Може да ти реплицирам, ама навистина да прочиташ што ти пишувам. Не треба професор да прави сопствена презентација, доволно е што се потрудил да најде презентација за да ги анимира учениците. Тоа дали сам ја направил, за постигнување на целите на учениците е небитно. Друга работа, ова го прават наставниците од цел свет. Дури има сајтови каде што бесплатно или за пари се споделуваат вакви материјали. Знаете дека има професори што предаваат на 300 ученици, има професори што предаваат на 100. Земаат иста плата, ама обемот на работа не е ист. Има професори на кои им се дадени 7-8 различни наставни програми, има професори што работат по 2-3 програми. Земаат иста плата. Значи некој располага со повеќе време да направи презентација, а некој пак може да ја искористи таа презентација. Тука ученикот не губи ништо. Во врска со изработка на тестовите, тоа воопшто не би требало да е работа на професорот, туку на советниците во БРО по тој предмет. На тој начин, би имале стандардизирани тестови за сите ученици како во поразвиените образовни системи.
Предложи да е до 8-мо. Како сакаш. Твое право на мислење Иако по ново тоа е до 9-то. За крадење сме криви самите, треба народот на улица, а цајканите да не ги штитат политичарите туку први да ги апсат. Ионака политичарите одма би ги пуштиле полицајците во смрт во некоја местенка за вештачка политичка криза само за да можат и 1 минута повеќе да опстојат на власт.
Кој народ, 400000 администрација што уствари ги носи истите на власт? Уште тие се останати во земјава и ние што во моментов бараме излез.
Од многу образование ете до каде сме. Нема кој да работи, да рмба. Јас сум за кратење трошоци. И на начинот кој го предлагам. Прашање е колку образование е воопшто доволно? Можеби со помалку но поквалитетно и попрактично образование ќе се постигне повеќе.
Во ред. Тогаш ваша обврска е? Не правете презентации, тестови, дома родителите требало децата да си ги подучуваат. Ете сега ќе ти кажам еден најпрост пример, секој професор не бара исто од истиот материјал. Пример земи двајца професори по биологија да прават презентација на една иста тема. Мислиш истата презентација ќе е? Не. Материјал е исто, ама слики, анимации и видеа сите професори исто користите? Интересно Па зошто тогаш не се признаваат исти семинарски и презентации пример на факс? Нели е аналогно на ова што го збориш? И се потрудив да прочитам за разлика од твојата колешка наставничка која ја мрзи пост да прочита тука, не дај Боже нешто повеќе. Ете одговор на твоето претходно прашање за кое немав план да одговорам
Релативно бесплатно школство, имено гарантирано средно образование. Бесплатно социјално осигурување - за сиромашни социјална помош. Релативно бесплатно здравство - ако те удри кола на улица, те носат во болница, не те прашуваат дали си осигурана или дали имаш пари да платиш за лечење. И пристап до чиста вода за пиење. Има земји каде ништо од ова го нема. Затоа не си цениме она што го имаме. Е па, жалам, не може сите да се кардашијанови.
Сакаш да кажеш дека во држави со напредно образование, здравство и економија е вака како што предлагаш?
Администрација се 120-130000. Со среќа нека ти е. Не заборавај во најблиската амбасада да се пријавиш и да пополниш даночна пријава.
Напротив, одличен пример сме. Децата учат дека работниците имаат право да се организираат во штрајк кога им се погазени работничките права, а за да успее тој штрајк треба единство. Сврти го ова обратно сега. Власта им го повредува уставното право на образование со тоа што не принудила на ваков чекор. Знам дека не сакаш тие да бидат виновни, сакаш ние да сме. Жал ми е, ама најголем дел од одговорноста лежи кај сите власти досега, не кај нас.
Да typo е место 4, 1 треба. Мхм важи да заминам неќам ни амбасада ни ништо да видам Нема ни да погледнам назад, цент за оваа земја неам намера да дадам.
Тие се јаки бидејќи некако стигнале дотаму и имаат ресурси. Како е не знам за сигурно, но можат да си го приуштат. Ние немаме ни дел од тоа богатство. Ама важно зајковци добиваат скоро милион и пол евра гратис.
Кај ќе бегаш мУри? Државата бесплатно те образОвала, ти сега ќе бегаш. Замини ама како попче ќе си се вратиш во родната мајка Северџана хехехе
Како бе исти презентации. Нели полесно е да спремиш презентација по твои потреби и стил него вештачки да се прилагодиш на туѓа? But that's just me.
Не е точно дека сите исто користиме. Еден професор нема да спреми никаква презентација, друг ќе направи своја, трет ќе позајми. Затоа, јас ги ценам тие што внеле дополнителен труд за да го направат поинтересен часот. Тоа дали позајмиле или сами направиле презентација, за учениците е небитно. Еве ако сакаш ќе ти споделам примери од сајтови, да видиш дека се прави во цел свет. Да не биде само македонските наставници користат туѓи материјали. Апсолутно не е аналогно, кога правиш семинарска и презентации на факс не ја правиш за да едуцираш ученици.
Па баш оти едуцираш ученици треба да е твоја. Да си имаш како важни подточки што ќе ги бараш на испрашување/тест. Па сам да си поцрташ што сметаш за важно итн. Мојата семинарска е само за очите на професорот. Некако малку кога само ти е во полза нешто го вртиш како сакаш. И баш ме занимаат тие глобални примери. Те молам постирај такви извори да видеме и ние тоа
Во ред е тоа. Ама наставник, професор кој само презема или ни тоа, нема иста плата со тој што постојано создава. Муабетот беше дека немало како да се вреднува трудот кај вас, сите исто сте работеле. Ете не било така.
@Vraloma Дали знаеш што се случувало на овие простори кога писменоста била помала? Дали знаеш кои би биле последиците ако се направи тоа што го предлагаш? Звучиш како дете, не како возрасна личност. Пак да те потсетам, срамота е да се крати образование во 21-век и тоа би ја дотепало државава. @draconis14 Не власта, туку вие.
Не знам колку години имаш, ама и јас вака размислував кога бев помлад. Завидувањето и клеветењто е нормално за нашиот народ. Впрочем, тоа и сега го прават повеќето на темава. Гледајќи од примерите на тие што не водат, почнувајќи од најгоре, па до ситни директорчиња и функционерчиња, народот гледа дека повеќето не прават ништо од алтрустички причини, туку од лични интереси. Моите колеги се дел од тој народ. Затоа и ги сфаќам дека им е чудно дека, ете, си посветил време да направиш нешто за општо добро, а не за лична корист. Пред одредено време сфатив дека непријателот не е тој до мене што пробува да опстане, независно дали е компетентен или не. Вистинскиот непријател е тој на врвот, тој што ужива на наши плеќи. Тој прави раздор меѓу нас и додека ние меѓусебно се караме за ситни разлики, тој ни прави непроценлива штета. Затоа, треба ние да се обединиме, зашто ние не сме непријатели.
Еве: https://www.teacherspayteachers.com/, http://www.educents.com/, http://abcteach.com/, http://www.discoveryeducation.com/teachers/, http://www.ilovethatteachingidea.com/, https://www.microsoft.com/education/?ID=mctn, http://www.timesaversforteachers.com/. Има уште многу. Тоа што не би била моја ме спречува да имам важни подточки? Реков, небитно е за ученикот кој ја направил, ако презентацијата е соодветна и го покрива материјалот на часот. Да, семинарската треба да е твоја зашто ти ќе добиеш оценка за неа.