Прво треба да најдеш некој по грешка што се нашол на шалтер, оти шалтерите кога и да идам празни се, пауза прават
Колку се неписмени, и плата не треба да земаат, 20 дена чекаме за извор да ни дадат, а три минути им требаат за да го испечатат и потпис да стават, и уште повисока плата сакале.. Мрш, нема за вас повисока плата, и таа ви е многу..
Си седел некој во штабот на ВМРО и си мислел: “Чеј како да ја заебиме работата и да ја турниме власта? Ај ќе ги надупиме да штрајкуваат овие, оние и тие другите.“ И оооп! Уште толку омраза и поделеност меѓу народот напраја. Мамето ни се еба со неспособна власт и неспособна опозиција. 30+ години повуци-потегни
Море мрш таму тие ќе штрајкувале, треба фала да ни кажат нас граѓаните што ги тинтариме по месец дена за еден извод и тоа со згрешен матичен број па ајде уште две недели наново. Нека работат професионално нека си ја бркаат работата како што треба после и јас ќе ги подржам и ќе речам се борат за своите права и заслужуваат поголема плата, но дури се вакви и тоа е многу за нив.
Ајде да типуваме, да се обложуваме... таква ни е нацијата, коцкарска!!! Кој ќе биде следен: Јас викам бирото за вработување или УЈП!!! Кој ќе погоди, тој ќе победи а победникот добива - ништо
Цела администрација може да штрајкува оти се сложни. Да се рече штрајк во приватен сектор, одма во секоја фирма некои како пи*ки ќе се повлечат за на тој начин да го излижат задникот на газдите. Да има слога, никој газда неможе ништо. На крај, сите овие партиски џаболебари ќе издејствуваат покачување на наш терет. Државата нема пари ама ќе најде, ќе го осиромаши приватниот сектор преку некои дополнителни давачки за да ги задоволи оние кои најмалку заслужуваат.
Земја дембелија. Којзнае какви весели математики на опозицијата стојат зад штрајковите, ама знаејќи ги и нив, ниту од ова ништо нема да им излезе според пресметките.
Made my day Добро бе, мачка да ја пуштиш да прошета на тастатура поточно ќе откуца документ него овие
Јас знам за странци кои доаѓаат во државава на одмор и почитуваат правила ден, два, додека не сфатат дека е се корумпирано и подмитливо, па и самите повеќе не почитуваат ниту закони, ниту правила, ниту чекаат ред кога може да потплатат администратор, полицаец, доктор за да завршат некоја услуга која би се завршила без проблем да не беше оваков системот... Така да нема врска колку е цивилизиран народот, туку каков е системот и дали е заснован на правда и закони, или на корупција. 30 години во државава се ветува од секоја власт дека ќе ја намалат корупцијата, ќе го средат судството, образованието, а со секоја измината година живееме се по неправедно. Ете последно не прогласија и за хибридно општество, не за демократија. Сите знаеме дека администрацијата не чини, дека не работат, дека има премногу кадар таму... И наместо да се среди, да се почитуваат законите, да се прими соодветен кадар без партиски врски, а останатиот кадар да се распореди на други места или отпушти од работа, па кога ќе е поефикасно, ќе може и да им се зголеми платата, кај нас се примаат уште повеќе работници кои ќе клатат врата и ќе земаат плата. Ама добро, народот не чини што се пика преку ред да заврши некоја работа, или тој обичниот службеник таму вработен од Свирипичино партиски што не знае еден документ да издаде, и самиот не знае како се нашол, додека паметни деца ни бегаат во странство пошто не можат овде работа да најдат... Ич не е крива владата што баш го овозможува тоа. Мхм... Ама ајде, фрли ја целата кривица на народот, и кради уште повеќе. Веќе видено сценарио...