За ова се согласувам со тебе. Ама наставниците за жал се голема гласачка машинерија. Сто пати повторив на темава, треба тргање политика од образование ставање министер човек кој поминал низ се во образование,а не 16 министри за 30 години се смениле точно треба намалување на адм. Раб за да се посвети наставникот на часот, треба една убава ревизија кој е советник во Бро и колку сработил и дали се потребни толку итн итн . Треба тотална реорганизација. Ама тоа ќе се случи кога ќе се тргне политика од еден од најважните темели на општеството. А тоа во скора иднина за жал нема да се случи.
Тогаш цитирај ги мислењата за административната работа да се потсетам. А може и стварно сум пропуштила, ги немам сите мислења прочитано. За годините спомнав оти ти беше тотално непотребно.
Децата денеска ги прашав за „страдањето“. Ми рекоа сме можеле да ги оставиме да „пострадаат“ барем и денеска. Затоа што тоа е штрајк! Еве ти дефиниција: Штрајк на трудот, штрајк или едноставно штрајк, е прекинување на работата, предизвикана од масовното одбивање на вработените да работат. Нас главна работа ни е држење настава и затоа одбивањето да работиме е одбивање да држиме настава. Џабе ќе се докажуваме ако не сакате да сте објективни и да сфатите дека тоа ни е единствениот избор. Другиот избор е да чекаме некој да ни се смилува. Епа чекавме и тоа со години. Погодете што? Никому не му беше гајле.
Може и јас не сум објективна ете. Ама, пак по одговорите твои и ти си тука некаде. Не може да не бараш и да не најдеш вина во целиот ваш жачаран круг. За да не биде власта толку злобна и експлоатирачка треба да се почне од некаде. Па ајде да почнеме со тоа да се укине тоа вработување по партии. Ама кога не ви даваат покачувања, тогаш Владата е злобна, ние прости. Јас знам дека денеска е скапо и колку сакаш лажи ме, уште одма се сфати дека штрајкот е само и само за пари. Што и е океј, секој се бори за својот леб. Работата е што вие си имате зацртано некоја бројка и сите да добиете покачувања. Што не е објективно баш. Не може и не треба никаде сите да земаат исти плати. Лошо е што ви се децата алатка, што штрајкувате во време на настава. Навистина не е ферски, коректно и човечки вашите барања да се само преку децата. Штрајкувајте, тоа си е ваше право, мене ми е сеедно. Нити сум ученик ни пак имам дете ученик. Ама како некој што е бил ученик 10+ години и е бил во директен контакт со вас кажувам. Не, не треба да имате сите покачувања. И не, тоа не е братство, тоа е паразит. Пошто неспособните ќе бидат наградени за туѓиот труд. Замисли си ЕВН да штрајкуваа како вас или водовод или пак пекарите... Пријатна вечер, си прочитав и видов јас за мене.
Ама немој вака, никаде никој не спомна дека не е важно сам да оценуваш. Најчесто тие што се ставени за директори се најнеспособните наставници, не знаат да прикачат документ на маил, а не па нешто друго. Да не зборуваме за министриве со Internet Explorer познавање. И во вакви демотивирачки услови, имаме наставници што се вложуваат целосно. Само учениците ни се мотив. Системски е проблемов, тешко ми е да ги мотивирам учениците да учат, кога гледаат кој избива на позиција и живее раскошно.
Мора да го кажам ова. Сега сите хистерија ги фати за децата, ќе останеле неписмени, правата скратени... а ако добро се сеќавам учебната година почна покасно бидејќи програмата сеуште не беше усвоена од министерството или нешто слично, поправи ме ако грешам. Тогаш никој од родителите не се загрижи за огромната загуба од еден месец необразование на децата.
Девојко, плата се покачува ако нешто поразлично правиш или ??? Зошто да не бара покачување? Наведи ми една причина за да не бара покачување!
Мислам дека 5-6 пати кажав што треба, и не само во образование. Се' под државна капа што е. Чешел. Од ситниот, за вошки.
