Што цените ? Искреност Хуманост Верност Позитивни луѓе Луѓе кои имаат свој став Луѓе со смисла на хумор ... и можам до утре да набројувам
Што цените ? Човечност! И да бидеш свој, а не бледа копија на некој. Амбиција. Борбеност. Уметност! Љубов! Уникатност!
Што цените ? Го ценам мирот, сакам кога е присутен. Ја ценам љубовта и сметам дека без неа не постои внатрешниот мир.Ја ценам смиреноста и знам дека со нервоза ништо не се постигнува а постигнатото е лошо. Ја ценам борбеноста, бидејки без борбеност успехот нема да дојде тукутака!
Што цените ? По не знам кој пат, ИСКРЕНОСТ. Можам се да преживеам над мене се ова што сте го напишале и да прифатам човек со секаква особина. Ама како што ценам искреност, ништо друго. Многу бурно реагирам на лаги. На врвот од се она кое ми се нуди како избор. Сакам да патам од искреност, полесно ми е, отколку да патам од убави лаги... Ценам туѓи соништа... Многу. И ги поддржувам ако се издржани и искрени. Уметност и наука. Едно со друго, никако одделно. Уметник кој само создава уметност,му благодарам што го разубавува само светот, но повеќе од неговото набилдано его не знам како поинаку му помага на светот. Да го разбереме полесно? Светот го разбирам полесно низ науката зошто бара повеќе труд за осозвање на нештата,уметноста додава само бои и субјективност за да остави простор за да сонуваме и да се надеваме. Доверба и дискреција....доволно е кажано. Ма да некогаш некои работи е подобро да бидат кажани особено кога засега туѓ живот и нешто лошо може да се случи,ама зборуваме тука за убави нешта. Љубов. Во било кои форми. Не мора да ми даде некој златни чевли за да знам дека ме сака, не мора некој да издржи некого материјално и финансиски за да му докаже дека го сака. И презирам луѓе кои ја доживуваат единствено на тој начин. Имам познаници кои не си ги сакаат родителите зошто финансиски не ги обезбедиле...за мене се егоцентрични ѓубриња. Некои луѓе пак не знаат да покажат дека љубат, во било која форма,но сепак љубат,ќе им осетиш по душата, колку и да знае да биде дрска и ладна, се плаши да не се скрши себе си,а не вас... Да имаше повеќе љубов во луѓето кон самите себе, па кон собното цвеќе,домашниот миленик, родителите кои грешеле, пријателите кои успевале, луѓето воопшто,светов ќе имаше поинаков тек и план... може ќе беше пак така неинтересен. Самостојност. Не се потребни дополнителни зборови. И при тоа не мислам ко само одделен покрив над глава од родителите и финансиска независност,туку и емоционална како најважна... Отровни вампири се оние зависни луѓе од се и секого кои не знаат да живеат. Хуманост,ама неискажана. Многу пати на фемина ќе прочитам некои потези на феминки кои не бараат јавен повик за хуманитарност,туку како ете нивно дело,од љубов. Им текнало дента моментално дека е убаво некому да помогнеш и ...при тоа да се пофалиш. За мене не се добри луѓе, па се случувало да ценам некого и после таков потег... да престанам да го ценам. Слободоумност...толеранција,флексибилност.
Што цените ? Пред се човечност.Треба да бидеш човек а после се друго. Искреност.Најубаво е кога некоја личност искрено кажува што мисли и што сака а не лажење и лицимерство. Хуманост.Убаво ми е кога гледам дека сеуште има по некој хуман човек на планетата и сака да им помогне на другите. Почит.Секој треба да почитува ако сака да биде почитуван. Љубов.Треба да даваме неизмерно љубов секој ден ако сакаме да ни биде возвратено со дупло повеќе. Свое ЈАС.Секој да го искаже своето мислење без разлика што мислат другите.
Што цените ? Прво и осново човечност....прво човек после се друго. Искреност - ако не си искрен, тогаш не можам да ги ценам зборовите кои немаат тежина. Хуманост...не за џабе рекле старите фрли зад себе да најдеш пред себе. Верност - нема поубаво нешто од чиста и мирна совест. Одговорност - човек што не држи збор не е човек. има уште многу работи кои ги цена...но ова првенствено!!!
Што цените ? Искреност - Една од најважните работи, за една врска од било кое поле да зборуваме е и потребна да опстане. Лојалност. - Се карактеризирам како таква особа, и секако го барам и ценам тоа за возврат. Почит. - Мал гест за голема работа е доволен за мене и можеш да ја заработиш мојата почит. Овие три ги издвоив како најбитни, но секако обраќам внимание и на креативност и амбициозноста. Ценам луѓе со свое јас, не ме интересира дали некој би ги карактеризирал и како арогантни, пошто очигледно ако малку искажиш свое внимание ти лепат етикета арогантен, вообразен а верувам голем број и не го знаат значење на тие два збора. Мразам кога се обидуваш да допринесеш за некоја средина со многубројни идеи, а тој над тебе си ги препишува во негови заслуги. Ужасно мразам луѓе од типот режисери, или тие патолошки лажговци, каде секој ден е нов филм. Доста имам искуство со такви работи, затоа ваљда и степеност на искреност кај особа ми е значително подигнат и важен. Можеби и затоа веќе се ми е поремено, и една мала лага знае да ме откачи. Ги ценам и САКАМ луѓето со позитивна енегија, насмените.. бидејќи не за џабе е кажано позитивниот став е заразен. И на 3-тите болдирани работи погоре, ја додавам и Одговорноста која како особина навистина доста ја ценам. Сакам доколку се решам да замолам услуга од некој, да биде одговорен и ја заврши во рокот на време што сум го замолила, како и други дневни ситуации кој ја опфаќаат оваа особина.
Што цените ? За мене се поаѓа од одговорноста ,одговорна личност се секогаш свесна за своите постапќи.Затоа пред се ценам одговорни личности.
Што цените ? Најмногу ценам искреност. Ценам почитување, доверба, приземност, верност, лојалност и како што спомна погоре една феминка - ценам дискреција.
Што цените ? ... ...искреност,вистина,одговорност,збор кажан од срце,допир од душа,...си го ценам животот,семејството,секој денар заработен со моја пот... ...
Што цените ? Ценам луѓе со големо срце, благородни, кои во секој момент ќе ти подадат рака, фер-плеј играчи, спротивно на манипуланти, прљави играчи, ситни души.
Што цените ? Ценам луѓе кој биле до мене кога ми било тешко,искрени,скормни,верни,одговорни,културни.
Што цените ? Лојалност,искреност,поштувањето,скромност,одговорни луѓе,вистинско пријателство,луѓе од доверба,оние кои ти помагаат во тешки моменти..