Драги мои Феминки ми се свиѓа еден дечко и со него имам испаднато, тој е постар од мене и сакам да го привлечам уште повеке сакам да го натерам тој да трчи по мене ве молам за совет како да го изведам тоа ? ........
Досега не сум била во ситуација да заведувам... Моето мото е дека женские во никој случај не се пуштаат први.. така даа прв пристапи мојот дечко, и сеуште сум со него, што значи до сега не сум заведувала
Има девојки кои прават драми за да бидат забележани. Јас не правам ништо, јас со поглед говорам. Се трудам да се најдеме очи во очи и длабоко да го погледнам. Често ми рекле дека имам поглед со кој многу говорам. И во повеќе случаи упалило
Јас не мислев дека има до толку психопатки до пред некое време, се додека не видов една девојка што се правеше за да биде со еден. Значи девојкава правеше се што е можно за да биде со него, немаше граница, немаше гордост и не бираше начин и средства, мислам дека и преку лешеви би газела. Тоа што го правеше беше стварно злобно, не размислуваше за тоа колку луѓе ќе повреди, и беше битно само да му стане девојка. Се сеќавате на шапнските серии и какви не сплетки и лошотии правеа лошите девојки опседнати со главниот лик од серијата, само за да го освојат и тој да биде со нив? Епа оваа буквално како од шпанска серија беше излезена, значи неверојатно!!! Девојката изгледа многу гледала шапнски серии па се претопила во нив.
Искрено доживеав случка јас имам дечко, ама имам и пријател кој раскинал со девојката пред Нова година.Јас не ја познавам бившата негова и типкава да ти била психопатка, си дозволува да ми пишува во порака, да си зима замав, да ме моли да бегам од дечко и. Мене ич не ме интересираат приватните животи на пријателите, ама типкава болна се запнала, си направила триста филмови. Преку неа увидов на што е спремно женско очајно, на што е спремно да направи и повеќе од шпанска серија. Се најлошо и секакви филмови ама па типкава многу забегана беше. Скроз болна во паметот. И незнам што ќе постигне со тоа, така повеќе го губи и никогаш нема да го врати.
Поминувам покрај него,гордо и со голема самодоверба,го погледнувам длабоко во очи,ќе се поднасмевнам и заминувам.Кратко и слатко. Во горе наведените случаеви за тие очајните,мој совет до сите е никогаш не трчајте по нив,само направи го своето и ако сака тој нешто со тебе,ако му се допаѓаш,ќе се потруди да те освои.А да се правиш лоша,очајна и глупа за некој што не реагира уште од прва,правиш голема грешка. Ако проба да стапи во контакт со мене тогаш сум добра и своја.
Јас ништо не би правела, би била своја тој ако ме сака ќе ме сака каква што сум нема потреба да правам некои работи само за да го заведам. Кога се запознававме со дечко ми, кога сеуште само излегувавме, а и пред да се запознаеме не сум мислила како да го заведам, се си беше природно и спонтано без некакви тактики за заведување и слично.
Не знам што правам ама никогаш не сум била сама за долго. Имам нешто во себе што ги привлекува. Си освоив еден и тој ме освои мене и сеуште ме држи.
Да не има контра ефект пази. Не сите машки сакаат разголени девојки. Треба да видиш каков тип на девојки сака. Со што ги привлекуваш?
Флертувам 'по дифолт' кога ќе ми се допадне некој. Дури не се ни заприметувам на моменти... Ако до толку сум заинтересирана, ќе му понудам да излеземе (ако веќе тој не понудил).
За да "освојам" некого не, прво ради себепочит и второ затоа што сум лав, не сакам да молам некого за внимание, не во буквална смисла. Ама да си 'заведувам' веќе заведен и мој е доста интересантно. Не сакам друг, си го заведувам одново и одново.
јас па досега не сум се пуштила на никој,ама затоа па секогаш ко ќе ми се засвиѓа некој додека попрашам јас за него и додека се потокмам да направам чекор ете го тој како некоја телепатија.... Прв ми пристапува. Си викам ја имам ли таа среќна ѕвезда да привлекувам тие истите кои ми се свиѓаат и да ги добијам на полесен начин без да се помачам јас со нив?