Ај да не зборам ама тука се ги изнапикаа од рамковен, директор, шеф .. така да и вработените што шеткаат се тие, затоа оние старине неколку души што се пред пензија работат и за нив , другово се неписмено не знае ни да збори и не се замара ни да научи. Инаку платите се стварно ниски 14,5 илјади ако имаш минат труд ќе стигнеш до минималец.
Не Македонија. Да дај Господ побрзо да се распаднат овие полтрон криминални партии, кои го доведоа овој народ на питачки стап последниве 30 години, изнапикаа еден куп полуписмени во државна администрација и работат се за да ја снема државата. Па да си одговараат по закон за сите криминали и работење против Македонија и нејзиното постоење. Рестарт ни треба!
Сите партии се исти. Секогаш биле. Секогаш ќе бидат. Каков народ, таквви партии, таква власт. Сигурно нема во Македонија да ни 'никнат' политичари со скандинавски квалитет... со македонски ќе си се.
Тие скандинавските партии го копирале системот од Југославија на кого му се восхитувале пред 40 години и го имплементирале кај нив. До тогаш немале никаков квалитет и стандард на живот. Тоа не значи дека народот преку ноќ се опаметил, развил некоја повисока свест, а нашиов во толку краток период станал глуп. Системски се прави тоа од луѓе кои се на функции и работат против интересите на својата држава. Народ како народ, во сите земји е просечен и не донесува ама буквално никакви одлуки. Како ќе го водиш, таков ќе биде. Рибата смрди од главата.
Да бе... така беше. Го имавме ние системот, ако бевме способни, ќе го одржевме. Не бевме. Тие се. Фак ит, немаме чувство за заедница. Зато е се' корумпирано и секој се снаоѓа како шо можи.
Пријател сегде можеш да најдеш, ама ако пријателот заради тебе прекшри правило или закон ќе лета од работа а миже и во затвор ќе легне. Значи пак е до државата, народот ќе си се прилагоди. Еве нашите се прилагодуваат на запад, и тука да не се толерираат враки нема да фаќаат врски.
ама одат по линија на помал отпор. Можат да одберат да платат казна, да чекаат во ред. Оти свесно кршат правила? Не ги тера некој насила. Всушност, сите го прават истото. И затоа, од таков народ, такви политичари излегуваат.
Леле овие ненормални се… колку збрки ни направија со штрајков немам коментар! И тоа ќе штрајкувале од 16 до 17 часот, а пред тоа ќе седеле заклучени во управите и не работеле ништо. Како да претходно работеле нешто ама ај.. За едни документи одев секој ден десет дена затоа што се нешто им фалеше или системот и беше паднат за последниот ден да ми рече господинот: Лелее ти пак тука, како не ти здосади да идеш.. е тогаш голема стана мислиш јас сакам да идам, абе бог да чува се… хахаха Не знам колку време ќе траел, првично 3 недели мислам дека рекоа? Ние чекавме за извод и матичен број за бебето да ни извадат, сега мора да одложиме одмор за Македонија затоа што ако не престане штрајкот и не добиеме извод, не можеме да се вратиме назад. Толкава организација, крштевка, карти, одмор, сите се радуваат оти ќе го видат прв пат бебето и на овие им текна сега.. Срам да им е! Секоја чест на исклучоците ама моето досегашно искуство кажува дека и тие 15.000 им се многу!
Епа затоа Вајлд има разлика меѓу земјата и државата. Земјата си е прекрасна, државата не чини, но дури и да се распадне, што вреди, кој ќе ја подигне? Комшија добар ден не ти вика у влез кога ќе те сретне, тоа сме ние, и не ни е до толку лоша државата со оглед на тоа какви сме ние.
Како нешто да работеле, па ај сега повисоки плати да земаат. За еден извод да подигнеш, треба да ги чекаш и повеќе од предвиденото, а за пари зимање се први. Ама важно муабетот и кафенцето на најјако. Се надевам дека има исклучоци, но генерално знаеме како стојат работите во нашата држава.