Ајде полека. Тука сме за да размениме мислења. Можеме и на убав, фин, начин. Да, се сложувам, сега свадбите не се најбитни. Но да, се сложувам и дека е нормално да се/сме загрижени тие што имаме закажано. Темава според мене требаше да се одвива во насока во која тие што имаат закажано свадби претстојниов период ќе си разменат информации за искуствата при презакажување/откажување. Не пукнав нешто многу да правам свадба ни пред да се случи целава ситуација, ниту пак сега. (дали сум сакала свадба или не и зашто воопшто ја правам ако не сакам ве молам да не навлегуваме, нема потреба, си има друга тема за тоа соодветно на форумов) Ама сепак, кога веќе сме фрлиле некоја сума пари и сме почнале да планираме, мислам дека е сосема во ред барем тие што сме идни невести да имаме простор кај што можеме да си ги споделиме "маките". За мене лично се добредојдени и постовите на сите што слушнале за луѓе во наша ситуација. Ама никако не можам да сфатам зашто побогу на секоја тема мора да се плукаме и караме... зар тоа никако не може да се одбегне? (нов член сум па можда затоа вака размислувам) Note: Не сакам апсолутно никој да навредам со сето ова погоре кажано and if I did, се извинувам искрено.
Пишав јас тој што не е засегнат од темава нека не ја отвара, не ни треба некој да ни кажува нешто што веќе го знаеме, исчистете ја темава од непотребни совети да можеме тие што го имаме проблемот да размениме мислења
Лошо е што не се знае сеуште до кога ке трае ова зашто кажа Венко дека пикот се очекува од сега за еден месец... и после тоа уште колку време ќе треба се да се среди да дојде во нормала.. според мене ако можете презакажете си ги свадбите на време ресторан музика фото студио, преместете си ги датумите видете најбитно ресторанот опција да ви даде за септември октомври пример, покасбо да ја закажете свадбата, мада не се знае сеуште до кога ќе трае ова . Средете си ги на време овие работи па на крај краева ви останува капарот , кога ќе си одлучите тогаш. Читам на интернет и преку недела ќе се правеле свадбите , зашто да не . Ве охрабрувам сите идни невестулиња , се ќе се среди не се секирајте ви испраќам позитивна енергијаа и само позитивно мислете.
Ние имавме закажано за крај на април, ја презакажавме за крај на септември, бидејќи секаде имавме дадено капари, мораше со сите да се консултираме и договориме, и едвај најдовме термин, затоа што сите си имаат презакажано за сеп-окт. Затоа барајте си со време, да се надеваме дека сето ова лудило ќе помине до септември, ако не следната година не ни бега. Ние бевме со се спремни, дури и покани имавме поделено, ама така требало да биде, си имаат сите разбирање.
А тоа за покани ако имате веќе дадено мислам дека е непотребен трошок пак да правите нови , само ќе им се јавите и ќе им кажете дека сте го смениле датумот . На крај краева 95% од гостите ја фрлаат поканата , само вие родителите ја чувате пример , а сеа да принтате пак , со друг датум според мене не е потребно тоа . Или веќе ако имате испечатено а ако не ви се поделени на секоја покана со пенкалце новиот датум и тоа е тоа , нема зашто да се фрчаат пари непотребно . Тоа е мое мислење
А па тоа секако, им се јавивме, ги информирафме, не планираме да даваме пари за други покани, нема шанси, си знаат сите, соопштен им е новиот датум, ако не се презакаже и тој, хаха.
И мене ми дадоа предлог да ја шкртнам датата на поканата и да ја напишам новава. Ама зарем не е смешно? На поканата стои: 01. Мај, Недела И сега јас треба да пишам 05. Август, Сабота. Многу е за шкртање
Ако е напишано со поголем фонт, може да нарачаш да ти направат од истата хартија што е направена поканата, како малечки правоаголници на кои ќе го пишува новиот датум, димензиите да бидат колку да се покрие стариот датум. И само го сечиш правоаголникот и го лепиш врз стариот датум
Ми дадоа идеа да прашам во печатницата да ги вратам поканите, па они да ја поправат датата. Ама не сум слушнала до сега за ова и срам ми е да прашам.
Како да се одвива за време на пандемија? Тоа е наредната недела. Како мислиш гостите дека ќе ти дојдат?
Ако така ти излегува поефтино, зашто да се срамиш. Свадба спремаш, па и да е мала сепак е трошок.. Среќа уште немам нарачано покани инаку ќе прашав за опцијава.
Ама ти не си засегната и не треба да коментираш. Како така коментираме тие што немаме свадби. И јас не би отишла на таква свадба. Побитно ми е здравјето од едно опа - иха. Јас би ја презакажала свадбата. Дали во Април, дали во Септември, не ми е битно.
Мои блиски роднини, прв братучед имаше закажано свадба во Мај, 17. Тие самите ја откажаа. Без оглед на тоа колку сте ја чекале свадбата мислете и на тоа дека и многу гости ќе ви откажат.
И јас имам закажано свадба во јуни, но е на средина на јуни до сега сеуште ни се немаат јавено од ресторанот да не информираат. Не знам до тогаш како ќе биде ситуацијата, ако помине ситуацијава до тогаш дали ќе имам време се да средам за толку кратко време, бидејќи само ресторанот и музиката ги пазаривме, и шминка и фризура ми е закажано. Но најбитното сеуште не сум била да погледнам фустани, а сега и ништо не работи и да сакам нема каде да одам да погледнам, да пробам, да најдам. А ако ни ја откажат за јуни, во тој случај се договоривме со вереникот дека воопшто и нема да правиме свадба.
Јас не само што не би отишла на свадбата туку и не би ги примила дома да ми достават покана.Па будала ли сум јас што не сум мрднала подалеку од овие 100 квадрари дома децата немаат ни по улица прошетано а немам отидено ни на гости докај моите.Гости не ни дошле на врата а и да дојдат не би ги примила.