Најдобро презакажете си ги свадбите. Не за друго, страшно е. Многу луѓе се во паника и пола и повеќе нема да ви дојдат. Ние сме кумови на една свадба сега на лето, збунети се тотално, незнаат што да прават. Најверојатно ќе ја презакажат. Ние нашата свадба ја презакажавме за 14 месеци подоцна, поради смртен случај. Сепак се се случи, и веселба и радости. Без разлика колку пари сте дале за капар, откажете и да не ви ги вратат, гајле ви е, подобро така да се фрлат,што се вели, отколку по болници да се дадат, вака и многу животи нема да се заразат од срањево.. А и газдите на рестораните мислам дека не би ризикувале за една свадба ресторантот да им се затвори.. Еве некој пар сепак се одлучил свадба да си направи.
Ха ха гостинка бев на свадбава и беше на крај на фебруари кога ни еден заболен немаше кај нас. И не критикувај и пишувај кога не знаеш !
Јас не критикувам, налетав на сликава и ја ставив. Зборам општо. Не лично за свадбава дека има/ло заразени. Многу луѓе ке си преќутат. Нема да кажат дека се настинати, толку треба. Не се навредувај толку брзо
Како немаше никој заболен у февруари? У Кина почна декември минатата година, кај нас баш у февруари се откри првата заболена. А маскиве за шо се на сликата или фото монтажа е? У време на пандемија нив најбитно им е свадби да прават ама они си знаат.
Чупе, јас свадба правев пред скоро 20 години, и да ти кажам... 'забавата' почнува после свадбата. Не велам дека не ти е криво, ама можеш ли против природата? Ако се сакате и сте искрени во намерата да бидете заедно, не прави разлика дали и кога ќе направите свадба.
Нас свадбата ни беше закажана пред година дена.... Но со ситуацијава ја презакажавме крај на август..... Но и за тогаш ме фаќа страв дека нема да биде...Како за сите така и за нас. Најважно сите да бидеме живи и здрави!
Ај сфаќам дека сте се нашле во небрано ама полека со драмите малце. Не е крај на светот ако не ви се одржи сега свадбата.
Другарка ми ја одложи свадбата поради корона вирусот. Јас правев минатата година свадба знам како ви е на сите.Не сакам да звучам клише но толку многу се спремавме,морам да напоменам сами си ја правевме свадбата со сопругот (финансиски) и организациски а не машка страна ова женска тоа ќе среди па мешање на родителите едноставно не сакавме ...зборот ми беше спремање за еден ден и стрес претрпен се да биде океј и пристојно. Свадбата помина супер,сите беа среќни и задоволни имаме околу 5-6 илјади слики ,видео од 6 часа убаво се тоа еве да ви кажам ретко кога ми текнува на свадбата хахаххаа Гледајте да помине кризава,секако ќе се реши ова со зголемување на температурите.Ќе имате повеќе време за спремање а и некои измени ќе може да направите до тогаш.И само лабаво без претерување.Коцките сами ќе си се наместат.Познавам еден куп луѓе што не направиле свадба па си имаат хармоничен брак и убаво си живеат.
Маските се заебанција на сликава ,нормално за слика, тогаш кога беше свадбава немаше никакви мерки , значи збориме за тука во МК , а ако збориме за Кина имаше случаи уште од декември . Не мешајте баби и жаби .
Ставете се на местото на гостите. Јас да сум некаде поканета извини ама не доаѓам. Во ваква вонредна состојба најголемата грижа ми е Митра и Митре да не ја откажат свадбата со 300 души, уште пред 8 месеци си купив фустан, и сега кај ќе го облечам? Сигурно, сигурно гостите најмногу за вашата свадба се секираат. Не ја откажувајте сега, ќе ја откажете кога никој нема да ви дојде, ќе дојдат само најблиските, и колку 20 души ќе се соберете вкупно?
https://termin.mk/svadba/blog/svadben-termin-vo-raboten-den Еве добра статија... Да сме сите живи на крајов од ова, решение за секој што сака да направи свадба ќе се најде.
И да несакате да ја откажете вие ќе ви откажат газдите од рестораните ,самите први ќе ве побарат. Не е оваа ситуација да се размислува дали да се откажува или не,мора! Не работи ништо и не се знае ќе биде вака,така да навреме средете си некои работа да не бидете до последен момент во двоумење. Другар имаа закажано сега за крај на март со покани со се,па откажано е се. Да останеме живи и здрави веселба може секој ден да се направи,немора да е петок, сабота или недела само ден за свадба.
Ние ја откажавме нашата, требаше да биде во мај. Имавме дадено капар во ресторант, музика и фотограф. Добро што беа слободни сите еден ден во август, па за тогаш ја закажавме, не ми е баш по ќеиф август месец ама тоа е.. Се мислевме да почекаме уште некој ден, ама како што тргнала работава и да се управи колку-толку одма нема да дозволат свадби со по 300 луѓе да се прават, па со време си најдовме термин. Веќе си лупнав пари за покани кои ќе идат во ѓубре и морам други да нарачам со новава дата.. Си купив фустан, па добро што не отидов порано да ми го теснат и кратат, така да ќе си постои до летото, сега не гледам други модели бидејќи може да ми биде криво. Малку се каам што го купив, ама незнаев дека ќе биде вака.
Другар ми имаше закажано веридба за Велигден се спремаа се уште зимата, со сите обичаи, со музика со земање од дома на невестата ништо, откажаа, а свадбата мислам дека им беше за во август
Јас не знам дали да поплачам или да се насмеам.. Себични се тие што викаат да ја откажеш? А ти светицата, ама баш ич не си себична што не размислуваш на здравјето на 300 души што ќе ти дојдат на свадба. Или само ти и ти си важна, другите кој ги врти, а? Ако најголеми достигнување во животот ти е да играш на сопствената свадба па да ти е најубавиот ден во животот..џабе живееш златна
А кој ке и дојде на свадба? Луѓето од дома не излегуваат сигурно не му дошло на некој до свадба. Реалноста е таа може да се лутат колку сакаат ама сега не е време за свадба. И со полициски час како ке изрежираат свадба со дозвола од мвр ке се мажат.
Тука се зборува за свадби во мај, јуни... значи не се знае дали до тогаш ќе има полициски час..вонредна состојба и слично
Не, се зборува за свадби во услови на корона. А ако нема полициски час и вонредна состојба значи ке нема ни корона