Прогнозата е дека вакцина ќе има, за не порано од 18 месеци. Јас би откажала свадба. Ако некому е толку битно да се венча, или законски да стапи во брак, може да направи обред во црква и/или потпис во матично. 'Циркузите' опа-иха... можат било кога. Ништо нема да се случи. Ќе си откажете... па Боже здравје, може и в година свадба. Ако се лути некој.. покажете им снимка од заразени на респиратори.
Значи толку сте себични и огорчени, не знаете да сочувствувате со човек! Нормално дека ни е битна оваа тема на тие што имаме закажано свадби, еднаш правам свадба, најубавиот ден во животот не за џабе рекле, ама додека не ве заболи на своја кожа не знаете како е па тука како од шала откажете, како божем толку е едноставно.Прост пример, свадбата знаете од кога ми е зкажана? Од пред 9 месеци, знаете во мај колку термини имаше пред 9 месеци? - само 2, се резервирано, закажано и сега пак одново којзнае кога.Имајте осет!А за тие што викаат како од пушка да се откаже ви посакувам исто како нас што може да ни се откаже и вас!
Е не најубаво вака нели? Имате ли памет бре луѓе? Знаете ли што воопшто се случува???Освестете се бре ало! За се има време ќе дојдат убави денови се ќе се среди само здравје. Тоа е најбитно. И не колни не е убаво, тоа не чини.
На братучедка ми во Мај и ја откажаа и се јавија телефонски, на другарка во Јуни уште од сега исто и ја откажаа, ги презакажаа таму за Октомври, е сега штета за поканите кој ги купил, ама никој не можеше ова да го предвиди, сепак ме изненадија што имале осет и им се јавија од рестораните да откажат како и секој нормален човек што би откажал. Само здравје, па се што следува.
Не се знае со вирусот што ќе биде може да трае и неколку месеци, како што гледате никој не се пази и излегуваа каде што ќе им текни и нормално ќе се зголеми бројот, ако сакате да се биде се во ред треба да останете дома и се помалку ќе се намали со вирусот, господ да ни е на помош, незнам што да кажам.. Свадби, родендени откажете подобро за вашето здравје отколку тие работи, не е крај на светов има време да ги закажите дали порано дали покасно. #останидома
Тој што не е засегнат од оваа ситуација нека не ја отвара оваа тема. Оставете не да ги споделиме искуствата. Ме интересира во врска со матичното, нас ни е платено за во ресторан, праша ли некој дали може датумот да се презакаже или некоја друга опција без да ни пропаднат парите?
Знаеш дека не е убаво да клеветиш? Никој не е крив за епидемијата, ниту пак некој рече дека е лесно, малце се лесните работи во животот на сите ни е тоа познато, ама што треба нормален човек да каже во период на епидемија? Не, бе зашто да откажете и да помине ова за некоја недела, пак во луѓето ќе постои некој страф туку-така да се мешаат со други луѓе. Никогаш никој ништо не може да предвиди, животот во една секунда може да се смени и никој никого не прашува дали му одговара истото.
Мислам дека најмал проблем е матичното... Најзезнато е што ке треба да бараме нови термини и во ресторант и со музика а капарот ни е даден и таму и таму а мн тешко да се усогласат и двете работи :/
Не е убаво да посакуваш такво нешто. Никој не те фати за гуша. Слободно право ја свадбата онака како што си замислила и како што чекаш 9 месеци. Среќа е што си нашла термин. Уште поголема среќа би било да си чекала 15 месеци, па така свадбата би ти се паднала во ноември кога короната би стивнала и не би станало збор за одложување. Некогаш поблискиот слободен термин не е и најсреќниот избор. Убаво да си поминете сепак и не ги слушај тие што ти велат да ја одложите. Лесно е да се каже одложи ја. Биди херој и прави свадба во мај да те видам.
Другарка ја презакажа од средина на мај за средина на август ( не навлегувам во тоа дали доволно доцна ја поместила). Термини за септември слабо. Јас сеуште со прст немам мрднато
Ajde nemoj da pisuvas smesni postovi. Ako svadbata bila najubaviot I najvazniot den togas slobodno mozat 99.99% da recat "sto ke mi e zivot ponataka koga nema da dojde poubav den". Daj trgni go postov, stramota e, gledaj sto se slucuva,zalosno site onie po svetov koi vo momentov se borat za zivot I ostanatite koi nemozat pri sebe da dojdat od zagubata. Golema tragedija te snaslo, treba da ja prezakazes svadbata. Znaes kolku svadbi ke bidat otkazani. Svadba nisto neznaci, ako se sakate ke bidete zaedno, virus nasila nema da ve spoi. Eve I da ja izvedes nekako svadbava, sto mislis koj ke ti dojde?