1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што треба партнерот/ката да направи за вие да се почуствувате изневерени?

Дискусија во 'Врски' започната од worrieddd, 16 декември 2018.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    3.600
    Пол:
    Женски
    Случајно ми дојде идеа да ја отворам оваа тема. Што за вас претставува изневерување? Што треба да направи партнерот (или вие ) за да се почувствувате изневерено(или тој/таа) или повредени максимално? Верувам дека за секого е различно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Не мора да има секс или да мува некоја за да се почувствувам изневерено. Ако го фатам да ме лаже за некоја посериозна работа, без разлика дали љубовна, финансиска, емотивна, шта год, би се осетила многу повредена.
    Ако прекршил некој договор меѓу нас, некои цели, кои сме ги градиме долго време, би ме повредил такоџе.
    Во суштина, неверството со друга жена или маж (секако иде, не му знаеш:)) би ми било најмал проблем од кој би се осетила повредена или изневерена.
     
    На blackwave, WildMk, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    17.764
    Пол:
    Машки
    Да не посветува доволно внимание, да нема почит доволно, да те смета за сигурен или како и да е, односно да не те цени воопшто, и секако после доаѓа изневерувањето односно сексот. Затоа што инцидентен секс нема и не верувам односно досега не сум запознал таква личност.
     
    На blackwave, WildMk, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што изневерувањето е физичко и емоционално, би се чувствувала изневерено само во случај кога би имало некакви физички ,,активности" со друга или покажување чувства кон друга, вклучувајќи флерт. За други работи, како на пример помало внимание, би се чувствувала незадоволно но не и изневерено.
     
    На zokystanoevsky и shz им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Н Е П О Ч И Т У В А Њ Е.

    Во секој облик.
    Мислам дека ми требаше премногу време во животот за да сфатам дека партнерот мора да се потруди да направи да ми е убаво со него, без разлика дали сме сами, или во друштво во кое тој ме однел. Јас тоа секогаш го правам, и го очекувам истото за возврат.
    Значи, мора. Нема изговор.

    Тоа не значи дека треба да е на моја страна ако правам нешто што не е во ред, или да трча по мене и исполнува желби, ама почит и отворен разговор на секоја тема се задолжителни.

    Било каква лага исто така не е во ред. Многу лесно губам доверба, а и тешко се лутам за работи, ама од такт ме вадат лаги.

    Непотребни драми, контролирање, криење и лажење се работи кои никој не смее да ги дозволи, а за секс со друга личност или било какво физичко изневерување веќе не ни спомнувам, мислам дека се подразбира дека не е добро и не смее.
     
    На blackwave, Ivan4e04, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Holy Asian Jesus

    Holy Asian Jesus Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ако напраи нешто што не би требало да го направи, а без да ми каже искрено. Ма и секс да има со друг боље да ми каже, ќе можам да сфатам отколку да крие.
     
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    17.764
    Пол:
    Машки

    Kako kje sfatis? Si za pluotvorena vrska?
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ја мислам на секој подобра му е полуотворена врска, отколку врска со неверства, лаги и измами.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    3.600
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ми е подобро ич да немам врска отколку да бидам во полуотворена врска. Кога би била во таква ситуација би сакала да си бидам со кого сакам, а да не се врзувам. Само што не знам до кога ќе трае тоа т.е кога ќе дојде моментот кога ќе се разочарам во себе и во се и ќе сакам нешто повеќе, а најверојатно нема да го имам.
     
    На Hellobeautiful, blackwave, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Затоа и велам мила, подобро да знаеш на што си и сам да одлучиш дали сакаш да учествуваш во тоа или не. Инаку, само еден во врската ќе мисли дека го добива тоа што го сака, а му се набиваат рогчиња.
    Ја сум моногамна личност, не би сакала тројки, четворки освен ако не сум гост :angel:
     
    На kikkki, WildMk и worrieddd им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    17.764
    Пол:
    Машки
    Тогаш подобро би останал сам, кога не постои таква личност.
     
    На Miss666 и worrieddd им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.550
    Допаѓања:
    47.758
    Пол:
    Женски
    Би се чувствувала изневерено ако ме лаже или крие нешто од мене, а притоа јас сум отворена со него и знае сè.Би се чувствувала изневерно и да ме изневери.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Недостиг на комуникација, најмногу од сé.

    Тргнав да напишам повеќе работи, ама сé се сведува некако на ова. Нека ме здоболи до с'рж ама биди искрен од старт.
    Ако знам за што и како размислува, што сака и посакува, нема да се чувствувам изневерено, ќе можам само да одлучам дали сакам да останам во таа врска или не, и каде ќе тргнеме од таа точка, as simple as that.
     
    На blackwave, Milobebence, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.307
    Пол:
    Женски
    Да крие работи од мене, да ме лаже. Да почне емоционално да мисли на друга.
    А физички контакт со друга особа веќе да не зборам, тоа најниско ниво на изневерување ми е.
     
    На hermosa, sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Да ме лажи.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    17.764
    Пол:
    Машки
    Дури и бела лага? :D
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Пф... за некои е бела, за некои е сива, некои црна...
    Или лажеш, или не... Нема измеѓу.
     
    На blackwave, Milobebence и honey.11 им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    17.764
    Пол:
    Машки
    Ај да речеме... не сака директно плаќаме од страна на машко, па да се кладиме и намерно да изгуби машкото. Тоа ти е еден вид бела лага. :D


    На некој начин да не и се повредат чувставата (или егото).
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Не и' помагаш.
    Не сакам да ми ги пази чувстват и егото, сакам и нудам искреност.
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Женски
    Многу нешта,да не ме почитува,да ја изигра мојата доверба,да ме малтретира вербално или физички ,да се претставува таков каков што не е
     
    На WildMk, worrieddd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.