1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што чека не ми е јасно?

Дискусија во 'Разделби' започната од Blabla77, 9 ноември 2013.

  1. Blabla77

    Blabla77 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Стварно незнам што чека, знам дека ме сака знае дека го сакам.. Сака тој да биде со мене, знае дека сакам и јас со него да бидам.. Сака да се смириме го покажува тоа,но зошто не превземе нешто,зошто?! Треба ли да го чекам или што му е целта...Де некој нека ми даде некој совет,ве моламм...
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Таванот да падни :)
     
  3. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    А ако е таква работава како што кажуваш зошто не си поставиш прашање сама на себе „А што чекам јас?„
    Ако си толку сигурна дека сакате и двајцата да се смирите и ако љубовта е обострана преземи нешто ти.
     
  4. Blabla77

    Blabla77 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Nesakam jas da go pravam prviot chekor..
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Ти несакаш он несака и што праиме сеа?
    Кога знаеш дека сака да биде со тебе тогаш нема што да чекаш, побарај го и смирете се (освен ако не ти згрешил многу, тогаш немој :D )
     
  6. Blabla77

    Blabla77 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ни двајцата не ја знаеме причината за што сме скарани,искрено...
     
  7. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Не сакаш да го направиш првиот чекор, гордоста не ти дозволува.
    Но заради гордоста можеш да ја изгубиш љубовта. Сега ти размисли си што ќе правиш.
    Се најубаво :*
     
  8. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Немој да ти текне баш кога ке биде касно , не се само мажите родени да ведат глава и да молат , некогаш и ние жените треба нештата да ги гледаме од друга страна, па затоа .... ако сакаш да си среќна ... не губи време и јави му се да се видите на кафе :) . Со среќа
     
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Мое мислење - не чекај да го изгубиш ако го сакаш..ќе се каеш еден ден..погази ја гордоста и ти некогаш инает со инает не доведува никаде...Можеби тој чека ти да му се јавиш од кај знаеш? Според мене не чекај само да ти дојде тоа што е твое зграпчи го! ;)
     
  10. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Така е...Не чекај и јави му се...Гордоста и љубовта не одат заедно..Со среќа :)
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.099
    Убаво те советувале феминките. Јави му се, не губиш ништо, барем ќе знаеш на што си. И дека тоа што било во твоја моќ си го направила. Верувај подоцна може да ти биде многу понеубаво ако се прашуваш "што ако се јавев, можеби сега ќе бевме заедно". Ти посакувам многу среќа :*
     
  12. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    И јас сум во слична ситуација феминки, затоа ве молам совет некој, веќе не можам вака.
    Значи Јован го запознав пред година ипол, тој беше несериозен, како и јас, имав дечко кој мислев дека го сакам, но откако се освестив дека всушност сум се заљубила во Јован, сфатив што е љубов. Ми се пушташе пред дечко ми, го засакав иако несвесно.
    По 3 месеца раскинав со тој со којшто идев, па по уште еден месец се фатив со Јован, но поради многу работи кои и онака беа минато, раскинавме. Тука беше вмешана нашата несериозност, ненаситноста, неверствата и преголемата љубомора и измислувања (од страна и на двајцата).
    По 7 месеца, пак се смиривме. Тој ме избриша од фб поради тоа што имав љубовна објава на ѕид од тогашниот нов дечко. Меѓутоа, јас му пишав на Јован, го прашав што како. Сето тоа беше зошто тој веќе имаше појавено знаци дека сака да се смириме. Се видовме по 2 недели и одма се смиривме. Тоа беше грешка, барем јас така мислев, но што да правев тогаш, не можев да издржам, го сакав како и сега. Затоа, по 3 дена му прекинав. Тој нешто цел ден не праеше муабет, а седеше на фб велејќи дека му било лошо, нејќел да праи муабет го болело стомак нз таму што, па јас си поврзав на тоа какви глупости се случуваа порано, му се јавив и му реков дека ќе прекинеме зошто не ме сака. Тој се насмеа, ми рече Аха, тебе љубовта те мачи, ама зошто си ваква, баш убаво ни иде, 3 дена не се караме, тоа е успех, ама ти вака праиш пошто некој друг ти го испрал мозокот, не зашто ме сакаш, добро ај, добра ноќ... Го немаше она што сакав да го слушнам, дека и тој ме сака.
    Му се јавив по недела дена глупава. Се јавив зошто си растурив со еден кој го знам од 3 годинки и со којшто цел живот имавме препреки. Исто така, и онака требаше да завршам средно и да одам на работа во странство, па дај си реков, овие неколку месеци ај, барем Јован да ми биде прв (невина сум). Како и да е, кога му се јавив, му реков да ја прескокнеме дента кога те болеше стомак, а тој ми рече Аха значи сакаш да бидеме другари. Реков да, немав сила да дообјаснувам, а тој ми рече Ти мене не ме сакаш, тебе само ти се праи муабет.
    Бевме така во контакт еден месец со негови 3 љубоморни испади, а мој еден кој беше пресуден. Му реков дека веќе не ме познава (лајка слика на негова бивша која цело време ни праеше проблеми, а ни беше и во друштво).
    Оттогаш, па досеа, значи веќе 7 месеци Јован контактира со мене преку другар му на кој беше љубоморен зошто сум го аднала (го аднав од друга причина, секако поврзана со Јован). Ми пишува од кај него, по телефон кога зборуваме со другарот, овој се избацува од страна и сл. Пред 3 дена му се раздра да ме викне да се видиме за да се здружи со мене најверојатно, но тој се успа и ми откажа. Одма тогаш помина Јован на моторот, беше зачуден зошто ме гледа, па по 10 минути ми врти другар му и ми откажува по вторпат ко да претходно не ми се јавил... Значи Јован отишол кај него, а овој го излажал. Инаку тој другар му многу сака да си фати девојка, сакаше да не смири кога требаше да излезе со другарка ми, но бидејќи таа не сакаше, се испослучи вака.
    Дали треба да и кажам на друга другарка да глуми малце да му праи филмови на другарот дур се здружиме и пак се видам со Јован или нешто друго да направам? Што би можело тоа да биде? Ве молам за совет, не можам да си дозволам пак да почнам прва, мора да изгледа спонтано. Знам дека не вреди, но не заминав во Малта поради овие глупости, сакам да иам мирна душа исчистена од оваа болна љубов кога ќе започнам со студии во Штип ако ништо друго.
     
