Почекај, има уште време до тогаш. Ние па ја презакажавме за почеток на август, требаше сега во мај. На две сум и јас за тогаш, оти и да се расчисти работата нема смисла да дозволат свадба со 300+ луѓе, ама ќе почекаме.
Ние за септември ја закажавме уште пред да биде ова со коронава, ама јас убедена сум дека уште ќе има трауми од ова шо сега се дешава и да има и да нема корона иако септември звучи далеку, одма ќе помине, еве повеќе од месец вака сме. И повеќе не се замарам за свадбата, некако сигурна сум дека нема сега да ја има, ќе бидне некогаш и тоа е...
Дали тие што имавте закажано свадби во Јули одложивте? И ако одложивте презакажавте за до крај на годинава или пак за наредната година?
Јас не презакажав, само ја откажав, сега во сабота требаше да биде Не сакам да се доведам до ситуација да мора пак да ја откажувам. Секако е мала свадба, со малку гости, замислена ни е како забава повеќе па не е проблем за место, мислам дека ќе најдеме било кога. Ќе чекам да помине ова и да речат готово се враќаме во нормала па макар и за година било тоа па тогаш ќе му ја мислам.
Мои блиски требаше да прават свадба средина на јуни и ја презакажаја за другата година во јуни. Значи и свадбите во јуни сите ќе бидат откажани/презакажани.
Закажана беше за мај, одложена на неодредено. Ќе пратиме ситуација. Сите оние кои се во дилема дали да презакажат свадба првично закажана во јуни или јули, мој совет и мислење е дека дотогаш и да се олабавени мерките (а ќе се), на луѓето се' уште ќе им е страв да присуствуваат на масовни собиранки и прослави. За гости од странство и затворени граници да не стане збор.
Ние имаме закажано за 3 јули. Има шанси да се прави, но би било чудно. Ја чекавме многу долго време и сакаме да стапиме во брак, па макар и со мала бројка за забава. Не би се налутила никому кој не би дошол, апсолутно ги разбирам, но дали вие би се налутиле ако некој близок прави? Чисто ме интересира мислење, и ве молам без навреди, секое мислење е добредојдено.
Не би се налутила. Не одлучувам јас за вас. Што има за лутење не знам. Вие ќе ја правите, до мене е дали ќе дојдам или не.
Бидејќи имам многу другари кои се во странство и не знам дали би дошле. Ако сакаш некого ваљда сакаш да споделиш среќа. Можеби требаше поинаку да се изразам: дали би поддржале некого во таква ситуација.
Мене не би ми било проблем. Но јас не сум тие што ти се блиски. Има луѓе кои може ќе се налутат, има такви кои нема да им е проблем.
Абе еј. Не кани никого. Регистрирајте се сега, па другите церемонии можеш да ги правиш потаму. Ионака, со регистрација, законски веќе сте во брак.
И тоа се мислевме, ама се ни е уплатено (ај налет пари) ама сакаме бебе и не сакам прво регистрација, па ресторани. Јас и така сакав мала свадба, ама ај за адет моите до 170 качивме, а сакавме макс 100. Мене секако ми одговара во ова невреме - ама да и така може. Фала ти. <3
И ние сеуште се мислиме дали само да се венчаме како што ни е закажано на 5ти Јули а на 10 јули е свадбата, па дали да си остане како што е или пак свадбата да ја презакажеме за наредна година. Се немаме јавено во ресторанот но на другарка што требаше да прават свадба овој викенд презакажаа за Јуни и газдата им рекол џабе се паничите од Јуни веќе се ќе биде нормално. Нормално дека така ќе рече дека моментално таа дејност е најзапоставена и едвај чекаат да почнат со работа, но незнам дали гостите би дошле како што е планирано. А за другата година да презакажеме и за тоа не знаеме иднината што ни носи.. и стварно незнам што ќе правиме...
И да ги пуштат границите дискутабилно е дали ќе дозволаѕ собири на 170 луѓе. Уплатените пари не ви ги враќаат? Според мене на таа дата ако почне да се враќа во нормала регистрирајте се и еден мал ручок дома. Па, кога ќе се стабилизира се може свадба со другарите од странство и 170 луѓе. За другиот дел, не знам кои се они па да ти солат памет. Ти и мажот ти си одлучувате. Другите не се битни.
Што ако имате бебе? Законски ќе бидете во брак... како што реков. Пред закон е матично. Пред Бога е религиозен храм. Пред народ е свадбата. Што ти е тебе битно? И немате ли право на повраток на средствата кои сте ги уплатиле?
Треба да прашаме за капарите, ама ако откажуваме ние, не се враќаат. Ако се презакаже нема потреба од враќање, ама тоа ќе биде тек наредно лето. Ако треба регистрација па ресотрани, ќе ми остане на едно секако (не ми се допаѓа идеата сто пати да славам едно исто ахаха). Знам дека законски ќе бидеме земени, тоа многу нема да ни смени ама ние едноставно сакаме да прославиме и да се потпишеме. Датумот кога треба да ни е свадбата правиме 10 години заедно -- тоа беше и целиот момент за чекањето, (ахх), не сакаме зурли тапани, не сакаме милион гости, сакаме да прославиме со најблиските -- ама со играње! И точно не знаеме што носи иднината, како што не знаевме дека ова ќе се случи. Памет немам...
Премногу се грижиш. Ни еден од овие параметри, не е индикација за тоа дали ќе имате убав брак, или не. И се да направиш од ова, а и ништо да не направиш... на крајот од денот, најбитни сте вие двајцата и односот меѓу вас. Гледај да не се оптеретуваш премногу и да не придаваш многу значење на сето ова. Знам... традицијата ни е таква, така сме растени, така живеени и нормално ни е тој да биде следот на случувањата. Но, во прашање е само навика, а не правило. Се ќе биде во ред