Јасно ми е, реторички беше, поентата е дека дури не се случи таква чистка, џабе е и плата и се да покачуваме. Едно 200 пати на темава се пиша дека квалитетот бил на ниско ниво заради платата. Јас еве гарантирам дека и 2000 евра плата да им дадат, образованието вакво како што е нема да мрдне од мртва точка, а убедена сум дека уште толку само ќе си ги кренат носовите дека се пренајбитни во општеството. Да, битни се во нормално општество. Во нашево каде освен градинка, ти треба секако баба сервис пошто ти се јавуваат да си го земеш детето во 12, во образование каде гледаме и во реален живот и на форумот дека најголем дел од родителите сами вложуваат труд да објаснуваат таму кај што не се замараат наставниците или праќаат деца на приватни часови, не се воопшто толку битни колку што се сметаат. И пак и пак, наместо да направат мааала барем интроспекција да не е до нив проблемот, тие идат на темава, ај што некои не знаат просто проширена реченица да состават, туку мислат дека незадоволството од нив е од љубомора, од што ти јас знам не, од што родителите сакале да има да им ги чува некој децата и какви уште не ствари. И солидарност со нив, зошто? Еве еден единствен да се јавеше и да кажеше една реална работа зошто треба да се ценети и почитувани. И да се реални за трудот кој го вложуваат. Не збориме тука за смешни работи како администрација имале пола саат во денот, зошто почитта се заслужувала, и плус правење будали на сите тука како демек никој нема врска што се случува во образование. И после ај не ги тролај, просто не можеш озбилно да ги сфатиш. Се надоврзувам нема врска со тебе постот, ни со твоите мислења со кои грото се согласувам.
Јас кажав многу реални работи зошто еден наставник треба да биде ценет и почитуван. Тоа што си ги прочитала и си одлучила дека не се реални е твоја работа. Овде не зборувам за мене, јас за мене имам доволно за пристоен живот зашто работам и дополнително. Почит исто имам доволно во мојата заедница. Еве ти една многу едноставна и лесно да се разбере причина зошто наставникот треба да има барем просечна плата. Затоа што учениците не можат да му веруваат на некој дека една индивидуа вреди да учи и да се надоградува, ако гледаат дека тој некој живе на раб на егзистенција. Имам такви примери меѓу колегите, единствени вработени во семејството, имаат студенти и не можат сметките за струја да си ги платат. Немаат интернет дома зашто не можат да си го дозволат и не можат да си ги завршат обврските. Во исто време, учениците ги гледаат необразованите и некомпетентните кои по пат на сервилност или криминал стигнале до позиција и живеат во изобилство. Погодете од кого попрво пример ќе земат. Ова не е единствена причина, ама е еден прост пример.
Чекај. Аргументот ти е дека треба да добиете повисока плата за да се огледуваат децата на вас за да не станат криминалци или јас погрешно разбирам? Попрво би пишала за да имаат пари тие луѓе за издржување студенти и слично, ама дека за децата да се огледуваат.... Впрочем, ако ти можеш да заработиш дополнително, што е тоа што ги спречува другите наставници? Едит: Не знам дали ме разбираш на што алудирам цело време. Дури се држите како колектив само и исклучиво заради тоа што сте колеги и не барате самите вие да исплива квалитетот почит ничија нема да имате. И тие што ве молат за оцени не ве почитуваат, само ви се лижат за да си завршат работа во скапаниов систем. А први се што ќе ве потценат, и можеби и со право кога си продавате кредибилитет за завршена услуга од родител. Не знам. Како и да е, дури се правдате едни со други само зашто сте наставници и колеги, дури затварате очи зошто јавноста нема доверба во вас како колектив и само наоѓате изговори и напразно повторувате дека заслужувате гарантирана почит и не си направите и вие напори да си најдете кај е вашата улога во тоа што пропаѓа образованието, никогаш ништо добро нема да добиете барем тие квалитетните. Ќе се институционализирате, ќе почнете да се претопувате со неквалитетот зошто мотивација да сте квалитетни ќе немате. Сам кажа не се работи од љубов. Па која мотивација ќе ја имате за да сте подобри освен да го чекате следниот штрајк? Тоа не разбирам, ако тврдите дека сте квалитетни, како така лесно се помирувате што сте во друштво на најголем дел неквалитетни?
