Е добро де, тоа е ваше мислење. И јас мислев на судиите им се доволни тие 1000-1800 евра. Кога гледаш, тие мислеле дека треба повеќе.
Читам како наставниците не им повредувале уставно право на учениците. Море бре? Фати, држи си настава, а не како шо ти свират оро така да играш Еден наставник држи настава, 10 не. Која логика. Не се бранете дека не им одземате уставно право ВИЕ СИ ГИ БИРАВТЕ. ВИЕ ГЛАСАВТЕ ЗА НИВ. ВИЕ ОДЕВТЕ ПО МИТИНЗИ И ВЕЕВТЕ ЗНАМИЊА. МОЛЕВТЕ ЗА ПОТПИСИ, ЗА ГЛАСАЊЕ. ВИЕ ОДЕВТЕ СО АВТОБУС ДО СКОПЈЕ И ЈАДЕВТЕ СЕНДВИЧИ Така да, седнете си со нив и борете се. Арно ама, знаеме дека немате г*з, или ќе протестирате или ќе ве избркаат.
Не знам што да ти кажам, велат постарите наставници биле подобри. Порано учителските школи биле подобри. Јас кога бев средно имаше деца што не знаат да читаат. Сега такви деца нема. Не велам дека е до постарите наставници, ама луѓето си зборуваат тоа што сакаат, без да биде базирано на реални податоци.
Тогаш слободно преквалификувај се и биди судија Или ете биди чистач (тие ви се рак- рана). За наставник - толку е. Јбг
Јас немам допирна точка со образование, можам да зборувам како некогашен ученик и како набљудувач бидејќи сестра ми е сега ученик. Од мое лично искуство, учителката до 4то не сакам да ја коментирам, се' беше освен педагог, дома не ме тепале затоа таа ме шлакаше (и не само мене). Ама ајде, од "стар ков" и нема врска со денешни учители, сакам да верувам дека не ги тепаат децата. Моето познавање на македонски јазик се должи на три работи: 1. Родителите ме научија да читам и пишувам 2. Наставничката Катерина, дојдена на замена во петто одделение, до ден денес мислам дека и' нема рамна и како наставник и како педагог 3. Моето лично инсистирање да го знам мајчиниот јазик и огромната љубов за литературата Од никој останат баш ништо немам научено, зборувам за конкретен предмет нели. Според мене најважен. Низ сите години запознав и што вика Демонка злато наставници и професори. Не само што немаа свои лични презентации, туку по некои предмети учебници не постоеа, па толку од нив имам научено што не можам и да сакам да заборавам. Затоа да, треба да постојат услови, нормално, но добар наставник е добар наставник таман на гола ледина со празни раце да предава. Се' друго се изговори.
Тоа дека подобри биле постарите, не се согласувам. Наставничка пред пензија со гордост изјави дека пред 12 часот била дома, како врвен успех во работата. Е па браво! Ако критериум за писменост е само читање, тогаш одлични се. Но, реалноста е друга. Пред се, учителите не се доволно писмени за да описменуваат деца, чест на исклучоците. Луѓето не зборуваат тоа што сакаат, туку зборат од искуство. Сите сме иделе во школо, знаеме како е. Доволно е да се каже колку е застапен булингот и колку наставниците не се замараат со тоа, а за жал многу деца имаат проблеми со менталното здравје поради тоа. Но, полесно е да се игнорира.
Многу напиша, ништо не кажа. Колку треба да си удрен во главата за да мислиш дека некој им наредил на тие 10 да сакаат поголема плата. Попрво треба да мислиш дека на тој еден му наредиле. Или, си мислиш дека тој еден е некој што не сака поголема плата. Правото на штрајк е исто уставно загаранирано право. Правото на образование треба да го обезбеди државата, а не наставникот. Ако државата не ги задоволи барањата и потребите на наставниците, нека си вработи нови за да му го задоволи правото на образование на ученикот. Ќе ме избркаат ако не протестирам!? Каде живееш ти? Обратно е, обратно!
Апсолутно. Познавам учителка која не прави разлика меѓу кои и кој, едначење по звучност е веќе наука, а општа писменост па веќе... на фејс прочитав од неа госпоТ здравје да дава со г мало, со т Истата описменува деца, да.
Здраво. Не се познаваме и не знам кој е удрен во глава. Браво, на изразот. А као демек така вие се собравте од нигде никаде да протестирате. Демек на улица се најдовте? Прочитај го убаво законот и потоа коментирај.
Наставник/професор се обраќа со речник УДРЕН ВО ГЛАВАТА???? И после тој ќе воспитува деца?! Вака ли им се обраќате на децата професоре?
Ваљда си јазик, историја или некоја математика или физика. Ако стварно си незадоволен од платата во образованието зошто не побараш нешто на твојата струка? Сигурно кога си завршил не ти е било цел да се занимаваш со деца.
Изразот е според искажаното. Не од нигде никаде, има нешто што се вика синдикат, и замисли таа организација ја финанасираат работниците за да може да организира штрајк кога им се погазени работничките права. А кога викаш закон, на кој закон мислиш, веројатно знаеш дека не е само еден. Или, прочита нешто на некој портал, па влета во дискусија за партии.
Не, не им се обраќам така на децата. Така им се обраќам на возрасни што на форум кажуваат бесмислици. Баш мислам дека е соодветно за приликава!
Навистина ли? Тоа ли е синдикат? А таму као не идат по партиска линија? Сите се независни. Се знае кој закон треба да го читаш.
На форум кој сака може да напише што сака. Дали тоа ми дава за право да те навредувам? И ова спаѓа под писменост, професоре. Без разлика на тоа, кој што пишал, немаш НИКАКВО право да се служиш со навреди. И би ти препорачала да внимаваш, зашто често се случуваат грешки, па може кога некој ученик да згреши, да го употребиш истиот израз.
Твојот начин на комуникација и твојата неспособност да користиш аргументи и пристојна конверзација во тема која се зборува за квалитетот на твојата професија покажува колку очаен образовен кадар имаме.
Немој да бидте смешни, никого не навредив со тој израз. А ако се навредил, може нашол вистина во него.