Фраерот прво да не глуми Фраер оти уште не почнати завршуваме. Е сеа нали ако не глуми Фраер, прво да ме почитува, со цврст карактер, свој на своето, паметен, маж што ќе се грижи за мене, гордо ќе шета со мене, позитивна личност која ќе знае да ги истера моите бубачки кои неретко ми се гости амбициозен, да знае што сака од животот. За физички изглед немам некои критериуми, ама еве може да е црн и висок
Да ме сака и почитува, да се труди околу мене, да ми угодува, да биде покрај мене секогаш кога ке ми треба, да ми докажува а не само да збори, да не се преценува, да е горд на мене, дае искрен и му бидам на прво место
Најпрво да ме сака ИСКРЕНО. Да има карактер, да биде романтичен,да го цени она што го имам, да ме прифати каква што сум , да ме почитува , да ги цени и моите дугарки , да можам да му верувам .... итн. итн Да не се лажеме и изгледот ми е битен . Да биде повисок од мене , смеѓ , зелени очи , слаб , кафена коса и да има стил
да се справи со мојот екстра ТЕЖОК КАРАКТЕР ..ако успее во тоа..ги поминал сите тестови... Секако и изгледот е мн битна компонента од мозаикот наречен успешна врска
1. Да има пари 2.да има многу пари 3.да биде мултимилионер. Нема женско срце кое нема да биде освоено.
Уште не знам што направи тој што ми го освои срцето а и не знам јас што да направам веќе да не е така ..
Најпрвин да се однесува убаво со мене, да ме прифати онаква каква што сум и да ја добие довербата моја.
1. Цврст и постојан карактер 2. Да нема хендикеп во искажување на љубовта кон мене како со зборови така и со дела (да нема љубов не би ни била со него); 3. Почит кон мене 4. Почит кон себеси и свесност за сопствената вредност (не да лечи комплекси на мене) 5. Разбирање (мижи татара и сега јас сум лутко не ми се играат на овие години) 6. Широкоградост 7. Несебичност Хммм, го опишав мм.
........РОМАНТИЧЕН.....внимателен,во секоја прилика да ми подарува мали поклончиња,да ми се јавува,да ми пишува нежни пораки и стихови од песни.... ........ХАРИЗМАТИЧЕН....да има смисла за хумор,онака како од шала да ме крени да ме заврти,да ме бакни во вратот,ако сум тажна да ме насмее,да ме одведи на некое убаво место кај ќе сме сами.... .......СИМПАТИЧЕН........не сакам лепотани,класика,ни мазни,шо употребуваат креми и парфеми.сакам да е мажествен пред се...широки рамења,повисок од мене,со железна прегратка,каубојски тип....хахаа... ....... ....имав среќа да сретнам баш ваков фраер кој го освои моето срце и е мојата најголема љубов... .
Треба само да има бечка школа. И да има СЕ,ако ја нема таа школа,џабе му е.Пуфи не му паѓа во прегратка. :geek:
Ако има харизма 90% сигурно ме освоил, што се однесува до неговиот карактер и внатрешност би сакала да е цврста личност која знае што сака во животот и да ме почитува мене и моето семејство, секако тој ќе го добие истото за возврат. Што се однесува до надворешниот изглед, сакам да е повисок од мене, затоа што јас сум бајаги висока.
по толку разочарувања што сум доживеала треба ептен да се потруди, околу се да се надеваме ќе дојде "правиот" наскоро :geek:
Да не ми зборува за романтики, да не ми симнува ѕвезди и да не ме праша дали сака да ме бакне. Ова неможам да го сварам. Може ли да те бакнам ? Пф. Ако сака да ме бакне, нека ме бакне, ако не сакам јас ќе се тргнам и готово. Да знае математика . Да биде искрен и да има авантуристички дух и познавање во спорт. Едит : Зашто фраер и срце се со голема буква ?
во принцип не ,,треба,, да прави ништо,прво ако јас го приметам,нели сааалам да му фрлам окце,па после тоа каков е на карактер,кои ни се заеднички работи и сл,а ако се заљубам скроз е тогаш и нешто погрешно да прави,лек ми нема
Па вака... Одсекогаш сум го чекала принцот на белиот коњ но никогаш не е престигнал...изгледа има метеж во сообраќај. Има дами кои чекајки го принцот на белиот коњ ќе го добијат само коњот,тоа е најтрагично. Затоа моите очекувања не се многу големи само е потребно да ме цени,секогаш да биде тука за мене и да ме сака најмногу на цел свет а и тоа да ми го кажува. Машко мора да има некаков карактер ама штета бидејки повеќето немаат карактер туку се понашаат тотално сељачки е таков не ми треба. Убавината секогаш ми е на 3 место. Сепак ако не е убав нема да го знапознаам и тие првите 2 се губат! х)
Многу еноставно.Само да ме сака,цени,почитува,да биде искрен и да има доверба во мене,несакам ништо друго.
Како прво фраер не може да ме освои, не паѓам на такви За мене фраер е синоним за подпросечен маж кој својата неинтерелегенција ја истакнува со пари, мускули, глупаво и простачко однесување, ретко некакви манири и почит. Од дечко/маж сакам да ме воодушеви, умствено и физички. Јас или се заљубувам на прв поглед, па затоа првиот впечаток ми е секогаш најважен или ич. Некој може да ме освои само доколку е начитан, има цврсти ставови и мислења, има одговор на моите некогаш комплицирани прашања и барања, има смисла за хумор и се постави џентлменски од старт. Од физички карактеристики мора да е висок, со крупна градба и впечатлива појава. Spoiler Го опишав, уште да ставам слика од дечко ми и завршив работа
Па да ги има основните човечки особини. Да биде искрен, да знае да сака, да почитува и така натаму. И да има зелени очи.
Незнам мојот фраер што направи...Еднаш помина пред мене очите ми останаа во него ...Прекрасен е...Секое женско срце би го освоил...