Јас дадов прост пример и тој пример држи. Како ќе го сфатиш е твоја работа. Патем, погрешно го сфати. Јас никаде не реков дека сме најголем дел неквалитетни, тоа си е ваша претпоставка. Сфатете конечно дека ние сами, без вас, не можеме да промениме образовни политики. Малку сме на број. За суштински промени и реформи во секој сектор, потребна е критична маса од барем, половина од полнолетните граѓани во државата. Можете до утре да ни ја префрлате одговорноста, ама факт е дека за ваквата состојба на општеството заслуга имаме сите. Тоа што јас имам вештини да заработувам дополнително, не ме прави повреден од оној кој сметал дека му е доволно да стане експерт само за една област. За оценки на незаслужено ме знаат доволно во градот да не бараат. Затоа и ме почитуваат. Попрво би му поправил на ученик кој се труди, ама ете не може, отколку на нечие синче или ќеркичка. Знаете зошто? Зашто не сакам утре тоа синче/ќеркичка да ми биде надреден, иако е неспособен/а. Јас тоа што можам го правам за да не се урнисува системот уште повеќе.
Па сфатете конечно дека нема на тацна да добиете поддршка. Заслужете ја. Не е претпоставка туку факт на кој што се правите слепи. Да, во професионална смисла те прави повреден. Не си повреден како човек секако, ама на пазарот на труд повеќе вредиш. Супер за тебе, се однесуваше повторно на големиот дел на професори кои не се како тебе за овој сегмент, на кои сите сме сведоци. И уште нешто, пиша една членка нешто слично. Ако толку многу работа има просечен наставник, ако толку многу е понижен и достоинството му е одземено, а платата мала, зошто останува на таа работна позиција? Стабилност што беше спомната притоа не е изговор, зошто живееме во капитализам сакале или не, каде едноставно имаш секакви можности за доквалификација ако сакаш да го испотиш задникот. Значи сепак има бенефити кои ја прават работата попривлечна и покрај сѐ што тука не убедуваат просветните работници на темава дека треба да видиме за да сфатиме. Јас сосема ве поддржувам да си одите од образование па макар и еден наставник не останал и да треба да плаќаме приватни школи ако стварно сте способни и конкурентни на пазарот на труд. И не, не сте само вие криви, ама добар дел од вината лежи и во вас, како колектив, само што не сакате јавно да признаете. Ако и сами себе не си признавате тогаш проблемот е уште поголем, т.е. во заблуда сте.
Да ти кажам право, ми здодеа веќе. Знам дека нема поента пишувањево. Нема да му променам мислење на никого. Барем, не видов дека има влијание тоа што го пишував. Едноставно, луѓето се одлучиле дека јас/ние сме виновни дека е трул системот и тоа е тоа.
Не. Не сте САМО вие виновни за трулиот систем. Ама веќе кажав и тоа е мислење на сите во темава кои ти реплицираат: За таа музика - тие пари ви се скроз таман.
Прво, многу пати кажав дека не бараме поддршка од некого кога знаеме дека нема да ја добиеме. Нема солидарност во општеството. Второ, за тоа дека е ФАКТ дека поголем дел се неспособни, те молам прати ми линк од тоа истражување/студија/оценување да го видиме процентот. Ако немаш доказ, тогаш не е ФАКТ! Трето, не можеш да очекуваш од некој што пораснал и се образувал во друг систем, да се доквалификува или да го напушти единственото што знае како да го прави. И за крај, секако дека треба да искусите за да ги видите и предностите, ама и недостатоците на една професија.
Не може да се збори од искуство? Ако толку работевте како што претставувавте на форумот, децата немаше да се толку неписмени.
Тоа луѓе го прават буквално секојдневно на целата планета, во сите општества. Такво е времето во кое живееме, можеме да кукаме како не чини, или да се прилагодиме, ама времето си тече и не чека.