Камо да бев преку рамковен... немаше ни да се појавувам. Работам работа која се работи. Не се зафркавам да филозофирам на интернет 24/7/365-6. Детали не се битни. Битно е работам. Сега послободно. Затоа пишувам.
Лелее не можам, за дете од 10 години да потпишат договор дека нема да ја напушти земјата. Подобро не ги кажувај мислењава надвор од форумов, барем не те знаеме тука.
Многу троши оваа држава на образование, дури помалку од 1% од вкупниот буџет на државата е одвоено за него, дај скроз да го укинеме, ако не
Јас предлагам она што мислам дека е попрактично. Никој не терам да верува ниту омаловажувам ако мисли спротивно. 21-ви век не е кај нас. Поблиску е до 17-ти или помалку. Што добиваме со толку кадар? Никој ништо не работи. А за факултети, не се плаќа реална цена туку партиципација. Иначе, надвор колку би платиле да студирате?
Извинете, јас не тролам. Јас дискутирам. Ако не сакате да ме читате, не Ве приморувам. Мене никој администратор не ми кажа дека не смеам повеќе. Убав Ви ден.
Тамам пошто сме ко во 17ти, со твоите предлози, во 1ви век ќе се вратиме. Та дури и робови ќе имаме. Не ти е во ред резонирањето. Ако не ми верваш мене, прочитај статистики за земји со голем процент необразовани луѓе, па ќе видиш како изгледа.
Па види, јас кога бев на училиште, ни правеја да работиме - работни акции, собирање суровини, питање за црвен крст и сл. Бесполезно за мене, ама учи на работни навики. Не треба од 6 да работат, ама според мене од 14-16 не е лошо да се ангажираат некако, помалку секако, за да имаат работни навики.
Извинете, јас дискутирам. Не ве терам сосила да ме читате. Ако не ви е интересно, предлагам да ме одминете. Убав ви ден.
Па ако се ценети и работни места без факултет, нема толку луѓе да одат задолжително на факултет, логично. Надвор има и поефтини/иста цена факултети од кај нас.А подобри.
Извини, ама ако пишуваш на јавен форум, и ќе те читаме и ќе те цитираме и ќе ти кажуваме дека траскаш зелени (ако мислиме дека траскаш зелени, а траскаш, дотука бива)
Ај на страна малку од професорите и наставниците. Дали мислите дека вработена во градинка како негователка треба да зима минимална плата, еднаква со чистачката. Обврска има да нахрани 3 пати во денот 30 деца, да ги пресоблече сите тие деца, да ги изнесе надвор кога е убаво времето, да ги изигра, да спушти 30 кревети да облече пижами на 30 деца, да ги успие и кога ќе станат да ги крене сите 30 кревети, да ги среди децата и да ги испрати на родителите здрави и живи. Обврската на чистачките е да измете после ручек, со молење еднаш неделно да го исчисти вцто и да го исфрли ѓубрето. Дали е фер и таа и таа да зимаат 18 000 плата?
Епа или тролаш или си Грујо штом ти текнала ваква генијална идеја како луѓето да ги заглавиш во Македонија
Благодарам што ме запознавте со Вашето мислење. Како тогаш да се реши проблемот со штрајкот на просветни работници? Дали вие сте согласни да плаќате 20% повеќе данок?