Добро, реално, покрај карактерот на личноста, многу зависи и начинот на и тонот со кој ќе го кажеш нештото, како и кои зборови ќе ги употребиш. Дел од луѓето што се искрени ги кажуваат работите многу агресивно или со напаѓачки тон, па се создава тензија и одбранбен механизам .
Најмногу ги ценам луѓето што се природни,свои,пред блиски и непознати не глумат нешто што не се и никогаш нема да бидат, луѓе што од очите им зрачи искреност, лојалност и доверба, одговорни личности и да имаат емпатија кон другите.
Кај луѓето она што најмногу го ценам е: искреноста, добрината и позитивноста. Овие три особини ги издвојувам како посебни, затоа што истите тие во денешно време е многу ретко да се најдат.
Душата, оние кои се кревки до толку што им се гледа во очите. Глумат некоја нереална слика, но длабоко во себе знаеш дека не се такви..животот ги натерал така...
Кога имаат свој став и се држат до него, особено ова го ценам. Исто и кога се искрени, чесни, лојални, одговорни. Вакви луѓе обожавам.
Ценам кога некој кон мене е реален и со отворени карти...Што е тоа е.Без фимови и "шетање по тавани".Подобро уби ме со вистината отколку да ме тешиш со лага..