Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сега со свадбата?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LaTama, 20 март 2020.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Да им кажеш немаш потреба, сите знаеме што се случува моментално.
    Но, сигурно ти треба број на гости, така да најдобро би било да ги препрашаш кој доаѓа кој не
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Не важи тоа до 30 луѓе невакцинирани.За што и да е било во ресторан на ручек,било прослава мора сите да се вакцинирани.
     
    На WildMk, Anomis11 и anggell им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.567
    Пол:
    Женски
    Можно е, сигурно погрешно сум разбрала, не одам периодов по кафичи, ресторани па може да е така како што велиш ама зошто ресторани, кафичи од мојот град објавуваат дека за сите се отворени? Се збунив сега. Не верувам да работат спротивно на закон, инспекции се веќе на терен..
     
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    Затоа што и они не знаеја веќе што прават и каков закон донесуваат.Мислењата си ги менуваа од минута во минута.Сигурна сум дека е така затоа што на мм му е тоа потребно па прати што и како.
    https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2754974554809560/
     
    Последна измена: 18 август 2021
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Невакцинирани не смеат да влезат во објект. До 30 луѓе самите келнери треба да контролираат, над 30 требад а има редарска служба.
    Свадби има само на отворено, во затворен простор не смее да се организираат.
    Ако сепак решите да правите свадба тогаш јавете се и прашајте колку луѓе ќе може да ви дојдат.
    Од 99-тата седница на Владата: Одобрени дополнителните мерки за заштита од КОВИД-19; Водно е прогласено за заштитено подрачје; Се намалува бројот на членови на управните и надзорните одбори, ќе се бираат со јавен повик | Влада на Република Северна Македонија (vlada.mk)
     
    На WildMk и KoronaCao им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Пријателка моја која е бремена доби препорака од докторот да не се вакцинира и сега нема да може да си оди на свадба која веќе и беше испланирана. Плус и прележана е.
    Силеџиите по секоја цена гледаат да ги напикаат вакцините, ако беше да се штити здравјето, можеше и со негативен тест да стават да може да се присуствува. Логично дека за на кафе не би се тестирал никој ама пример невеста да треба да бидам е веќе оправдана причина. Плус за мала свадба од 30тина луѓе стануваше збор, на отворено нормално.
     
    На christinnn и MeowMeow им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Верувај подобро е да и пропадне свадбата отколку бремена да се става во ризик без разлика колку гости. Нека се пази многу. Времето не е за свадба правење. Доволно е да се регистрира.
     
    На Butterfly1107, WildMk, SuperGirl24 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Да ама жално е верувај, толку се радуваше и сега се и се поремети. Плус ете да се гостите дел вакцинирани, дел со негативен тест не би требало да е ризик оти не би имало заболен веројатно.
     
  9. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Ајде у пандемија до свадби и прослави ви дошло. Јас на моето дете ни крштевка ни првите 2 родендена не сум славела. Здравје да се заврши со вирусот па ќе си го дозволиме и тоа.
    Не се ставам себе ниту најблиските во ризик, не сакам вакцина ама ќе се придржувам до мерките.
     
    На Liky, SuperGirl24, Green Ivy и 13 други им се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Вакцинираните џабе се вакцинирани, можат да го фатат и да го шират вирусот. Така да, ако зборуваме за ризик, ризик може да нема само доколку сите бидат најтазе тестирани.
     
    На WildMk, Oneo, LadyLollypop и 7 други им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.743
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Може да е позитивен ама на тестот негативен да испадне (период на инкубација).

    Најдете некој ресторан во Тетово за свадби:D
    Шала на страна, јас допрва не би правела свадба особено никако трудна. Ама ваша работа:D
     
    На Butterfly1107 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.567
    Пол:
    Женски
    Точно, плус овие што ги знам што се вакцинирани одма фрлија маските, се движат во гужви со изговор дека се вакцинирани. Некои како да не сфатиле што е вакцината, од ваквите најмногу се плашам!
     
    На cresa-jagoda и simona_baby им се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ах, како ли без свадбите? :u:;(

    Како бе уште давате предност на вакви небитни ствари и покрај се'? :^) Викаа дека многу луѓе ја сфатиле вредноста на здравјето благодарение на изминатиов период, ама изгледа во Македонија слабо некако.
     
    На Daniela93, SuperGirl24, annii и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Тие што имсте закажано свадби за септември ќе откажете или ќе правите? Јас сум кај другарка на 6 септември но не се знае дали ќе прави. Ќе се вакцинирам во понеделник но не е тоа проблам колку што стварно на овие бројки се плашам да се мешам со многу народ. Имам бебе 9 месечно и еднаш веќе прележавме пред 6 месеци и ми е страв. Проблемот е што свадбата е во друг град и веќе имаме резервирано смештај ама искрено се мислиме дали да откажеме… Блиска другарка ми е и не би сакала да не одам ако прави. Она нема да ми се налути но нема да и биде сеедно, а ни мене. Како би постапиле? До тогаш ќе бидам со една доза вакцинирана. Свадбата ќе биде на отворено ако воопшто се одржи но ќе има преку 200 гости.
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Да не ризикуваш. Иако си прележана и плус ќе примиш вакцина. Ама мало ти е бебето, за да го заштитиш него, да не случајно му пренесеш ти или некој друг, најдобро е да не одите на свадбата.
     
    На Glowy, noteforself, Lovebug01 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Ние бевме поканети фамилијарно на свадба од страна на блиски роднини кои немаат осет и си поканиле 450 гости....

    Беше една недела пред да стапи во функција правилото за примена најмалку една доза вакцина и не отидовме....
    Нека извинат ама не планирам да си ризикувам свој живот и цела фамилија за 3 саати журка. На кој му дошло до забава во ова лудо време, нека оди...

    Неделава бев на свадба со 50 гости и сите вакцинирани ама не е безбедно, си заминав пред време....

    Искрено не ти препорачувам, животот на тебе и твоето бебенце и цела поширока фамилија е многу поважен отколку нечии хирови.
     
    На Jana06, Butterfly1107, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Е во право си овде свадби се прават од јутра до сутра секој ден ко шо ми изгледа (живеам во близина на ресторан и моментално журка имаат :D)
     
    На Candelabra и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.358
    Па и во Струмица правеа едни познаници викендов свадба. Ниту мерки се почитувале ниту сите гости биле вакцинирани. Само се договориле со ресторанот дека ако дојде инспекција и ги казни тие ќе ја платат казната. И никому ништо. Струмица и онака од многу одамна е Тетово на Источна Македонија, таму закон не постои за ништо.
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Не знам за албанските ресторани, ама во македонските има протоколи и се почитуваат во Тетово. Моментално се прават на отворено со капацитет од 150 гости, и има редари кој што проверуваат сертификати и не примаат без нив. До сега две свадби минаа така за кои што знам неделава.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.579
    Пол:
    Женски
    Јас не би одела.
    Летово бевме поканети на свадби, крштевки, никаде не бевме.
    Не ми се ризикува, особено со бебе.
     
    На WildMk, Lovebug01, Marija_Magdalena и 1 друга личност им се допаѓа ова.