, најдете си друга занимација од "сликање на собиранки".
Баш така треба. Секој да си прави што си сака, општа свест и одговорност пази боже. Уште 100 год во памдемија да сме.
А што демек со леле-леле ќе ги запрете луѓето да прават свадби? И со сликање и ц'цкање? И ајде, разбирам да се буневте додека не работеа кафиќите, ама нема логика да се интермецо или кубана фул секоја вечер со жива свирка, а да не смеат да се прават веселби од приватен карактер и на целата таа нелогичност уште подмукло да пријавувате. Доста со тоа "народот па народот". Кривицата е во државата и глупавите закони. Тоа е како да смееш да убиеш човек, ама само со секира, а не со пиштол. Дебилизам.
Па баш дека е од приватен карактер. Мисли малку. Во кафич седиш со 2-3ца, другите не те интересираат. На свадба си со милион роднини кои ако не те исшлапаат едно 3 пати исто ко на свадба да не биле. Споредбава ти е..
Не си во право. Во кафиќи искачаат све исти фаци. Плус, Скопје мало е, сите ноќни птици, малтене се знаат меѓу себе. Едно влегување лично на мене еве, во кафиќ ми е минимум 30 поздравувања. Пред недела дена бев на вечера на кеј, се створи нагло гужва, ми беше шубе до ВЦ да отидам, затоа што којзнае колку познати од далеку видов, кои би ме зашљапале. Плус и затворените делови работат, а таму нели, вирусот се шири, затоа што не носиш маска, пошто јадеш/пиеш. Од тој аспект не ми е јасно зошто толку кревате џева околу свадба, на која максимум би биле 50, па и 100 души, а кафиќи не ви сметаат со 300 души на 50м2 и затворен простор.
@NovusOrdoSeclorum се ок ама сум присуствувала и на свадби од по 300 гости. Не 50, не 100, туку 300. Ти ја разбирам поентата ама имаше кластери и од свадби. Некои претеруваат со бројот на гостите.
И заради валво размислување, ќутење додека некои "привилегирани" прават што сакаат ќе ни умираат уште многу многу луѓе од пандемијава.
Се утепаа од умирање, еве по улици паѓаат. Читате само тоа шо ви одговара. Не е муабетот до умирачката, туку до законите - како може во кафиќ да безбедно,а свадба да не е. Штом дозволиле да работат кафиќи под никаков протокол, значи дека свадби можат да дозволат бар под некаков протокол. Да беше толку опасно, немаше кафиќи да работат, според нив, а не според мене. Престанете да ги извртувате муабетиве со клишираниве "ради вакви размислувања" изјави. Толку ли не знаете да дебатирате и аргументирате, туку само етикетирате.
Па јбг тоа е, со вакво глупо размислување вие сте си раат од паметот ама ни сметате на нас што почитуваме правила и гледаме да се извлечеме од ова. Кое дебатирање сакаш ти тука?
Од глупоќа никој не се извлекол. Прво прочитај што пишувам, па пишувај. Ко на трака сте со муабетиве.
Убаво би било да има свадби со некаков протокол за луѓето кои ептен го чекале тој ден. Јас мојата ја откажав и баш ми е гајле, никогаш не ми беше битна. За разлика од мене, моја другарка многу се радуваше на својата свадба, почна уште од февруари да прави пробни декорации и китенки. Пред 2-3 недели правеше денска свадба со 50 луѓе во летната градина од ресторанот. Наместо опа-иха музика имаа тамбураши. И таа и младоженецот блескаа на фотографиите што ги видов. Дали имало гушки, бацки за поздравување не знам. Ја прашав како поминале, ми рече дека се презадоволни со се како испаднало. Зборот ми е, ако му е на некој битно да си направи свадба, зошто да не, со соодветни протоколи, ако се воведе умереност во нештата, може многу убаво да испадне.
Мислам дека веќе и рестораните ги олабавија мерките, претпоставувам со дозвола. Една познаничка моја кога почнала да планира и рекле само 20 души, а сега скоро добила дозвола од ресторанот за максимум 200 гости, но на отворено. Се работи за познат ресторан.
Поканета сум на свадба кај најблиска другарка. Од ресторанот им биле дозволени 60 души, и без играње. Не знам и музика дали ќе има.. Уште сум на мисла дали да одиме, ем бремена ем страв а жал ми е да не ја испочитувам..