Што цените ? Секој може да те излаже дека оди во црква и/или дека се моли... а што ако некој ги има другите карактеристики, а е атеист или хиндуист, муслиман, итн ..?
Што цените ? најмногу ги ценам искрените луѓе и оние кои ми помогнале во животот и им враќам дупло за добрината нормално со добро
Што цените ? Ценам искреност, мислам дека нема нешто поважно од тоа една личност отворено да ти каже што мисли за тебе, наместо да те матка и да ти зборува зад грб. Ценам лојалност, ако си тука, тука си до крај. Ценам луѓе кои имаат чувства, кои знаат да речат извини, повели, благодарам, те молам. Ценам луѓе што имаат чисто срце. Ценам трудољубивост, амбициозност, вложување во работата. А најмногу од се ги ценам луѓето, што знаат искено да љубат.
Што цените ? Кај луѓето најмногу ги ценам вредностите како што се искреност,верност,трудољубивост ,амбициозност ,друштвеност ,љубезност и чесност .
Што цените ? Најмногу од се ја ценам храброста, храбрите луѓе! Тоа според мене е најголемата вредост на човекот.
Што цените ? Искреност дирекност храброст опуштеност природност праведност луге што стојат зад она што го кажале и имааат свое јас....
Што цените ? Како прво,ценам љубезност. Насмеани луѓе. Хуманост. Почит. Трудољубивост. Праведност. Еве,овие се карактеристиките кои ѓи најмногу ценам
Што цените ? Ценам не нафурани луѓе. Ценам кога забележувам љубов во очите на родителите насочена кон своите деца. Ценам кога луѓето се свои. Ценам добро узо. Ценам добар фустан.
Што цените ? Искреност,мудрост и луѓе кои проценуваат како треба да се однесуваат со различни типови на луѓе притоа не поставувајќи се супериорно кон нив.А најмногу го ценам реципроцитетот во еден однос.
Што цените ? Го ценам животот.Ценам искрена љубов,вистинско пријателство,благодарност,добри дела,среќни моменти,позитивни личности...
Што цените ? Јас ценам: -Благодарност -Искреност -Љубов -Разбирање -Почит -Помагање -Добри дела -Културно однесување -Вистинско пријателство...
Што цените ? Ценам искреност, ќе простам некој кога е искрен со мене колку и да згрешил. Ценам почит. Ценам разбирање и толеранција. Ценам едноставност, благодарност, праведност. Ценам вистински пријателства. Чесност, култура...Ете тоа ценам
Што цените ? Искреноста пред се, потоа вистинско пријателство, искрено и вистинско кажено те сакам. Ценам почит, секаква љубов, ценам луѓе кои ме ценат мене, ценам пристојни девојчиња, оние кои не се соблекуваат за лајкови на фб, на кои не им се најважни парите барем не на моја возраст (16), ценам машки што се храбри, што знаат да пуштат солза кога е потребно, што не се жекари, туку знаат да почитуваат женско.
Што цените ? Искреност и добрина, мудрост, толеранција (во разумни граници), храброст, добра смисла за хумор, посветеност и упорност, сериозност и ноншалантност, искрена насмевка, љубов која постојано се докажува
Што цените ? Го ценам животот,исто така и моите родители,ја ценам искреноста,љубовта,добрината,лојалноста,чесноста,мудроста,храброста.....