Сигурни сте дека темава е во правилна категорија? Да не бидам погрешно сфатена, ама луѓето што се жалат во темава се толку неозбилни од секој аспект, што темава повеќе личи на зезанција. Косата ми се крева кога листам низ цела категорија за ковид (што е прилично за сериозни муабети) и ќе ја забележам оваа каде рандом луѓе се залагаат за посетување/организирање веселби. Насловот па колку тажно е напишан, чиниш последна шанса за свадба изминала. И најпосле, стварно не гледам поента на дискусијата. Сметам дека треба да се избрише или да се премести.
Искрено не знам како уште после толку влечкање имате желба за свадба правење. Ние еднаш ја одложивме кога уште не го сфаќавме вирусов сериозно на почетокот и мислевме дека се ќе заврши за 3 месеци. И после одма ми се скрши филмот и мене и на мм, се напнавме тогаш ептен и се разочаравме бидејќи огромна желба ни беше и на двајцата и имавме спремно се, од покани до невестински фустан. Поканите ги фрлив, капарите ги прежаливме, фустанот стои обесен во соба.. Се чувствувам како да сум правела веќе свадба и немам желба воопшто. Ми помина еуфоријата веќе, и да се решиш да правиш никогаш нема да си среќен и возбуден како за првиот термин кога си се спремал.
@venus♡ vo eden mesec imav 4 svadbi pokani, i 3 krstevki. Nikade ne otidov. Isprativ pokloni i cvekje po dostava. Edni se nalutija. Im vikam lutete se samo da sme zivi i zdravi makar i naluteni. Ene gi sega pozitivni se od svadbata, nevakcinirani..Koj znae kolku drugi izlegoa od tamu. Do svadba doslo be.. Vencajte se vo maticno ako e bremena samo, viknete maticar doma ako treba pravno da ste vencani. Ima vreme za veselbi. Aman!
Ова е врвот. Добро си им посакала. Ама не знам дали луѓево се глупи или се прават глупи. Се' почесто сведочам и на вториве. Образовани луѓе, што разбираат колку-толку наука, се понашаат како да нема вирус. Овие со свадбите бетер од животни... Животните не можат да исконтролираат природен нагон, ама овие како буквално како од кафез пуштени, како неиживеани. Од толкава грижа кон моето семејство, во кое има повеќе членови од ризична група, не сум одела ни на прослави од по 20-30 луѓе, максимално избегнувам седнување на кафе и се пазам. Не сакам да се фалам, ама ако можат некои од луѓето, несомнено можат сите да се стрпат. Да не збориме па за муабетите дека ќе се сме се пореметеле психички... Сите го злоупотребуваат тоа за оправдување. Еве ме 1,5 година се воздржувам максимално од тој нормален пред корона живот, фала Богу, жива, здрава, нормална сум. Дефинитивно нема да се пореметам од тоа што избегнувам гужви, не пијам кафе од кафич, носам маска правилно и почитувам протоколи. Не знам што повеќе да кажам на темава, едноставно глупаво ми е да критикувам луѓе од толку ниско ниво што немаат грам совест. Само ми е жал што луѓе се' повеќе умираат ради ваквите.
Ако имаш фустан да не седи во соба направете една супер фото сесија некаде. Вие двајца и фотограф. Надвор не е ризично. Ако живеете заедно свадбата реално ништо не ви менува во животот.
Прават. Вчера на инста имав сториња од веселби.. Велат, таму накај Сарај идат прават веселби оти таму не важел “законот” со сертификати И така е изгледа. Кога идевме накај Матка фризерниците вриеја од жени..
Аааа немој молим те, од Чаир сум и јас и веќе во неколку маркети не даваат без сертификат.. А тука во маалските дуќани ќе ти се изнасмеат ако носиш маска
Вива фреш и Харбин забранија влез без сертификат. Така ми кажа нивна вработена. Уште не сум била да проверам. Да видам да не верувам
зарем Вива фреш имаат некоја забрана со коронава ? Аууу да видам да не верувам хаххахха Па таму у најјакото кога беше и кога бевме затворени, ма ни маски ни дистанца ништоооо. Ова веќе со мерак ќе идам сега
Бараат во Вива Фреш затоа што е нешто налик мини трговски, има и други дукани таму не е само маркетот и затоа.
Името на темава ми е ептен типичен македонски израз Што сега со кафаните, што сега со моловите, што сега со свадбите..? Прво не знам како не ви поминал меракот за веселби после година и нешто. Ваљда сите се знаете од порано, пред карантин, сега па модерно е и дома да се живее со дечкото уште од првиот дејт, не дека свадбата ќе ви смени нешто во живеењето. Па уште и со бебиња родени, тие годинка, две веќе ќе прават .. што знам не е тоа тоа според мене. Порано се гледал “лезетот“ во свадби кога стварно беа свадби. Невестата пред да се мажи не одеше дома кај вереникот/дечкото. Што знам, можи дека ги сметам свадбите за непотребен трошок затоа вака размислувам Во ек на пандемија па нити би правела нити сакам да одам искрено. Нити ми се ризикува за споственото здравје ако одам негде, уште помалце па јас да сум во ситуација да канам гости. Оваа година ги одбив сите свадби и крштевки, бев само на една веридба кај блиски луѓе и следните недела дена после прославата ги поминав со страв и паники. Ноу мор, тенкс Ама пак ќе кажам, вие си знаете. Секој со приоритетите
Ама и умрено е, баш така. Некој погоре напиша, со маска кога ќе те видат, ти се смеат. Мене сите ме гледаа како чукната да сум со тоа маската последен пат кога бев таму.