Што цените ? Лојалност пред се. Сакам лојални пријатели што не би ме изневериле, па крај на светот да е. Потоа оптимизам. Обожавам луѓе полни со позитивна енергија, им светкаат очите, едноставно: среќни се и го покажуваат тоа. Романтика - толку е ретка во денешново општество, што очајно ми треба. Љубов, бакнежи, прегратки, се тоа. Обичност, скромност и талент за приспособување во било какво друштво. Значи да можеш да бидеш другар и со некој на пониско ниво од твоето, но и со некој на повисоко. Исто така ценам директност, али само за регуларни, секојдневни работи. Ако некој не ме свиѓа, а јас него да, фино лепо ке ми објасни, директноста од тип: не те сакам, чао, пријатно - не ми се свиѓа. Ценам традиционално додворување, т.е старите кавалери, што ке ти отворат врата без да те гледаат во задник. Мислам дека тоа би било тоа.
Што цените ? Ценам: Праведност Смисла за хумор уникатност и досетливост Интелигенција Уметност Добрина Искрејност Луѓе со позитивна енергија Желба за најдоброто Упорност !!!!!!!
Што цените ? Најмногу ја ценам љубовта во човекот. Од првиот разговор ја чувствуваш само неа. Таа е онаа топлина пријатна за срцето која ти премногу впечатлива. Едноставно посакуваш со таа личност да бидеш постојано во близина. А човек што знае да љуби ќе биде искрен, добар, праведен, позитивен и уште повеќе украсен со уште поголеми карактеристики.
Што цените ? Најмногу од се ја ценам искреноста кај луѓето.Нема нешто поубаво од тоа да разговараш со некој кој знаеш дека е искрен,не те лаже,ти мисли се најдобро,а денес тоа е вистинска реткост.Покрај искреноста има и многу други работи што ги ценам.Тука секако е здравјето кое е незаменливо,а ние некогаш воопшто не се грижиме за него зошто сме опседнати со 300 проблеми.Од човековите особини ептен ценам и почитувам амбициозност,лојалност,безусловна љубов,креативност,смисла за хумор и мн др.А кога сме кај материјалните работи морам да кажам дека многу ценам добра штикла
Што цените ? Искреност! Навистина, не постои нешто што ценам или што ми значи повеќе од вистината. Дури и да ме повреди, да ме скрши, пак сум среќна.. најмногу мразам кога ме лажат..
Што цените ? јас ги ценам најмногу луѓето што не бегаат од мене тогаш кога најмногу ми треба помош или некој да е покрај мене. Тогаш и се гледа кој е вистински пројател а кој не е
Што цените ? Најмногу ценам искреност! Колку и да е болна, тажна, никаква јас сакам да ми се каже вистината. Сигурно повеќе би сфатила отколку некоја лага. Мразам лажење, не лажам јас никогаш што некогаш ми е и мана, не сакам ни да ме лажат. Ценам праведност и не разликување на луѓето според облеката. Ценам труд. Премногу! Доколку некој се потрудил за нешто па и никакво да е би го ценела тоа нешто и би му помогнала.