Ценам искреност па макар и болна била Ценам мудрост. Ценам желба да се успее и работење на сопствен успех
.... ми легнуваат при срце луѓе кои се грижат за другите, покажуваат интерес за животот на другите, добри слушатели, покажуваат страст спрема животот, луѓе кои внесуваат топлина во комуникацијата, луѓе кои не се упорни по секоја цена да се докажуваат, посрбно не пред другите. Луѓе кои знаат да се однесуваат во тим, без оглед дали е тоа тим на пријатели, љубовници или колеги... Луѓе кои се вечни ученици , не се срамат да кажат дека не знаат.... Три најомилени карактеристики: Соработливост; човечност; шашава смисла за хумор.
Најмногу од се ја ценам искреноста.Сакам кога некој ми ја кажува вистината во лице па колку и да била болна...
Сакам луѓе кои се искрени кои ја кажуваат вистината без разлика дали е болна или не , т.е ценам луѓе без влакна на јазикот. Верноста и лојалноста исто така се особини кои ги ценам како и дружељубивоста и хуманоста. Луѓе со позитивни мисли, духовити, енергични и хиперактивни кои знаат да уживаат во животот кои се секогаш спремни за нови луди, забавни авантури.
Ценам кога е некој точен и си стои на зборот за кажаното/ветеното. Кога е некој културен и љубезен. Кога е некој поучлив, свесен дека од секого има нешто да научи. Кој ги почитува другите и туѓата приватност, кој има осет за границите во комуникацијата со другите.
Луѓе што имаат свое мислење и нивното мислење не зависи од никого. Луѓе што не го прават ова ми се ... без карактер, матни, без душа, не знам да го објаснам тоа. Луѓе што се држат до ветеното. Луѓе кои имаат емпатија, сочуство и воопшто почит кон луѓето. Искреност, мудрост, добрина итн. Големата иронија е што ова се всушност особини што ги извлеков од луѓето што ги највеќе сакам т.е. особини што тие ги немаат.
Многу ја ценам човечноста и осетот кај луѓето. Ја ценам мудроста и добрата харизма. Позитивноста, добрата мисла и убавиот збор. Начитаноста и речникот кај луѓето. Педантноста, хигиената и вкусот. .. Пред се културата.
Искреност ама денес многу ретко ја има кај луѓето многу мразам неискрени луге Добрината Да имат свое ЈАС
Тешко дека може да биде некој искрен, не верувам во искреност- незнам но сакам луѓе кои се добри, покажуваат добрина со мали добри постапки сакам луѓе кои почитуваат други луѓе, кои знаат да ценат сакам луѓе кои имаат свој став (но не оние надмени ставови, оние со позитивен и добар став)