Не се дери. За уставното право на образование и неговото спроведување се одговорни по закон, а и дебело платени директорите на училиштата и министерството. Штрајкот беше најавен а они беа должни да обезбедат настава со заменски наставници. Сѐ си е прописно дефинирано во законот за образование. Вас да ви беше гајле за образованието на децата и квалитетот ќе го баравте на друго место, наместо да ги навредувате и тие овде што културно и со огромна трпеливост пробаа да ви објаснат од А до Ш како стојат работите, за возврат добија само верглање на лента од навреди и истурање на потиснати комплекси и фрустрации. Цело време се фаќате за лични примери како слепци за стап, не ве интересираат факти, тука сте само да си ја задоволите желбата да омаловажувате луѓе кои не ги знаете само затоа што и они не ве знаат. Да бидеме реални, на социјалните мрежи никогаш не би се изјасниле со овие мислења како тука што пишувате но со вашите вистински имиња. На крајот ова ќе резултира само со уште доуништување на идни генерации. Родителите задоволни затоа што омразените учители се поразени и понижени. После ова и тие кадри што се квалификувани и што стварно вредат ќе си заминат од браншата, ќе останат неспособните да ви ги учат децата, кои верувајте сигурно не се замараат да објаснуваат на анонимни на форум, што и како стојат работите, што сѐ треба да се направи за да биде училиштето пристојно место за учење и развивање. Се надевам задоволни сте.
Па другото решение кое е? Мора да постои државно образование, здравство, пензиско. Т.е. не мора, ама па јас не би сакала да живеам во држава во која овие сектори и пар други се приватизирани.
Другото решение е да си ги прифатат тие 10 посто покачување, а не да се филмаат со 40 илјади плата, која патем кажано во услови на економска криза и без никакво покритие ќе доведе само до инфлација и да престанат да глумат некакви великомаченици. Не сме паднати од Марс, гледаме кој колку е писмен, кој колку работи, кој како се вработил, нема потреба од правење тажни филмови за напатените даскали кои и покрај сите страданија упорно не си даваат отказ за да си најдат некоја полесна и поплатена од даскалската.
И доста со тие споредби како може овој или оној да зема иста или поголема плата од даскалите. Па добар плочкар заработува едно 4 пати повеќе месечно од рандом даскал. И како вие мислите да го спречите тоа? Ќе му кажете на плочкарот е не ти давам 10 евра од квадрат, 2 ќе ти дадам, не може ти повеќе од некој со факултет да заработуваш, ни е дневник не пополнуваш ни ништо? Па ќе ви се изнасмее у фаца и одма ќе отиде кај некој друг да работи, а пошто не постои ниеден плочкар што ќе мести за 2 евра, останува или сами да си местите или ко попчиња да му платите колку бара без разлика што мислите дека не е фер повеќе од вас да заработува. Таков е пазарот на трудот и тој ги одредува платите. Плочки многу, а плочкари ни за лек. Кај даскалите е обратно, бројот на дипломирани даскали е многу поголем од бројот на работни места...едноставно далеку се од дефицитарен кадар и тоа е тоа. Ако дојде до тоа и чистачките да станат дефицитарни и тие ќе земаат поголема плата од вас...или па сами ќе си џогирате училници и чистите вц шољи.
@draconis14 исто мислам како членката. Јас кога се вработував знаев колку ќе ми е плата и сега ако не ми чинат платата и условите треба да бидам плочкар или чистачка (ју нејм ит така беше во примерот на членката па продолжив и јас), а јас ни сакам ни можам да сум ни тоа ни тоа. И сега кој ми е крив???
Каде во уставот пишува дека правото на образование е загарантирано до ниво на средно образование? Има член 44 кој вели дека основното е задолжително и бесплатно. И толку. И универзалната декларација за човекови права од 1948 вели дека секој има право на образование. Но не наведува до кое ниво. Нема дефиниција колку треба. Јас сум за задолжително образование колку за описменување и поимови за основни човечки вредности, како и навики за здрав живот. Затоа се нарекува ОСНОВНО. Затоа, за да е во согласност со уставот, сметам дека треба да се намали основното образование на ниво до 4-6 одделенија. И доста е. А ако сакаат повеќе родителите или старателите, или плаќање приватно или договор за тоа дека ќе се на располагање на државата т.е. ако ја напуштат да платат отштета.
Извини, но тука можеби си грешка. Ако ученикот не учи, наставникот каков сака нека биде. И најдобриот наставник на светов да предава, залудно ќе биде. Ученик што учи- нема да остане неписмен.
Луѓе, џабе оправаме тука, образование било и ќе биде сектор за перење пари. Не ми е јасно зошто наставниците тоа не можат да го разберат. Па знаете ли колку пари се земаат од овие таканаречени реформи? Грантови, ова она, донации, дури слушнав дека за време на ковид донациите со хигиенски средства некои директори ги продавале. Во мојот град блок дотациите за греење пред неколку години наместо во училиштето кој знае кај завршуваа. Образованието наше е бизнис на големите, на министрите, градоначалниците на директорите и така натаму. Според мене локалната самоуправа е грешка голема, многу си дозволија локалните шерифи. Направете штрајк, протест за тие работи. Упорно ни велите нема да имате поддршка, ќе имате, освестете го народот дека и вие сте оштетени, вака само се создава гнев кон вас затоа што реално од страна изгледа дека ја имате најлесната работа и само барате пари. Јас лично знам дека не е така ама пробајте на друг начин. Направете народот да верува колку и зошто е важна вашата работа во општеството па да видите дали нема да застанат сите зад вас.
