Ама знаете па што е смешно? Демек многу работат за ниски плати. А тоа што грешат бројки и букви и мора да им се враќаш по пеесе пати за еден документ... буквално сами си отвораат повеќе работа
И шо мајка да се бара тука? Да ви кажам само со извинение ама за 10 години само неписмени ќе останат тука и приглупи што секој ден ќе штрајкуваат.
Колкава плата сакаат, баш ме интересира? Одиш да вадиш документ, 5 пати те враќаат.. ни самите не знаат што стварно ти треба, од три шалтери само еден човек работи.
Мене нешто не ми е јасно. Како не ги мрзи да не работат? Абе ја еден ден да неам раб мислам на психијатар ќе завршам. Да чмаам осум саати и нишо да не праам ќе се мрднам чоече...
Последно кога вадевме извод од венчани, четворица внатре. Еден кафе вари на плинско, една не меркаше од глава до пети цело време, една не прашуваше каде сме сега, што работиме, се исплаќа ли животот надвор од Мк, дали ни останувале пари на крај на месец и такви ствари и четвртиот работа ни заврши. 20 минути четворица еден извод извадија, толку.
Требало да му речеш вас поарно ви е овде Имбецили бе За такви ко нив само у мкд има раб а тој што ви завршил раб не бил партиски ..
Политиката да се распадне Вајлдке, политиката во државава и трулиот систем. И на Македонија и е скурчено од мизернава политика.
Јас мислам и матичарот да не венчава појќе.... нема мажење/женење дури не се дај 50% и точка. Кој се зел до сега, арно... другите мислете му ја.
Јас кога се регистрирав матичарот не ни дојде. Таа на шалтер документи што собира не регистрираше. Потпиши се ти тука ти тука ај со здравје. Нека им се покачи може за другите ќе идат
Во право се, треба да им го вреднуваме трудот на работниците. Голем труд е сами да си отвараат повеќе работа заради нивната неписменост и неодговорност.