Штрајков ме асоцира на себичност и лакомост. Ако некому треба да му се покачи платата дефинитивно тоа се вработените по маркетите. Ги утепаа од работа последниве две години во пандемијава, а не некој кој две години си поминува како низ ред. *Одделена дискусија од Сакам да кажам... и Ние околу и преку 40 години...
Во моети училиште (средно) покачување заслужуваат само 2ца професори.. од 20-30... има некој што не држат воопшто часови а си седат во канцеларија и земаат иста плата. Во 4 години само 2ца се трудеа да излезиме со знаење, другиве не идете на прв, нема поправање немам време, неделава не идам и сл... ужас! Смешно е што баш тие истите се жалат за платата, а да ги прашаш на која основа...
Така е, девојко, многу малку квалитетен кадар има во образовните институции. Наставници кои се трудат и пренесуваат знаење дури и на најслабите ученици, оние кои со убав збор успеваат да допрат до секој ученик, да им останат убаво сеќавање на оние кои некогаш ги учеле, а се веќе возрасни. Само тие го заслужуваат покачувањето.
Значи треба овие квалитетните за кило кикирики да работат од љубов и посветеност? Образованието е клучна работа за секоја држава. Фактот што кај нас е толку потценето се одразува во секоја можна сфера. За јајце-кокошка ситуација се работи. Ако државата одлучи да инвестира во образованието, ќе се зголеми конкуренцијата, со тоа и ќе се зголеми квалитетот. Причината поради која во најголем дел имаме неспособни луѓе како наставници е што на ниеден способен на крај памет не би му паднало да работи за таква мизерна плата. А најтрагично од целава ситуација е што толку сме накострешени ко народ што место да се поддржуваме меѓу себе пред државата, ние први сме меѓу себе да си ископаме очи и да се нарекуваме ненаситни. Ако сакате квалитет логично е да го поддржите штрајкот, а не да одредувате кој заслужил и кој не заслужил.
Нека им зголемат плати и готово. @LiliBoz не си единствена. Сите родители се со исто мислење. Нека скратат од пратенициве нека дадат на даскаливе.
Пред тоа треба да се зголеми контрола на квалитет на тие што предаваат. Нека направат чистка на сите што не ја заслужуваат ни работата, а не пак покачување, па после нека им даваат 1000 евра плата, од срце ќе ми е драго.
Се согласувам. Не се сите еднакво квалитетни. За да бидеш просветен работник треба да ја сакааш таа струка. А не пикнато и шуто и рогато. Инаку во школи во општини кај што е СДС се одржува настава а кај што е ВМРО не. Ај тоа објаснете ми го.
За 4 сати на работа 25 илјади се таман. Второ, тие пато до на работа 2 години го имаа забораено, сега меѓу првите да им покачиме плата. Нема грешка.
Ги разбирам и ги поддржувам. Секој треба да има достоинствена плата ,но прво нека ги исчистат сите кои им ја срамат професијата. Но ,многу е нехумано и безобразно врз грбот на децата и родителите да бараат повисоки плати. Некако ,како баш гајле да им е што имаат хумана професија и што работат со нај деликатните битија.
Точно, цела пандемија ја преседоа дома, еве 10 %, толку и велеа дека ќе прифатат, ама видоа дека може преку децата да добијат и ајде 18 % сега. Не е фер, прво чистка, после да и 1000 е нека им дадат. И се вадат дека деца описменувале. Јас би рекла, некои да, некои не. Цело време слушам колку им е тешка и стресна работата, а всушност ја имаат најубавата работа. И извинете ама си играат балет со родителите.
Предупредија од Уницеф дека штрајкот не треба да продолжи заради доброто на децата. Имале право на штрајк, ко децата да немаат право на образование
Седум дена не не побара учителката..ни на пораки враќа.. Предмалку разговарала со една мајка и уз муабет нафрлила као ние сме криви не сме ги пуштале децата на училиште... Алооо! Ако сакаше да држи наставабќе прашаше шо е проблемот? Зошто не идат децата? Истата таа ги врати во понеделникот единствените 4деца шо се појавија. Зошто не си одржа часови?! Уште кривци ќе не вади..
И овде имаше штрајк, ама само еден ден и оние деца кои немаа кој да ги гледа, беа згрижени од дежурни, и во училиштата и во градинките. И тоа предтходно прво ова се уреди, се прашуваа родителите за да се направат групи и реорганизираат. Училиштето на син ми одлучија да не штрајкува, ама сите останати беа вака организирани.
За тоа колку ви се писмени децата прашајте ги оние кои од прекрасен систем го донесоа Кембриџ системот. Децата се преоптеретени. Со неполни 6 години не се оди на школо. Што фалеше на 8 годишното основно школо? Така да, таму барајте ги виновниците за квалитетот на образованјето на децата. Мила ќе воведуваше дигитални учебници. Оф мајко мила. Школине кровови немаат ама важно децата на таблети да учат. Многу работи треба да се сменат тука.