Во ред. Тогаш која е твојата функција како наставник и зошто бараш покачување? Што ќе правиш поразлично кога ќе ти ја покачат платата?
А што конкретно е тоа што го правиш/правите за општо добро? Како се кристализираат нештата На почеток зборевте дека имате 4-5 часа работа дома, за подготовка на материјали, администрација, итн... Кога... излезе дека си правите копи-пејст (освен мал дел) па, прашањево ми е: - Во што точно се состои вашата работа дома? Неколку пати е поставено истово, ама не слушнав прецизен и конкретен одговор
Каде реков јас дека сите исто работиме. Јас цело време ви зборувам да не правите генерализации. Грешка си, сите иста плата земаме, дополнителниот труд никој не го вреднува. Значи, без разлика дали работиш 4-5 часа дневно за да спремиш часови или 1-2, платата е иста. Единтвена мотивација за повеќе труд ни се учениците. Тие што ги водат образовните политики само не демотивираат со тоа што ни додаваат обврски кои немаат врска со наставата. Така, наместо да трошиш време на спремање часови, ти си куцкаш за очите на инспекторов. Јас ова го пишував веќе назад, ама веднаш добив одговор во стилот, „ете, тешко им било админ. работа“. Не е проблемот дека е тешка, проблемот е дека е непотребна и не допринесува за подобрување на квалитетот на наставата. Напротив, одзема време кое би можело да се посвети на подготовка на часовите.
Јас сум за заштеда. И на начин кој го предлагам. Нема потреба од стравување дека лошо ќе одат работите. Има доста воспитни мерки. Јас не сакам да плаќам да се образува некој кој ќе замине од државата. Што да правиме? Да покачиме даноци?
Ајдеее, сега и за годините ми се фативте Каде виде завидување и клеветење од моја страна или пак дека поддржувам такво нешто? Баш оти се ежам од такви работи, не сум за колективот. Таму постојат овие работи. Јас си гледам за себе, за својата фамилија, и обично делувам сама. Ниту чекам од друг, ниту пак газам преку друг за да се истакнам себе. Насочете го протестот кон тие на врвот со друго оружје, барање повисока плата не е решението на овој проблем што го посочуваш. Нели тие ви се непријатели, не децата? Што поточно куцкате за очите на инспекторот?
Функцијата на наставникот не е само да прави материјали за настава, треба да има умешност да го пренесе знаењето на учениците. Јас лично нема да правам ништо поразлично, ќе продолжам да посветувам исто толку време на подготовка на часовите како и досега. Растот на платите е неопходен од аспект на раст на цените.
Нема поразлично да прави, ако е асален ќе продолжи да биде асален и ќе зема посоодветна плата. Муабетов ме потсеќа пред Х години на мед. сестри едни. Не им беше мака што нивната плата е очај, мака им беше што администрација (високо образована) земала основна плата само 3000 пониска од нивната А платите очај и на едните и на другите, ама нејсе.
А што очекувате? Оваа земја нема нафта, ниту извезува луксузни автомобили и патнички авиони. Колку пари толку музика.
Во ред. Значи ете ти како умешен наставник, посветен и работлив дали сметаш дека само платите се единствен проблем во образованието? И која е причината за послаби генерации? Зошто не штрајкувате и за да ви ги укинат административните работи? И зошто децата се виновни и немаат настава ради поскапувањата?
За годините беше реторичко прашање. Со тебе барем дискутираме од кога влегов на темата, имам напишано во првиот или вториот пост што се работиме за инспектори, наместо да подготвуваме поинтересни часови. @An-na, напишав назад во темата, дадов пример и затоа @zuto го спомна тоа. Не можам да се повторувам.
Тоа што го пишувате како административна работа за пред инспектори разбравме дека е едно исто, треба да се копира и залепи на три различни места. Колку време одзема оваа копи-пејст административна работа? Едит: Тоа за годините е дискриминација и немање на аргументи за дискусија. Мене возраста ништо не ми значи. Не ме интересира дали си помлад или постар.
Ама нели, ни тоа не е важно во оваа професија. Како што не е важно сам да оценуваш, сам да спремаш презентации, тестови... Важно е само и само начинот на кој предаваш. Тука е квалитетот. А тука сите се квалитетни.
Ама упорно се фаќате само за платите, а штрајкот не е само за платите, колку пати да се повторам. Причините за послаби генерации се многубројни. Не се работи само за квалиетот на наставниот кадар. Квалитетот на наставата најмногу зависи од тие што ги креираат образовните политики. Не може секој нов министер да почнува одново и да воведува реформи на сред образование. Тоа ни се случува, еве ги сега до трето работеле по една наставна програма, доаѓа министер и вели од четврто по оваа програма ќе работите. Ова го прави без да види дали учениците во претходната програма се стекнале со потребните предзнаења за да можат да работат по новата програма. Дојде Рената Десковска 2017 година и започна добри реформи. Излезе на прес и кажа дека ќе ги укине непотребните административни обврски што се прават само за очите на инспекторот, а не водат кон подобрување на наставата. Ја сменија после некое време, ниту укинаа обврски, ниту некој излезе да каже зошто не ги укинаа. Јас знам зошто. Затоа што се форма на репресија и ставање на наставникот во позиција да биде послушен. Едноставно сакаат да го урнисаат образованието. Да не зборувам и за попуштањето оценки од голем дел од колегите. Нормално дека треба да имаш карактер за да не попушташ, ама некој овозможил притисок од сите страни, а не дал средства за одбрана. Инкау, барањата за штрајкот ги прави само СОНК и затоа се такви како што се.
Добро. Зошто ако не се почитувал колективниот договор децата страдаат со неодење на настава? Ако не е за плата зошто баравте се поголеми проценти? Која беше причината за тоа?
Тогаш или не си читала или лошо си разбрала, не може да биде копира и залепи, немаме во средно описно оценување. Ова за годините не знам зошто толку го потенцираш. Еве цитирај ме, дали те прашав за годините или си кажував за промената на моето мислење низ годините.