Најмногу ценам луге кои не ги гледаат моите мани туку моите доблести, тоа значи дека тие луге се позитивни и во секој чове го гледаат само доброто. Ак човек сака да биде негтивен во секој од нас може да најде нешт негативно тоа е најлесното.
Ценам оптимизам до одреден степен, бидејќи не сакам некој постојано да се жали дури и за најмала ситница, потоа лојалност, културен начин на изразување, сочувствителност, стабилност, несебичност...
Културно однесување, позитивна енергија, емпатија спрема другите личности и не пикање нос во туѓ живот.
Ценам вредности кои полека, но сигурно се губат. Емоционалната интелегенција ми е на врвот, нормално. Не сакам плитки разговори со површни луѓе. Сакам длабоки, мудри разговори кои се простираат на сите сфери од човековиот живот. Ценам кога некој ќе избере да биде директен и искрен со мене, наместо да го троши моето, а и неговото време. Ги ценам луѓето кои имаат човечност и способност да те разберат и да ти помогнат за некои работи, без да те осудат. Сакам луѓе кои зрачат со позитивна енергија, не се замараат со ситници и знаат да ти го направат денот со тоа што ќе те насмеат до солзи со некоја глупост. Ценам кога некој ќе избере да биде реален наспроти позитивен. Сосема во ред е да бидеш позитивен, но некогаш е залудно кога гледаш дека ситуацијата не се одвива во таа насока. Ги ценам слободоумните личности кои се борат за тоа што го сакаат и покрај сите можни пречки. Верувам дека тоа би било совршенство кога некој би ги имал сите овие особини.
Се согласувам со тебе во секој поглед, ама такви личности многу тешко се наоѓаат во ваквите бурни и сурови времиња. Сега секој гледа да успее што е можно побрзо во животот и на полесен начин. И поради тоа сите го одбираат најсуровиот начин, односно со газење на личностите кои ги наведе и тоа во ситуација кога истите тие личности се обиделе да им помогнат на секој можен начин.
Искреност,најбитно нешто што го барам во секој човек,а ретко кој го има. Да знае да цени кога нешто правам за некого.Многу пати до сега сум била во таква ситуација,каде се чуствувам искористено,и тоа од поблиски особи,на кои сум сметала дека можам да се потпрам. Им помагам во моментот кога им треба,и следен момент,веќе не е исто,се до нареден пат кога им требам. Го ценам секој човек,колку и да е лош,или ме повреди,доколку е искрен спрема мене,сум спремна да му помогнам и простам.Секако,се додека не е доцна.