Така е! И здравје пред се', и да многу се грижам и вереникот ме кара. На сите да угодам. Да е до мене, матично дента, кој дојде дојде -- ќе поиграме, ќе прославиме според препораки и според закон (хаха) и сите среќни.
Епа... значи имаш добар човек покрај себе. Нему му е битно ти да си неоптоварена. Радувај му се нему... остави го светот... тука ќе биде уште дооооолго....
И јас се нервирам, и мене ме караат. Знам дека многу што имаа закажано за Мај и Јуни презакажаа за Септември ама што ако по предвидувањата има втор бран? Што ако презакажеме за наредна година а сеуште нема развиена вакцина т.е. и ако има вакцина треба да помине време да се видат ефекти од неа ... пак ќе биде ризик.
Неколку мои блиски треба да прават свадба летово. Едни прават крај на јуни, засега немаат откажано, други па што се август и септември се мислат и за тогаш дали ќе биде...Искрено ми е жал за сите нив зошто знам кои стресови се пред свадба, па уште во ваква ситуација кога си ни ваму,ни таму, не можеш да си планираш и спремаш на раат (особено ако си планирал голема свадба со 300 души). Јас сум бремена и сеуште избегнувам да се движам меѓу луѓе. Со моите не сум се видела. Се надевам само дека и социјализацијата ќе се одвива постепено, а не да испадне- си седел дома 2 месеца и не си се гледал со никој, и одеднаш одиш на настан со 300 души. Би сакала да дадам совет дека не страшно да се откаже свадба за наредна година или да не се прави воопшто, ама знам не е така лесно. Да треба да сум невеста не знам како би постапила, но сигурно не би се лутела на некои луѓе ако не сакаат да дојдат (пр.луѓе со хронични болести или луѓе на кои едноставно им е страв)... Не знам стварно. Никој не знае како ќе биде наесен, другата година, кога ќе има вакцина, кога ќе биде се како порано...
Devojki zdravo,bi sakala da ve prasam mislenje za edna situacija so ova svadbive...Imeno bratucetka mi otkaza svadba sega vo maj...planirana poodamna i bendot i fotografot ne sakaat da go vratat kaparot. Im rekle deka tie stojat zad toa sto go zele,i deka za koj datum i da se odlucat ke im vazi dadeniot kapar,ama pari kako pari nemozat da im vratat bidejki i tie sega ne rabotat i nema od sto (kaparot e daden pred 8 meseci)i deka zatoa e zemanje na kapar,za da bidat sigurni dvete strani. Bi sakala da slusnam mislenja vasi . Blagodaram
Доколку свадбата ја откажуваат младите капарот не се враќа, а и со оглед на ситуацијата реално сите сме во криза фотографите немаат никакви примања овие два месеци така да нека не се надеваат многу за капарот.Никој не се надеваше на ова. Еве јас имам и фустан закажано и повеќе од пола ми е платен, капар имаме оставено и во ресторанот, свадбата е на 25 јули и ќе видиме дополнително што ќе биде. Ако се во можност твоите роднини нека ја презакажат свадбата за септември така е некако најпаметно нема да пропаднат парите а свадбата ќе се одржи.
Капар никој не враќа и за ништо. Ете фер испаднале и кажале дека ќе им важи за понатаму. На нет читам и фризери и шминкери излегоа со иста изјава, дека им важи капарот до наредно. Не можеш да се надеваш некој да ти врати капар.
Еве апдејт од мене, требаше крај на јуни, презакажавме за средина на август. Дали е и тоа рано, ќе видиме. Малку страв ми е и за август ама ќе следиме ситуација. Ако треба пак ќе презакажеме. Инаку наидовме на 100% разбирање од бендот, ресторанот, сликарот и кројачката. Сите си ги задржуваат капарите секако, а тоа што претходно сме договориле со нив останува потполно исто.
Со овие смешните мерки што се предложени ако се усвојат ние нема да правиме свадба. Ќе почекаме да видиме.
Не да се смешни... Страшно претеруваат а како што најавуваат дека од септември ќе има нив бран, како ќе биде тоа
Ние ако одлагаме сега, ќе договараме здравје за наредна година. Исто ќе ми биде страв и во септември. Така што мислам подобро е да се одложи за наредно лето.
Нас дека ни беше за брзање бидејќи сум бремена сакавме што порно да направиме, ама сега со оваа ситуација и воопшто немам желба за свадба. Што се однесува до капарот, разговарав со бендот и ми кажаа дека не можат да го вратат капарот, а капарот ќе си стој макар и по 5 години да сум правела свадба или крштенка за детето без разлика, вика ние ќе дојдеме ќе свириме.
Јас имав многу проблеми околу организирањето на мојата свадба (премногу ми се мешаа од страна и гледав да угодам на сите) и затоа не испадна како што сакав туку мини свадба. Пак си поминавме преубаво ама не беше мојата замисла и затоа би ти рекла да си ја направите како и кога сакате ти и вереникот. Ти немаш право да ми се налутиш што нема да дојдам како што јас немам право да ти се налутам што ќе правиш во јули. Таков период е кај што секој одлучува за себе и нема обврска спрема никој. Заради мојата мини свадба изгубив другарка која и по 10 пати објаснување не можеше да сфати зашто нема да ја поканам, тешко ми беше ама ете по некое време сфаќам дека многу полесно дишам без неа. Во вакви моменти остануваат вистинските луѓе до тебе. Ич да не се секираш.
Не се согласувам со претпоследната реченица,ти била другарка, не си ја поканила и ваму после викаш дека вистински луѓе остануваат до тебе. И јас би се навредила ако се дружиме,искачаме,делиме леб. И би рекла дека не си ми вистинска другарка затоа што постапката ем не е убава,ем ова што си го пишала е лицемерно. Ваљда вредеше свадбата за да изгубиш другарка.
Нормално дека вредеше Да не требаше 8ми месец трудна да ја презакажам свадбата после короната за да можам да викнам 10 другарки? 9 можеа да разберат, една само не можеше? Си имав ограничување со столчиња, да не требаше сестра ми да ја тргнам за другарка да викам? Ме гледаше со месеци како плачам од притисоци, и објаснив убаво зашто не можам да ја викнам и здравје може натака ќе правам поголема свадба, беше као ок и од денот само ја снема, ни честитка ни ништо. Лицемерно, да.
Супер ако ти вредело. И не можеш да правиш споредба сестра и другарка,ама постапката е глупа. Не си во право, и нормално ќе ја снема, и мене би да сум на нејзино место.
Па тоа ми беше муабетот за вистинските луѓе. Различна перцепција имаме за другарство. Ја би сакала тој ден нејзе да и биде најубав, не мене. Не сум себична. Ете угодив на неговите родители, се прилагодив на ситуацијата, требаше нејзе да и угодам и на сите по ред и така да изгледа 'мојот' ден. Сите среќни и задоволни
Ами како сакаш да ти е вистинска кога ти не си ја испочитувала ко прво. Ти си можела да ја поканиш нејзе а она е таа дали ќе дојде или не. Во консултација со другите 9 ќе одлучеле заедно,тогаш тука би настапило вистинско пријателство. Прво почит. А не колку ми е долга чергата, кој те е*е важно ја свадба направив. Твоја е грешката.
Тој што те почитува нема да ти се налути и да не го поканиш. И јас правев мала свадба и баш ми беше гајле дали некој ќе се лути. Како што јас не се лутам што некој не ме поканил на неговата свадба.