1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Баш така!

    Овде читам ги обвинуваат наставниците зошто не штрајкуваат и за реформи во образованието заедно со штрајкот за платите, кога падот на квалитетот на образованието во земјава е баш поради воведување нови реформи премногу често а без да се калкулира каков ефект имаат, туку повеќе се популистички и политички мотивирани.
    Имање достоинствено и квалитетно образование нѐ засега сите кои живееме тука, не само работниците кои го спроведуваат. Сега е моментот да се направи притисок на ова поле и со подршка на штрајкот да се издејствуваат промени кои ќе бидат во интерес на сите.

    Баш ме интересира колку администрација, комисии, одбори и други цицки закачени за него брои министерството за образование? Колку трошат на тендери, а колку им е буџетот, да се најде и да се елиминираат причините кои придонесуваат кон неефикасност на системот. Тоа треба да се деси и да се притиска во тој правец.
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Како тоа не ти е дозволено да ги запишуваш? Учениците не се тие што штрајкуваат. Официјално скоро сите школи и градинки инсистираат да доаѓаат децата секој ден и сите до сега биле згрижени или евидентирани.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    13.995
    Пол:
    Машки
    Мене многу јасен ми е менталитетот на населението, затоа во една друга тема напишав 5000 евра да ми е плата не останувам овде, ако не во образование ќе заглавиш со здравство, ако не со здравство со полиција итн., ама шо да им се каже на родителите шо се бунат? Запиши ги децата во приватно училиште или во странство? Мора да се подигне свеста малку, оти од изговори аир не видовме. Ех, каде е Словенија, а каде сме ние денес.
     
    На Bezimenka90, Ugly Duckling, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Треба поголеми плати.
    Отпуштање на вишокот кадар.
    Квалификуван кадар.
    Подобри услови за работа.
    Нова, интерактивна програма.
    И најбитно, да престане да се вработува преку партија и врски!

    Знајте кога ова?
    Ко ќе си го видам тилот.

    п.с. Сите сме криви за то на кое дереџе сме.
    Џабе вперувате прсти едни, во други.
     
    На Harper, duffi, Kitten и 15 други им се допаѓа ова.
  5. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Една информација која е несигурна. Децата ќе одат и во сабота на училиште за да го надополнат изгубеното.
     
  6. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Сите сме криви, тотално точно. Вајлд, уште да ни преработи совеста. За жал моќта е секогаш во рацете на паразитите. Ова сето е спроводливо само вака пишано.

    И имаше една слика како да падне системот. Беше со (парафразирам): самоедукација на децата, домашно производство, отфрлување на гледањето на телевизијата и сл. И вака кога размислувам, подобро е децата дома да си ги учиме. Барем знам дека утре друг ден детето ќе го научам една негација одделно да пишува, отколку да ми го учат со незнам.
     
    На Abel и Idedemja им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Не би се согласила со делот дека дома поарно ќе го научам.
    Од џебот го плаќаме образованието, треба да ни се исплатат парите што ги инвестираме во него.

    Моментално не им се исплаќа ни на кадарот, ни на родителите.
    Ама која и да е власт, има обезбедено гласачко тело.
    Е то изгледа, се исплати повеќе од тоа што е битно во државава, која по Устав се декларира како Социјална.

    *Ме тера на псуење.
    Поарно да не коментирам на темава.
     
  8. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Па ако правиме споредба со денешното образование, сметам дека моето би го воспитала и научила подобро дома отколку на училиште. Од џебот се плаќа, ама гледаме некоја промена, некое знаење? Не би рекла баш.

    Јас не признавам воспитувач/наставник/професор што има партиска позадина. Затоа ни се случува ова.
     
    На Idedemja и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.906
    Допаѓања:
    203.126
    Пол:
    Женски
    Како па да не. Од градинка и од школо стриктно нагласија да не се носат децата. Петокот пред да почне штрајкот, во градинка ни нагласија и воспитувачката и негувателката да не ги носиме од понеделник. Оти нема кој да ги чува.

