Хммм на пример што е вишак и не го бива да се избрка, кој заслужил, нека му покачат и да има строги услови за да бидеш наставник.
Зависи, некои можеби сакаат да одат на факултет за да се сфатат подобро себеси и општеството. Има сешто по светов. А ако можат надвор, нека одат слободно. Ама да не бараат оттука бесплатно образование.
Се сложувам и јас, затоа и пишав, и многу коментари беа насочени кон тоа, според мерит систем, резултати. Ајде прво чистка, да се одвојат работници од неработници и така ќе има пари за високи плати.
Исто и јас вас. Колку ваше право, толку и мое. Не ве терам да се согласите со мене. Јас дискутирам на темата штрајк на просветни работници. Проблеми има. Јас предлагам решенија. Некогаш решенијато, колку и да се болни и неомилени, сепак се крајно потребни.
Тоа што можеби се ниски даноците не значи дека евтино живееме. Ние и онака имаме поскапи цени во сооднос со плата споредено со други европски земји
Не сум за тоа да ги заглавам. Туку да ги охрабрам да останат. Никој никого сосила не држи. Ама ако веќе одат зошто да плаќам за нив? Да бев Грујо, ќе скокнев во Дунав досега.
Точно, се согласувам. Им плаќаме провизии на трговците. Затоа има шопинг тури Солун, Софија, Србија. Малку повеќе од тоа па ќе видиме како паѓаат цените. Како што се намалија цени во екот на рестрикции и криза заради ковид па пак опстоија повеќето трговци.
Лесно е. Треба П-А-Р-И. Ама од каде? Треба производство. За тоа работници. Од каде? Да ги увезиме од афганистан?
Де бре едвај тргнаа на школо, па и ги пуштиле. Како тоа ги пуштиле, а другите пет часа? Што дадоа како образложение за "пуштањето"?
Ај вака ќе ти кажам, ние сме во топ 10 гимназиите во државата. Па ти види кај сме. А ти сигурно наставник не си. Ти си партиски опортунист кој ја користи секоја прилика да му се додвори на партискиот врв и да добие функција. Тоа е единствената причина зошто некој, кој има решение на неопределено и себеси се смета за професионалец, би се одлучил да си ги предаде колегите и да не учествува во штрајкот. Демек не сакаш поголема плата!? Лажи некој друг, мене не. Можеш да наоѓаш изговори колку сакаш, тоа е вистината. Ако навистина работиш во училиште, се надевам дека колегите многу бргу ќе ти дадат до знаење каква личност си.
Не е фер. Ама, трошоците за живот растат. Со 18000 нема да опстани. Според степенот на сложеност треба повеќе плата за негователката, ама вака како што е, ќе дадат 18001 денари. Повеќе нема без кусење во други сегменти.
До вчера ломотеа како не смеат да работат за време на штрајк зашто од таму и таму им кажале дека мора да се штрајкува иначе ќе ги пријават. Ама сега кога мора да работат, а НЕ работат, нешто не им е страв од пријави. Ах и почит сакале после
Е па, ајде конечно народе на улица, да ги нападиме сите криминалци политичари и бизнисмени. И полицијата да не ги штити туку прва да ги апси. И чаушеску во романија така заврши.
Но, некој зема плата за да биде "за никаде". Пак се родителите и децата криви, ова е просто неверојатно!