Леле луѓе и ова се деси пратете: Има реакции за грешки во документите што ги издаваме, но кој работи и греши. Нашата работа не е едноставна.
Кој работи греши два три пати у годината. Ајде и 10-20, 50 Не неколку 1000 пати. Не се исклучоци тие грешки.
ова кој работи тој и греши мислам е измислено за родителите да не си ги обесхрабрат децата КОГА УЧАТ ОСНОВНИ ЛАЈФСКИЛС.
Абе види, се дешаваат секаде грешки. И да беа 10тина документи у годината згрешени немаше да е проблем. Ама 20 илјади А и после ради тие грешки други проблеми ти се прават. Како оваа што била у брак со свекрвата у матично. Подоле имаше коментар дека пропуштиле субвенциија за купи куќа купи стан и не можеле да го запишат сопругот како татко на детето. А да се едитирам. Имаше лани случај починал некој човек ама у матично стоело дека се умрени и он и жена му негова па женава со месеци пензија не добивала. Прво не знаела што е, отишла и ѝ рекле "Па вие госпоѓо сте почината според документиве" Што се случи после не знам.
Замисли очи неќеш да си видиш со свекрва ти, а тие у брак ве ставиле Можда било прилика да се зближат #ВоСекоеЛошоИмаНештоДобро.
Лудо е тоа што го прават таму, мене кај ми згрешија документ со адреса ме сравија на сосема 3та адреса, башка и кога отидов да извадам извод со ново презиме со оригинал документ од матично во делот на забелепка стои "/" дечкото не сакаше да ми извади документи бидејќи имало "/" и документот не бил валиден, додека се разбравме заврши работното време... Исто имав случка каде што не можевме да извадиме умреница за дедо ми бидејќи неговата мајка се викала Трајанка, а и баба ми (жена на дедо ми) се вика Трајанка и упорно ѓоспоЖата што работи таму ми викаше дека не може затоа што снаата и свекрвата не можеле да се викаат исто па ај ти оди оправај се, па носев милион документи да и докажам дека може и свекрвата и снаата да носат исто име.... И уште мал милион работи има таму....
Леле бе леле Значи добро е што немаме јас и будуча свекрва исти имиња да се карам утре таму која е која Или дечко ми и некој од моите. Туку не сум сигурна колку точно се работни денови у годината ама ако земеме 250, а 20000 погрешни документи се годишно, тоа ти се 80 погрешни документи у еден ден. Куку нонен.
Хахах се што имам преживеано со нив добро е што не сум ги потепала, мораш да се правдаш зошто има "/" во забелешка и дали дпкументот е "Валиден" и зошто баба ми и свекрва и се викале исто.... Моја чудесна земјо... Пола од нив да ги прашате не знаат ни кај се вработени и на кои позиции...
Не знам за овие, ама поздрав до вработените во ФЗОМ, дечки ве молам пишувајте лично име и презиме како што треба. Сериозен проблем е да примиме човек кој се вика Среќко, а вие сте го напишале Сречко, Срекјко, или некој што се презива Станојевиќ, напишан Станојевич, Станојевикј. Или Трпе-У итн. Ние немаме привилегии да менуваме лични податоци, плс бидете фини и користете кирилични букви како што треба
Ионака ништо не работат. Платив на интернет за извод. Системот вели ќе добиеш е-маил. Е-маил не добив. Бев лично по 3 недели. Велат немале формулари. Ѕвонев упорно. Телефонскиот број не прима повици - тоа им е финта на државните институции - ја исклучуваат централата. На електронска пошта никој не одговара. По 6 недели добив некој на телефон. Рекоја почекајте. Реагирав немам преку 1 месец. Оставив број. Попладнето се јавија дека е готово.
А тоа Јто никако да го стават во презимето,па кога странци ќе побараат од нив образложение зошто еден документ е со Ј,а друг не е им треба 3 месеци да го одговорат тоа прашање!И мува е ги лази што по дипломатски пат се чека...
Општо ФЗОМ е хаос со лични податоци, кои никој освен нив не може да ги корегира... па имаме Трпе ТрпеновскА после.
Едни познајници им умре член од семејството, се пријави смртта со документ мртовечка придружница, ама потоа паметниве од управава за матични книги им бараат и отпусна листа од болницата каде умрел. Е што, да не оздраве и оживеа во меѓувреме?
И кај мене до пред некое време беше вака. На упатите од матичната презимето во машки род. И ја прашувам зашто вака, вика вака стои во податоци. После не знам што се случи ама се поправи некако