Што цените кај луѓето?

Дискусија во 'Психологија' започната од Faline, 29 април 2011.

  1. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    538
    Па на денешно време многу мал број на луѓе се они што знаат вистински да ценат!!! Барем така мислам јас,и мислам дека поголемиот број од вас би се согласиле со оваа мое мислење.

    Па вака,да не должам многу - Што цените кај луѓето ?

    Значи јас знам да ценам човек кој би бил до мене кога најмногу би ми требал,кога би ми услужил нешто што ми треба во моментот,без изговори оваа-онаа :) Ценам и искреност,но не толку колку што прво наведеното,исто така ценам луѓе кои навистинаа знаат да ценат и тоа го покажуват ! И многу други онака помали работи како што се креативност,труд без разлика дали успеале во својата намера или не. :)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Што цените ?

    Ценам ....
    Искреност , Директност , природност ...
    Некој кој ќе има храброст да ми каже во лице што има без оглед како јас би го прифатила тоа и што би било после тоа , директност врткање наоколку не фала ... Луѓе кои го кажуваат она што го мислат, што не удираат четки ,што се доследни на себе и имаат свои принципи од кои не отстапуваат, кои ги бранат своите ставови и не ги менуваат зависно од ситуација и временските услови :tmi: :@ . Посебни луѓе што не се плашат да бидат СВОИ макар биле и исмевани и осудени ... Борци , позитивни луѓе оптимисти.... :)
     
    На Anacid, srcekrsacka и girlinlove им се допаѓа ова.
  3. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    409
    Што цените ?

    Ценам креативност, конструктивност, добронамерност и почит кон секое суштество, околината и пошироко во странство :yawn:
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Што цените ?

    Најмногу од се ценам луѓе на кои можам да се доверам, кои знаат да чуваат тајна и да дадат добар совет.
    Ценам искреност, праведност, упорност, луѓе со свое јас, кои знаат што сакаат.
    Многу ги ценам и оптимистите, оние кои секогаш а гледаат посветлата страна, искрено им се восхитувам и би сакала да имам барем дел од нивниот оптимизам.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Што цените ?

    Најмногу ценам флексибилни и слободоумни луѓе кои знаат да прифатат дека постои став кој не се согласува со нивниот без потреба од меѓусебно разубедување и наметнување,кои се отворени кон нови хоризонти бидејќи не почитувам конформисти,лимитирани и крути полни со предрасуди индивидуи и медиокритети и хипокрити.Во најмала рака ценам кога некој навистина се обидува да ги намали своите предрасуди и ограничености и се бори секојдневно да биде барем малку подобар човек од вчера,најпрво поради себе,ама ова секогаш има позитивен фидбек и од околината.Општо ценам кога некој човек гледам дека се труди за нешто пр.работа или врска,вложува во нештото време,чувства,напор,енергија значи ги ценам човечките мравки наспроти човечките штурци.
    Ценам искреност,секогаш и секаде.
    Ценам здрав систем за правда и не отстапување од истиот па макар и цел свет бил контра.
    Ценам и креативност во уметностите,во вештините,па и во секојдневното изразување и појавување пред светот.
     
    На Anacid и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  6. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Што цените ?

    Ја ценам искреноста и почита кај луѓето :)
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Што цените ?

    Денес навистина е тешко да се најдат вистински пријатели ги има ама многу малку. Најмногу ја ценам:
    искреноста, а не дволичноста, доверливоста, а не злонамерноста, чесноста , а не валканоста , има и многу други карактеристики по кои ги ценам луѓето, а по кои ги презирам. Мене ми се случило да се дружам со пријателка со години заедно сме делеле и добро и лошо, но и по толку годишно дружење и доверба да ме изневери за ситница да го открие своето вистинско лице. Бев многу разочарана мојата ,,вистинаска пријателка,, да ме изневери за ситница, а и ситниците го прават животот.
     

    Прикачени фајлови:

    На in.love.girl и girlinlove им се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    796
    Што цените ?

    Искреност дефинитиво ама се помалку го наогам :( :( :(
     
  9. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    45
    Што цените ?

    највеќе ја ценам искресноста кај луѓето и љубовта што ја добивам од за мене драги луѓе т.е. пријателите и семејството :)
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    769
    Што цените ?

    - 7 работи што еден човек го прават вистинска ЛИЧНОСТ... :)

    1. Искреност
    2. Директност
    3. Хуманост
    4. Почит кон другите
    5. Уникатност
    6. Праведност
    7. Трудољубивост
     
    На Mr.Lover, danniela5, girlinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Што цените ?

