Тука е лицемерието. Затоа што утре не се знае кој од тие непоканети ќе ви затреба во животот. Вашето е да ги поканите,да ги испочитувате што се вика,а нивно е дали ќе дојдат.
Глупости, ако некој не ти помогне само затоа што не си го поканил на свадба верувај никогаш нема да ти помогне. Таквите луѓе секогаш ќе си најдат причина за да не ти пружат помош.
Епа нема да поканиш братучед од петто колено шо не ни знаеш како изгледа ама другар/ка ќе поканиш. Никогаш нема да сфатам другарка со која се дружам долго време, делиме се, да не ме покани или да не ја поканам на свадба... Свадвата е мој ден и на сопругот и ќе го споделиме со кој нам ни е близок, а тоа пред се се другарите и другарките со кои си секој ден, а не да исполнувам желби на родители и роднини.
А зошто лицемерие? Секој си знае колку му се можностите. Членката убаво пиша дека не поканила ниту една другарка. Подобро така отколку да покани 5 другарки, а другите 5 да бидат отфрлени. Пак ќе кажам. Ако некој ми се лути што не сум го поканила на свадба, не ми ни треба понатака во животот. Јас на мојата свадба ги поканив сите другарки. Ама имав можности. Нормално дека они ми се помили отколку роднини од петто/шесто колено.
Имаме различни гледишта. Ако со некого делам леб и тој не ме покани на настан кој е важен за него тогаш моето присуство не му е битно, ниту сега ниту понатака. А и плус е навреда. Затоа што пред некое време со таа особа си делела среќа и несреќа,а сега таа особа не сакам да ја сподели со тебе нејзината среќа. Тоа е лицемерно. А за роднините од петто/шесто колено сосема се согласувам.
Па без оглед дали мала или голема, ја навредила другарката со која делела леб. Како не сфаќате не знам,да ти беше тебе направено вака ќе бараше совети.
Ај да не претеруваме, рече другарка, не дека делела леб. Ко што сфатив една од десет, тоа баш и не е знак на којзнае каква блискост. Лично, би се навредила можеби ако многу блиска другарка не ме викне, а викне други исто толку блиски другарки, ама ако не викне ниедна, апсолутно нема што да замерувам (и не сум замерила, имам блиски што не правеле големи свадби).
Абе сум делела леб... Боже сачувај. Една од повеќе другарки е, ми значела нормално, сме се дружеле ама еве: Имам договор со маж ми покрај кумови и старосватица да викнеме уште по 10 луѓе. Си ги викам моите најблиски дома, баба и дедо и први братучеди. И? Морам оваа едната да ја викнам пошо сме делеле леб у lounge bar на кеј, а другите не зашто ме разбрале со еден збор. Ако е ова лицемерие, ок лицемерна сум. Тоа што она 'ме сфати и беше тука за мене' и од денот ја снема... Ц, ич не е лицемерие. Многу ми е мило што неколку месеци покасно баш овие денови се покажа дека стварно вистинските ми останале.
Ок, секако го читаш само тоа што сакаш. Не пробуваш да ја разбереш мојата страна, само да ја разбереш не мора да се согласуваш. Едноставно не беше возможно и немаше да биде во ред, тогаш многу повеќе луѓе ќе беа лути. Како и да е, решив дека ќе се ставам јас на прво место и да ти кажам животот е поубав ама ти очигледно тоа веќе добро го знаеш.
Ама Буби, Јана и маж и' се договориле да поканат по 10тина души само. А она кажува дека биле 10 другарки. Половината да се со партнер , само другарките би и го надминале лимитот. Ајде и сами да дојдат, пак се 10, само они. А да повторам, нејзе лимитот и е 10. Нема простор за лутење @Jana06 Да си ги викнела половината од другарките а неа Не па да се лути. Вака, нема за што ти да си 'виновна'.
Исто, доколку ослободат се да си биде како порано ок ќе правиме, ама доколку е под определени прописи и мерки нема шанси.