Што цените ? Најмногу си го ценам животот, тоа што ме донела мама на овој свет Ценам искреност, креативност, верност, уникатност, тоа што не те занима што зборуваат за тебе некои небитни луѓе, и дефинитивно ценам човек што ги мрази истите работи што и јас
Што цените ? Господ на прво место! ги ценам луѓето кои ме сакаат, најмногу мојата мама која се во животот жртвуваше за среќата моја и на сестра ми, луѓето кои ги сакаат животните и им помогнуваат,таквите луѓе кои се среќни кога некому ќе подарат среќа и тоа им е доволно....
Што цените ? Добрите и искрени луѓе. Моите родители Борбата и истрајноста на оние кои се казнети од животот и судбината .Кога се борат со последниот здив без да скршнат од вистинскиот пат
Што цените ? Искреност, чесност, луѓе кои знаат да сакаат и почитуваат и позитивноста пред се! Само така се успева
Што цените ? Ги ценам луѓето кои ми помагаат ,моите најблиски, ценам искреност, ценам луѓе што се жртвуваат за среќата на други , го ценам дечко ми затоа што е едно најголемо срце
Пред сѐ ја ценам позитивната енергија која една личност ја шири, посебно онаа која не избледува без разлика на околностите и проблемите. Хуманост и подготвеност да се ислуша и помогне без корист и очекување повратна услуга. Лојалност, доверливост и способност за чување тајни. Интелигенција и креативност, смисла за хумор и искреност.