    Ја ценам благодарноста кај еден човек и неговата воспитаност.
    Кога мене некој ќе ми заврши услуга, се чувствувам должник, благодарна и среќна.
    Очекувам да ми се возврати слично, за жал, луѓето ретко ја поседуваат оваа особина.

    А убаво воспитување е нешто на кое паѓам кај луѓето и лесно може да ме прелаже некој со убави и фини домашни манири.

    Ценам суптилност и дарежливост.
    Сакам луѓе кои внимателно ги користат зборовите, не се трескаат во гради, не лупнуваат се' во фаца, и луѓе кои искрено подаруваат, било материјални нешта или љубов, трпение, внимание.
     
    На mia9184 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    74.727
    Пол:
    Женски
    Што цените ?

    Чувствителност но не премногу,искреност но не до болка,трудољубивост но не и малтретирање на околината со неа, воспитаност но не и лигавење ,спремност да се помогне кога се може,...отприлика тоа иако секој човек/жена е приказна за себе...
     
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Што цените ?

    Ценам добрина, искреност, ама не да се граничи со навреда, значи тука барам некоја блага искреност.

    Луѓе што се ценат самите себе, значи не спаѓа тука нарцисоидност ниту преценетост, туку да си ги цениме нашите квалитети.

    Личности што се културни, воспитани, посебно значење му придавам на :!: читање литература, личности со спектар на зборови, знаење. Едноставно тие што не се фалат на секого, туку се молчаливи, а кога ке прозборат нешто мудро ке кажат. Тоа ми го дава профилот на една личност, а не неговиот физички изглед.
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    Што цените ?

    Кога некој ги сака животните и им помага.
    Природно и несебично хумани луѓе.
    Кога некој е искрен со мене,ме почитува и сака поради тоа што сум ,а не поради тоа што имам.
    Добро воспитани,културни и интелигентни луѓе ,со добра смисла за црн хумор особено :devil:
    Софистицирани личности ,луѓе кои ја преминуваат границата на човечката трпеливост само доколку нивната веќе е премината .
    Трудољубиви и темпераментни луѓе.
    Авантуристи и лица со високи морални вредности...
     
  15. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    10
    Што цените ?

    ГО ЦЕНАМ СЕКОЈ ЧОВЕК СТО ИСКРЕН,ЗНАЕ ДА САКАМ, ГИ ЦЕНИ И ТОЈ ЛУГЕТО КАКВИ И ДА СЕ ,А НЕ СЕ ЦЕНИ САМИЈОТ СЕБЕ, МРАЗАМ ЛУГЕ СТО СЕ ПРЕЦЕНУВААТ СТАНУВАТА ОПСЕДНАТИ СО ТОА И ПОЦЦНУВАТ ДА СТАНУВАТА АНТИПАТИЦНИ
     
  16. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Што цените ?

    Ценам чесност, искреност, почит...итн.
    Тоа се доблести кои треба да бидат застапени кај секој човек. Секој треба да биде искрен, но до граница да не повреди некого. Исто така ценам луѓе кои секогаш се креативни и оригинални, и се трудат да бидат уникатни. Мразам кога некој копира некого, и нема свои идеи и ставови. Сепак, секој треба да си ја изгради својата личност според своето гледање на светот.
     
  17. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    45
    Што цените ?

    Ценам луѓе кои се добронамерни,искрени,дружељубиви,со добри манири,кои знаат да ценат,почитуваат,знаат да изразат благодарност....едноставно ги ценам луѓето кои има вистинска човечност во нив.
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    Што цените ?

    Само искреност ништо друго, не можам да карактеризирам кај некој доброЌа и лошоЌа, ако со мене некој е ок, со друг нема да е и се така. Ама ужасно многу ми е битно да е искрен некој со мене, како што сум јас со сите. Да си ги кажеме работите така како што се, да не глумиме лудило. И исто многу сакам луѓе со зацртана цел што ама апсолутно ништо не може да ги помести од колосек, не знам како да ја карактеризирам таа особина, храброст, издржливост можеби.
     
  19. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    107
    кај луѓето најмногу ценам...

    Искреност, спременост некој да ти помогне, луѓе со позитивна енергија.
     
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски
    кај луѓето најмногу ценам...

    искреност и луѓе полни со позитивна енергија,да уживам во нивната близина и во нивното друштво :)
     
    На Juccy му/ѝ се допаѓа ова.