И јас сум во принцип затворена, не сум срамежлива ама секогаш сум се чудела кога ќе ми даде некој совет од типот се што ти е потребно да запознаеш некој е да го погледнеш, да му дадеш знак, да се насмееш. Јас ништо од тоа не можам да го правам. Не дека не сум се обидела, ама едноставно не ми оди, ми делува како да е извештачено и намерно, а не спонтано и заводливо. Не знам, можеби и јас така си умислувам, ама до сега во мојот живот само еднаш сум го направила првиот чекор (успешен) и тоа од инат, затоа што сакав во тоа време да му вратам на бившиот. Во сите други случаи сами ми пришле мене и тоа оние што имале храброст, а често се погодувало тоа да се некои идиоти. Често пати ми имаат кажно дека изгледам многу строго и сериозно, а со тоа и дигнато и снобовски,а воопшто не сум таква. Дури често пати кога ќе излезам во град, јас си мислам дека сега се правам "по пропис" и се смешкам, а пак си добивам коментари од другарките:Ајде насмеј се малку, што си толку сериозна. И ај сега оди па разбери ме! Инаку спремна сум да сменам нешто, па може и ќе тргне на подобро. Затоа ако имате некој совет што не е од типот излези насмеј се (зашто веќе е испробан, а промени не се приметуваат) слободно може да го споделите со мене.
Неколку чашки..........и одма ке се смееш и ке се опуштиш...проверено (само во граница на нормалата) п.с......немој да те забележат дека имаш пивнато хехехе
Фала на советот срце, ама не сум некој голем љубител на алкохол, али ај ќе пробам да се "окуражам" малце со алкохолче, па може и ќе има резултати кога ќе ми светнат очињата
Не сум ниту јас, ама имало денови каде постојано се филмам ...ех вечерва ќе си поминам супер, и ќе се опуштам и бла бла бла.....џабе! Пак ќе излезам сериозна и ќе се стегам! И ми пукна филмот веќе! И сега секогаш кога излегувам си земам некое супер коктелче! Една до две чашки (знаеш со усул да е работата) и сум топ, расположена, насмеана... п.с - само немој да си станала алкохоличар...........несакам на душа да те носам
Добро е! Девојки, мило ми е што за заведување акцент ставате на ликот, а не на телото и облеката (односно недостатокот на облека ). Девојка може да возбуди и заведе машко макар и да е закопчана до грло! И точно, насмевката е тоа на што најмногу машките паѓаат. Сепак, има една категорија на жени кои не мора ама баш ништо да направат, а можат скоро секого да заведат. Не знам дали сте ја виделе таа ситуација! Ситуација во која дотичната кога влегува во просторија веднаш станува центар на внимание, сите глави се вртат по неа, сите мажи се спремни да и “јадат од рака“. А притоа дотичната ниту е нешто посебно дотерана, ниту нашминкана ниту пак убава......ама има нешто во неа! има некое посебно држење. Е ај кажете ми што е тоа!
САМОДОВЕРБА и ништо друго. иначе потполно се согласувам со горенаведеното :y: Ништо со сила не бидува, па ни заведување со минимум облека, вештачка насмевка, трепкање со очињата, ... или не знам уште какво ли преправање. Ако не е расположена или природно насмеана и весела девојката што и да направи па и да претера со пиење само за да се опушти, нема резултат. (иако некогаш треба по некоја чашка колку само за расположение, никако претерување). Најважна е харизмата, самодовербата која зрачи од девојката. Секое машко па дури и девојките сигурно ќе ја забележат
^^ Зоки Поки.. инаку интересно корисничко име ...се работи за харизма која секој не ја поседува,после став одмерен и малку одважен нормално самодоверба и по малку мистериозност кај девојката.Се ова зачинето со привлечност која ја поседува(сексипилност).
ахахахаха исти сме исто и јас прво го погледнувам онака нежно заводливо ја зимам пијачката во раце и со рацете ја вртам цевката- мешам во чашата и му се насмевнувам, онака малце му упатувам една скромна нежна насмевка ВЕРУВАЈТЕ ДРУГО НИШТО НЕ Е ПОТРЕБНО, обично машките паѓаат на слатки насмевки позз
Па јас по природа сум затворена.. (некои тоа го сфаќаат како срамежлива ама воопшто не сум) затоа скоро не обрнувам внимание па колку и да е убав..едноставно го елиминирам од старт, можеби бидејќи мислам дека нема да е заинтересиран. Но ако тој покаже интерес тогаш е веќе друго.. Иако често знам да се правам недостижна па да се каам после.
Воопшто не се замарам, не се оптеретувам со тоа дали сум сама. Не знам да флертувам, не е тоа за мене. Ако се заинтересира некој за мене и да започне разговор океј можеби ќе бидне некоја работа секако ако ми се допаѓам, ако не никому ништо.
