Што цените ? Ценам искреност, доверба, почит, трудољубивост, хуманост. Исто така многу ценам совети и укажување на грешки ( доколку некој смета дека си ги направил), но не укажување пред 10 души, туку она дискретно, насамо, да сватиш дали вистина грешиш и да си се поправиш нареден пат
Што цените ? Ценам кога некој ме цени како што јас го ценам. Ценам искреност и добрина. Сакам кога некој ќе ми даде совет од се срце, и ќе проба да ме расположи. Сакам кога се чувствувам добро во нечија прегратка и да го имам она чувство на сигурност покрај мене. Сакам кога некој само со една насмевка ќе ми го смени денот од лош во добар.. Едноставно сакам позитивна енергија околу мене.
Што цените ? Лојалност, искреност, преданост, несебичност. Позитива и амбициозност со граница, исто така.
Што цените ? Си ги ценам оние што ми се во најтесниот круг околу мене, а за се друго многу многу и не се замарам...За нив знам дека имаат се она што ми треба (искреност, доверба, стабилност...) Колеги, пријатели, познаници...немам никакви барања или очекувања од истите. Какви сакаат нека бидат-добри, лоши, себични, позитивни, негативни...и онака само површно се дружам, не допираат до мене па не ми смета ништо додека пијам едно најобично кафе со нив... Ќе заборавев-сама си се ценам бе
Што цените ? Најважна ми е искреноста, а после и хуманоста... Меѓутоа за жал во денешно време е многу ретка и ретко ми се враќа Искреноста е скап поклон - не очекувај го од ефтини луѓе
Што цените ? Ценам: оригиналност, искреност, смисла за хумор, трудољубивост, комуникативност, духовитост, алтруизам, инвентивност, независност. Не е прашано али јас да си кажам и што НЕ ЦЕНАМ: тврдоглавост, наивност, арогантност, вообразеност, посесивност, нарцизам, вулгарност, непристојност.
Што цените ? Пред се ценам искреност и директност, ако си искрен со мене значи од старт те ценам. Оригиналност сакам кај луѓето, сакам да се свои, и да не ми продаваат бабини басни Ценам кога некој знае да ме сослуша што имам да кажам, ценам добри совети, ценам кога луѓето живеат како што сакаат и наумиле, без разлика на македонскиве стереотипи и слично.
Што цените ? Ценам луѓе кои имаат свој цврст став кон работите, независност, верност, лојалност, искреност, смисла за хумор, упорност..
Што цените ? Пред се, ценам личност која цврсто стои на земја и се придржува кон своите ставови.. А потоа искреност, лојалност, праведност, комуникативност, алтруизам, смисла за хумор и секако личност која има самопочит
Што цените ? Ценам: - искреност - вистински пријател - смисла за хумор - верност - независност - хуманост Највеќеее несебичност
Што цените ? Животов си го ценам најмонгу...а од особини ценам искреност и директност. И особено ценам стоење на земја таму каде што навистина си,макар и 5м надолу,а не да ми прави некој филмови кој сум шо сум!
Што цените ? Ценам вистински пријатели, искрени, великодушни , хумани , отворени , креативни , забавни и интелегентни луѓе. Иако денеска малце вредности мо ат да се најдат кај некој човек, не за друго колку и од нив да поседува другите му завидуваат на тоа , па не можат многу да се истакнат...
Што цените ? КОлку се изместени вресностите во светот, се се заснова на лицемерство, љубомора и корист Ценам -вистински пријатели, што кога сите да плукаат на тебе тој ќе доје да те избрише, што искрено ке ти кажат оти блузата нова не ти стои убаво -луѓето кои имаат милиони, а сеуште пијат кафе заедно со сирмашниот комшија -луге кои знаат да разговараат со царот (мислам на некој над нив) без да му го лижат га*от, и кои знаат да разговараат со питачот без да го понижат -луге кои преку трње се искачиле до ѕвездите и носат добра порака на светот (пример Тоше) -луге кои спасуваат животи ризикувајки го својот -ги ценам сите добри родители -искрени и отворени луѓе кои попрво ке ти кажат дека од таа работа не бидува ништо отколку да те лажат со месеци -луѓето кои имаат добри принципи или навики и кои си ги почитуваат (спортување, постепено штедење) -луѓето кои ги избегнале пороците -луѓето кои ги сакаат животните а не како мене да се плашат од нив Не ги ценам, но им се восхитувам на лажните и превртливи фаци, сакам да сум понекогаш како нив.