Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сега со свадбата?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LaTama, 20 март 2020.

  1. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Нашата требаше да биде во Јули, планираме да ја преместиме за наредна година. Сега повеќе ме интересира како ќе биде за регистрација на отворено и црква. Барем тоа да го направиме како што планиравме.
     
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Нема никаде официјални информации, веројатно ќе има измени и ќе кажат на вести
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Последно што дознав од ресторантот е дека многу тешко годинава за свадби, бидејќи отварањето на угостителските објекти ќе се одвивало во фази. Сега се во прва фаза, а дури во третата фаза(којзнае кога ќе стигнеме до неа) ќе се дозволат свадби на отворено со максимум 150 луѓе и тоа по посебни протоколи.
    Да правам циркус од свадба? Не, фала. Ќе почекам до наредната година, доста беше двапати презакажување годинава.
     
    На thelittle17, babybubu, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Исто, и ние сега за сега не правиме ништо, неможам по 100 пати да презакажувам. На крај на година ќе одлучиме за кога би ја презакажувале свадбата.
     
    На Ladybug98 и babybubu им се допаѓа ова.
  5. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Нема летото да даваат? Мислам дека ќе отворат август.
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Дали е ресторанот во Ск?
    Јас сум на повеќе свадби летово и септември, и ниту една не ја одложија за догодина... сите чекаат знак и ќе прават очигледно..
    Реално, нема уживање во подготовки, мн луѓе имаат намалени приходи а некои останаа без никакви, а настрана општата состојба со вирусов и нашава несовест...
     
  7. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Ние ја откажавме за годинава, а кога ќе презакажеме незнам.
    Ќе чекаме подобри времиња.
     
    На Ladybug98 и CareTee им се допаѓа ова.
  8. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Не е во Скопје, ама менаџерот ни кажа демек тоа им го кажале кога биле на состанок сите угостители.
    Ми рече дека немаат ниедна свадба откажано за август и септември и уште имаат надеж дека ќе биде, а останатите во јуни и јули ги откажале сите.
     
    На Rubiii, babybubu и Bebce1 им се допаѓа ова.
  9. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.469
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    А со мерки за август или нормална свадба? :D
     
  10. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Па незнам како ќе им се одвиваат фазите. :^)
     
  11. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Братучетка ми имаат закажано свадба за средина на септември, па сеуште се мислат што да прават. Каква одлука донесовте вие што имате закажано свадби за септември, октомври и ноември, ги откажавте за наредна година или чекате да видите како ќе се одвива ситуацијата во земјава со вирусот? Благодарам.
     
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Не знам искрено, јас имам за октомври и се мислам да ја откажам. Иако е покасно во годината, и да се стабилизира состојбата не знам колкав број од луѓето ќе се осеќаат слободни да дојдат, се си мислам дека голем број нема да дојдат и атмосферата нема да е опуштена....искрено не ми се прави така свадба. Се си мислам ќе почекаме уште малце па најверојатно ќе ја откажеме.
     
    На candy.cane и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Јас пишав погоре дека ја откажавме свадбата требаше да ни биде сега во Јули. Сакаме барем да се венчаме во црква и да се регистрираме во Август и после тоа барем најблиските да се собереме во ресторан. Но како што гледам и тоа е забрането. Дали е некој во слична ситуација да сподели идеја како би постапиле во врска со ручек после регистрацијата, дали дома или пак во ресторан секако со мерките што се препорачуваат?
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Има официјални мерки за свадби?
     
    На Noname07 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Мислам дека е подобро во ресторан. И онака е дозволено од семејство кое е на иста адреса да седат по 4. Ќе си се соберете,ќе ручате и готово.
    Во многу незавидна ситуација се наоѓате сите кои требаше да правите периодов свадба.
     
    На babybubu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Па и ние сакаме во ресторан, а сакаме и матичарот да биде надвор од матично на отворено, Само незнам дали и така ќе треба да сме само ние и сведоците, или пак ќе може и родителите. А за во ресторан секако само најблиските и да сакаме другари и другарки, планиравме да бидат само дел од свадбената веселба а не и од венчавката.
     
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Сестра ми има закажано свадба за во октомври , требаше и веридба месецов ( со повеќе луѓе ) , но нема да се одвива по план , така што ќе бидеме само најблиските од наша страна и од страна на зетот . За свадбата , чекаат да видат што и како ќе биде , ако продолжи вака ситуацијата , ќе ја презакажуваат , а регистрирањето во матично , имаат во план да се регистрираат , па свадба како ќе даде Бог , ако е пишано годинава да биде добро , ако не здравје другата година со роденден и крштевка на едно ( чекаат бебе ) . Се надеваме сите дека ќе биде по ред се , ама никогаш не се знае .

    Еден комшија имаше закажано свадба , за април , баш кога имаше и полициски и сите мерки со ред , ја одложија што да прават . Ќе биде другата година , така се во план со невестата , веќе и презакажаа .

    Сепак , тоа е еден ден во животот , и јас да правам свадба сега , не би сакала да ги паметам гостите со маски и дезинфекциски средства , и со стапови од два метра за оро ( јер дистанца мора нели ) . Јас да сум на место на идните младенци , би презакажала , ако ми е закажано до месец август . За понатаму би чекала да видам како ќе се одвиваат работите , не би презакажувала веднаш , но доколку е потребно , би презакажала .
     
    На zhap4e, SummerGirl, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    42.224
    Пол:
    Женски
    Другарка моја ја откажа за во октомври беше, јас мојата во април кога требаше да биде планирав да ја презакажам за во септември ама не ми стои како да ќе се стабилизира годинава така да ја оставив за нареден април. Фустанот ми беше готов и го земав, стои кај моите да не го гледам до тогаш и да не ми скисне од него, ама ако се поправам или останам бремена не знам што ќе правам.
     
    На zhap4e, SummerGirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    Девојки знам неизвесно е никој точно не знае како ќе се случуваат работиве, но имате ли верба дека догодина ќе може да се прават свадби? За годинава немам надеж ни желба искрејно да правам, ама догодина би.
     
  20. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Ние оставивме за неодредено, ако дозволат би правеле наредно лето.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.