да не се фалам ама секогаШ каде и да се појавам сум центар на внимание, и закопЧана до грло Што се вели мозеби е затоа Што имам зелени оЧи незнам, а и се смеШкам понекогаШ (кога сум располозена) Што би се рекло дека и знам да заведувам ех... да ми успее некако да го заведам оној Што ми се допагја, и Што ми тлее во срцето... ама за сега тоа ми изгледа невозмозно... но здравје, мозеби некогаШ ке му текне на мене...
Јас сум до типот на девојки што сакаат да бидат освоени,а не да освојуваат,...и на крај да им играм мајтап и да ги откачам-таков ми е периодот не сакам да имам ни дечко ни ништо слично ..прво сакам да заборавам на бившиот а не да се трудам преку друг да го прекријам и да го барам она што го немал тој додека сум со другиот....За облекување си се облекувам пристојно,но не секогаш буквално закопчана до гуша,па млада си сум знам да си облечам кратко фустанче -се разбира не до п***.... туку нормална големина облеката не е некој си начин на освојување,можевби е за дечко за една ноќ а за да си најдеш некој нормален за врска во прашање е нашата харизма,машките обожаваат кога девојката се смее ,нее намуртена кога прифаќа шега...Не мора да сме голи само насмевка и во напад девојки ...,ние го можеме тоа зар не ?...
eпа ...ако сакам дечко да ме забележи ме забележува...мислам дека сум многу добра во заведување..еден поглед и готово..многу пати ми се има случувано еве пример..детето е 4та јас 2ра ама стварно убаво нз шо да кажам..стварно аауф...го немав на фб ...и реков на другарка ми тој ке ме додаде на фб..и еве го ...ме додал..потоа и реков...во текот на оваа недела ке ми стави лајкови и стварно беше така..и на крај (ова се случи после нова година) и реков дека ке ми пише и се разбира ми пиша..Среќна нова година..и така натаму...инаку толку можам со погледот на ги намамам што се вртат по мене ..не мислам да ме гледат во газот туку едноставно ..нз...
Само да ги симнам овие новогодишниве 2-3 кила , ќе му се соблечам гола и ќе му речам: " Гледај и плачи " Сe само да го заведам
Што не, општо речено. Јас никогаш не се смејам, тоа барем знам. Си ја мразам насмевката. Секогаш мавам такви заводливи погледи да му се сврти во памет. Се однесувам грациозно, фатално за да има што да го натера да мисли на мене, но никогаш не се менувам. Во тие ситуации едноставно некои делови повеќе ги истакнувам. А со дечко ми се смејам бидејќи тој ја сака мојата насмевка. И пак тука стапуваат на сцена погледите. Омилен дел од мене му се очите и усните, а јас пак толку многу си ги сакам нозете и морам да направам нешто за посекси да изгледаат.
Интересна тема! Се пронајдов со многу од вас. И јас сум срамежлива личност(порано дури и повеќе,што дури ми беше и незгодно да се дружам со машки ).Сега колку-толку подобра сум.Но проблемот не е само тој,премногу сум горда.Не би можела да испратам некој знак(намерно)за да заведам некого,а не пак јас прва да му пријдам(NO WAY).Си мислам дека со тоа ќе се етикетирам како ,,лесна''(смешно е,ама сфатете ме,гордоста не ми давааа). Како и да е,и без да давам знаци освојувам... Само проблемот е што тоа секогаш го прават преку стројници ,ретко директно,изгледа се плашат гледајќи ме така сериозна,а пак некои даваат знаци дека ме свиѓаат,ама се плашат од ,,корпа''и си ја чуваат тајната. Дајте совет како да се поставам,за да не ме сфатат дека сум толкууу сериозна или пак повеќето ми рекле,ко на шала, дека сум се правела важна(а ств не е така).
Девојки, значи вака.. досега не сум имала дечко не сум се мувала со никој, но во последниве месеци таа желба ми се навистина зголеми .. едноставно хормоните се виновни за тоа да почувствувам и јас машко во мојот живот.... само не знам дали воопшто проблемот е во мене , затоа што сум навистина симпатична девојка и секако имам свои квалитети и симпатии кои колку и да се обидувам да ги заведам - во тоа не успевам! дај помогнете како да ја освојам личноста која сакам да ми биде нешто...
Леле иста сум и јас...знам како да се облечам и да заведам а после им акнам една корпа невидена да се покаат што ме запознале хахах,Дрска сум спрема нив и тоа многу, но инат сум и таков ми е периодот па не сакам ни дечковци ни мувачи....А инаку за заведувањето имам една "луда" другарка таа планира тој што го свиѓа да го фати за рака и да го повлече во темницата да му каже дека го сака..хахаа ова испаѓа како киднапирање..Ама има едно место од кадешто тој мора да помине со другарите па таа ќе го повлече а другарите да не ја видат, за да не ја зафркаваат:Се согласив да и помогнам, па овие денови кога ќе излеземе ќе идеме у акција..XDD