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не правиш никакви финти со другарка ти и да го користиш кутрото дете за да се здружиш ти со Јован. Може детето после ќе си има надеж. И него ќе го изгубиш како другар.
    Друго: Зошто да се трудиш околу овој Јован? Колку што можев да разберам од постов мислам дека само се заебава со тебе. Несакам да бидам сурова ама не гледаш ли како си игра? Ова е само МОЕ мислење, не мора да е точно. Јас, да сум на твое место, Јован ќе беше одамна избришан. Зошто да се трудиш околу некој само за да го направиш тоа? Баш заради тоа не треба.
    Некој некаде сака вистински да ти биде прв. Не се глупирај, батали го Јован и продолжи си со животот.
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Во право си за се, меѓутоа тој е сменет, а малкумина се менуваат, освен тоа ме сака исто како и јас што го сакам, затоа и се трудам волку, затоа и напишав во оваа тема, бидејќи во оваа една и пол година успеав да заклучам и да се осигурам во тоа дека ме сака, а денес ретко се наоѓа вистинска љубов. Не знам, што очекува тој од мене, што сака да направам, му забранив да контактираме, затоа не може да направи ништо директно. Другарка ме советува да направам лажен профил, а за тоа дека ќе го повредиме другар му, тој не ми е мене баш другар, да ми беше ќе го знаев во живо, но тој само пишува и упорно пишува секогаш зборувајќи ми глупости за Јован или нешто како Леле колку си паметна, и Јован вака вика... Сепак, мене сето ова ми е глупо, затоа побарав совет дали може да се постапи тука на зрел начин.
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ниту мислам дека е сменет, ниту дека те сака колку што го сакаш ти (искрено, ни ти не знам колку го сакаш, си сменала три дечковци во рок од една година; аманте бре деца, кога стигнувате?), туку мислам дека добро глуми.
    И каква вистинска љубов, имаш само 18-19 години. Полека малку.
    Јован може ти е прва љубов. Башка додаваме тука што се знаете од деца. Been there, не ми беше вистинска љубов типот, и во никој случај не заслужуваше првиот пат да ми биде со него. Среќа не ни бидна.
    Ама чисто се сомневам дека ти е вистинска љубов. Пренесериозни сте и двајцата, се карате за глупости, ви сметаат глупости... Заврши го ова поглавје од твојот живот и остави го Јован во него, не го носи со себе на следната страница.
     
    На eloves и 123.Maki-first им се допаѓа ова.
  16. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да го сторам тоа, но не можам, не додека контактирам со другар му... Како да ги прекинам контактите со него на културен начин? И онака тој не ми е другар, само намерно на Јован ме потсетува.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И онака рече дека не го познаваш во живо, претпоставувам на Фејсбук комуницирате. Престани да му враќаш на пораки, не ги отварај, избриши го, блокирај го.... кое било од овие би било решение. По секако никаков фактор не е детево во твојот живот, нема потреба да се потресуваш околу тоа како ќе ја прекинеш вашата комуникација.
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.