Не се сложувам дека тие што не прават свадба не треба да коментираат. Како што напишав и погоре 'За мене лично се добредојдени и постовите на сите што слушнале за луѓе во наша ситуација'. Многу од вас веќе и го направија тоа, и за тоа сум ви благодарна. Во поглед на лицата што се од другата страна на свадбата, односно гости, загриженоста е повеќе од нормална. Нормално е да ми е побитно моето и здравјето на моето семејство отколку нечија свадба. Ако некој запнал да прави свадба у овој период, оставете ги, нека си прават. Дали ќе имаат кој да им свири и кој да ги служи гостите и дали ќе имаат гости е знак прашање ама нека си мислат они... Оставете ги, секој со својот памет и среќа. Интересни предлози како на пример оние за поканите погоре се добредојдени од било кој и да се. Останете позитивни и здрави
Зошто срам? Твои пари даваш, нема за што да ти биде срам...Ако не ти се нафаќаат да го корегираат некако да се познава најмалку, имај ја и оваа опција. Според мене е апсурдно да се дадат пари за нови покани. Секако никој не ги анализира колку се совршени, а поголемиот дел што ќе ги дадете завршуваат во ѓубре.
Мое мислење: Тоа и не е некоја организација, лесно може да одложи. Зашто регистрацијата да си ја памтиш вака? Почекајте си и поубаво ќе поминете. Јас го фатив последниот воз почеток на март се регистриравме и после некој ден почнаа мерките. Пак не ми беше сеедно.
Никој не рече дека ќе прават свадба сега во ваква криза, ама не ми е јасно зошто одма им рипнавте на членките што се загрижени што сега со свадбата, секако е голем настан за секој кој си се осеќа така и има право да се пожали или да побара совет што понатаму. Мислам како вас ве засега тоа што си коментираат членки што се засегнати на темава. Јас ја откажав мојта, требаше да биде во Април. Јас и сопругот веќе сме во брак 2 год, ама немавме никаква прослава тогаш на регистрација и сакавме да направиме мала свадба со најблиските да си прославиме и да се венчаме во црква. И јас се нервирав, собирав пари и штедев за свадбата цела година, ама веќе не ми е ни битно. Среќа поканите не ги дадов, немавме оставено капар за ништо оти се беше договорено со пријатели(музика, фотограф и ресторант) и секако сега имаат разбирање. Кажавме дека кога ќе помине се ќе се договориме пак и ако се слободни тогаш ок, ако не ќе му ја мислиме кога ќе дојде време. Јас мислам дека било кој да е нема да прави проблем за капарот да стои за подобри времиња. Не се нервирајте само, да преживееме ова и да сме живи и здрави сите, ќе дојдат подобри времиња ќе се направи свадба.
Дека ќе се намали-мош. Ама дека скроз ќе се врати се во нормала до тогај-не. Мислам накај јули ќе се враќа се во нормала.
Јас требаше во јуни да одам на свадба кај братучетка, али не верувам ќе се смири скрос до тогаш ситоацијата па се решив да не одам. Ме нарече себична и ми се налути, јас и викам нема потреба за толку големи драми се случи што се случи не ризикувам за моето здравије, а особено за здравието на моите кои се во ризична група. Згора на се имаме роднини од Италија што ќе доаѓаат.
Не и била во ред реакцијата. Прво не се ни знае до Јуни што ќе биде,и да сака она да прави свадба ако сеуште е со вакви мерки да ја прашаш како ќе ја прави свадбата? За мај знам сигурно и јас и сите мои познаници одложивме свадбите. За понатаму не би знаеле уште сега. Сите сакаме се да се среди и плановите да ни се исполнат ама ова не зависи од нас.
Страшно колку несовесни и себични луѓе има! Во ред, дај боже да се среди дотогаш се, сите тоа го сакаме но како може да се лутат ако некој сака да биде претпазлив за себе и за свои блиски. Ако таа не размислува за последиците и најбитно и е да се одржи нејзиниот свадбен ден додека сите повозрасни луѓе, бремени жени , болни луѓе се во опасност..... алал да и е! Ич да не ти е гајле ако се налути, крај краева секој да си гледа за себе барем, кога гледаме дека другите не се грижат за никој и ништо
Она е многу тврдоглава и вика и мислиме лошо. Но ете таква е е сторена што да и правиме, не е последна не е ни единствена. Се надевам ќе се смири до почетокот на летото па вие останатите да си ги имате свадбите.
Јас кај тие што требаше да идам во мај/јуни ги презакажаа за во ноември и октомври, ама пак во зависност од ситацијата ќе видат како ќе биде, искрено не' секогаш одговараат и овие месеци за свадба ама здравје...
Nisto ne e pobitno od zdravjeto na lugeto, svadbata moze da se odlozi, pa i krajno da se rodi bebe i so bebe moze da se pravi.. Vakva situacija e za site, da preziveeme ova pa ke se veselime..
Ajdee da se priklucam i jas ma temava... nie nevestite od ovaa godina ke imame sto da mu raskazime na nasite deca ponatamu ovaa ne se slucuvat cesto hahah,,, jas imam svadba vo 20 Juli i iskreno mislam deka i do togas nema da zavrsit ova... e sega sto mi predlagate da prezakazam za oktomvri ili ? :/