    Исто и во училиштето, наставничката петокот на родителска кажа да не ги пуштаме децата и да следиме вести за да знаеме како понатаму.

    Не знам како е во други градинки и училишта, во овие кај што одат моите вака е. Среќа што имам кој да ми ги чува, ама што со оние кои немаат? Секој ден се прашува во групите, секој ден се јавува некој во градинката, ништо, тотално сме игнорирани. Децава мои не сакаат да седат дома, ама седат, од што немаат избор.
     
    На theowndemon, Harper, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.967
    И тогаш Лазар стана претседател на родителски совет и реши проблем :D
     
    Последна измена: 18 април 2022
  11. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Има квалитетен кадар во школите капа им симнувам ама има и дно од наставници, еве мене лично Јаким Неделков (секој ден што е на тв) ми беше наставник, за до душа од 4 години 1 го видовме и поима немапе што и како правиме и кој сме во клас он уште тогаш се бунеше дека немало да држи часови му била мала платата (ова ви кажувам пред едно 10 или 15 години)
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    Ќе се пролонгира и запишувањето на првачиња оваа година претпоставувам?
    Знае некој нешто за ова?
     
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Го подржувам штрајкот за оние кои ставрно заслужуваат.
    Нека се истребат оние кои се вработени а немаат ни П од просветен работник, сите ние здружено ќе им се приклучиме. Пример ќе ја земам учителката на моето дете. По незаинтересиран човек за својаа работа мислам дека не постои. Прва година и е на работа, второ одд. води. Ама дека мајка и била нешто во СДС сега ќе ја трпиме. И децата многу сеќаваат дека не се замара, не ја бива и не е заинтересираа воопшто да работи. Ама ете и она штрајкува.
    - Но и реална да бидам да ги вратат дел од платите за време на пандемија кога седеа дома и зимаа плата .
     
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Во Велес градинката прима деца , ги згрижуваат воспитувачките кои не се членови на СОНК. Исто и во средните и основните. Часеви држат оние професори кои не се членови на СОНК.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.957
    Пол:
    Женски
    Проблемот се „реши„ кога излегоа родителите пред ТВ, претходно сите се правеа дека не знаат.
    Не знам кој е Лазар ниту кои се членови на родителски совет. Претпоставувам партиски се и тие, како и се во државава :(
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.957
    Пол:
    Женски
    Ова знаеш колкава глупост е? И скроз не фер кон децата?
    Внуките ми се средношколки, одат во школо секој ден, ама.... поголемиот дел од денот се шлаат по ходници или дремат во училна, оти пример имаат прв час од нештрајкувач, па после дури петти час. Во меѓувреме дремат. Ова убаво ви е?
    Па уште некој се осмелува да го впери прстот кон децата кои не доаѓале? Зошто да доаѓаат? Да дремат вака по училни или по околните кафулиња?
     
    На Harper, duffi, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Ги однесов утрово децата, и видов дека многу деца одат. Три учителки видов, насмеани им помагаа..се надевам дека добро ќе поминат денес. Алал да им е..
     
    На duffi, JuLleE, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ако имаат само пети час само час, нека одат тогаш. Што знам што да речам. Кај мене се мали. Едното во градинка, другото второ.
    Дека не е убаво така, не е . Ама ситуацијата е ваква за жал.
    Кај мене оди во градинка 40 деца заедно со 5 учителки. Ковид мерките не ги коментирам кои ги спроведуваа, сега мистериозно не важат.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.967
    Не, не е партиски ставен сигурно, секогаш тера правда по секоја цена. Зборуваше на тв во име на училиштето како потпретседател на совет.
    Муабетот ми е, кој го следи на Фб знае колку е напорен за сите прашања и од централна и од локална власт, ама изглеа така мора сите да правиме за да мрднат работиве.

    https://telma.com.mk/2022/02/02/наставничка-по-математика-навредува/
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Ќе треба да ги вратат ако важат мерките :)