Поради тоа што сум таков јас немам пријатели, туку имам само личности кои јас ги дефинирам како познаници. Секогаш кога и да сум им помогнал после се прават не ме знаат, а кога ќе имаат потреба од помош секогаш ми се јавуваат и никого до сега не сум го оставил на цедило. А јас кога ќе се јавам на некој од наведените за помош, секогаш изговорот е немам време брат имам работа ајде после ќе ти се јавам. И тоа после никогаш не го дочекав. Дури и кога ме искористиле сум им помогнал повторно иако можеби не требало, ама сакам да покажам дека не сум паднал на нивно ниво и дека не сум заслужил да ме третираат на тој начин. И така кога бев во смртна опасност односно се случи природна катастрофа, само еден познаник се јави да праша како сум и да не ми треба помош, повеќе ми имаат помогнато луѓе од кои не сум очекувал помош. Отколку од луѓе на кои сум им помогнал безусловно и безрезервно.
Искреност, лојалност. Тие и одат едно со друго, темел на било каква врска: партнерска, другарска, роднинска и тн.. Попрво би избрала искрена критика отколку лажно тапкање по рамо. Мнооогу ја ценам и хуманоста. Особено па кога некој нема вода во очи, но е подготвен да пружи рака на друг. Мислам дека овие три се доста ретка комбинација во денешно време, и тоа е навистина жално.
Емпатија и отворен ум... тие би биле двата поими што наједноставно ми го сумираат она што најмногу го ценам и е најважно за мене кај една личност.
Емпaтичнoстa, искреноста и силниoт кaрaктер кoј пoчивa нa реaлни oснoви се тoп три кaрaктеристики штo ги ценaм
Пред се искреност, емпатија, знаење да се покаже почит, имање карактер и цврсто стоење зад својот став.
Искреност, лојалност, поддршка, доколку ми е пружено јас пружам десет пати повеќе и сум предобар, доколку осетам дека не ми е пружено се претворам во контра од човекот кој сум бил према таквите личности и ги отфрлам од својот живот.
Искреност, како и повеќето вас. Само што не им е својствена на луѓето... заради различни, внатрешни и надворешни притисоци.