Јас бев таа што ги спомна градинките. И јас се згрозив кога го прочитав насловот. Ако би ме оставиле да решавам јас одма би летале од работа и би добиле забрана за вршење на дејност. Ама па не може со нив две да ги споредуваш сите останати вработени во градинка. И кај мене во маало колеа јагне и тоа на сред улица, поминуваш и пазиш да не згазиш во крв, да ти се згрози животот. Па не викам дека чим тие колеле на сред улица јагне, сигурно и ти во твоето маало колеш јагне на сред улица.
Морам да те прашам пред да реплицирам, дали точно те сфатив. Образование да е задолжително до 4 или 6то одделение, и после то да е опционално кој сака и како сака да продолжи со истото? Или грешно те сфатив?
4-6 задолжително за сите. Колку да се писмени. Потоа опционално. Ако сакаат на државно да потпишат дека нема да се отселат. Ако не, приватно да си платат. Нема зошто од моите даночни пари да се полни германија со електромонтери, сестри и металостругари.
Задолжителното средно образование е уредено со закон.Уставот остава простор некои нешта да бидат уредени со закон(кажано и од Уставниот Суд). Прво, безобразно е да предлагаш образованието да биде привилегија само за богатите.Немаме стандард како други држави.Во светот организации секојдневно се борат да им овозможат пристап до образование на лица кои се лишени од тоа, а ти предлагаш нешто што само на диктатори би им одговарало. Второ, во денешно време писменоста е многу повеќе од читање и пишување. Ти предлагаш уназадување на народот и државата.Тоа би го намалило бројот на лица со професии кои се есенцијални за функционирање на државата.Народот би страдал повеќе, а власта уште полесно би го контролирала. Во минатото поради мала писменост народот не бил свесен за своите права, бил погладен и полесно изманипулиран. Средното и високото образование секаде постојат за развој на индивидуата, државата и општеството. Пак ќе ти речам, срамота е во 21-ви век да предлагаш кратење на образованието.
А зошто за ова не се протестира од ваша страна? Зошто само парите се спомнуваат? Јас немам ништо против да се покачи платата во сите сектори. Ама да се покачи заслужено.
А-ха. Значи очекуваш родител да одлучи за иднината на детето и детето како возрасен, со или без образование, да не можи животот да си го носи како планира пошто нанекојситаму му текна дека така требало? Интересно размислување во најмала рака. Ќе се земам за пример. За мое образование не знам колку илјади евра имам фрлено ВО државава. И уште учам. Уште фрлам пари. Купвам лиценци. И ако јас решам да заминам во, евенезнам, Норвешка, јас пак сите пари за учење и образување сум ги фрлила тука. Пак државата доби од нив. Не можи мајка ми ко сум имала 12 да реши дека јас нема нигде да одам и да потпиши. Или јас да сум прашана, на 12, шо сакам да бидам и кај сакам да бидам ко ќе пораснам и то да е финално. То е првиот проблем со ова. Други проблеми со ова има исто така. Океј. Ако сметаш дека дете не е потребно да е во образование бар до 9то, ме интересира дете на 9-11 години шо ќе прај после училиште? Кога не беше средно задолжително, со 16тина години, ќе работеа макар келнери и се релативно позрели, тинејџери. Уште деца, ама тинејџери. Шо ќе прај дете кое на 9-11 години има опција да не се образова поќе, а само тешко дека ќе носи изборот дали ќе учи, или нешто друго? Ќе игра цел ден? Или можи ќе е форсирано да работи? Пита? Па дури и да има избор. Колку ќе одберат да не учат, за да форсират родител да ги тргни од образование? И колку ќе се каат после за то? Или најчесно, прашај луѓе сега шо се 40тина години и шо не продолжија средно туку останаа со основно и како гледат на то од сегашен аспект. Задолжително средно, а и основно до 9то, покрај знаење, описменување и социјализација има и некаква елементарна заштита на децата од злоупотреба, пример прерано впуштање на работа. Пошто ако не е во училиште да гради здрави навики, ќе е дома играјќи на компјутер да гради нездрави. Ама ок, важно ќе знај да пиши зошто ништо друго не е важно ( lol no). И образование да е задолжително до 4-6 одделение од тој аспект би било поразително ради точно овие причини. Сем "неќам да давам работна сила странство", не знам како и зошто некој би оправдал ова. Особено не знам како, пошто има премногу лоши страни.
Да протестираме да не се колат јагниња, тоа мислам дека си се знае и е пропишано во закон. И јас не сум за покачување по заслуга, тука за бркање од работа за сите што не заслужуваат. Искрено преку глава ми е да ме споредуваат со секој поединец што не си ја врши работата, со генерализирање на сите вработени во градинка со еден поедин случај, а си ја сакам работата, си ги сакам децата, си ја сакам групата и мислам дека заслужувам да земам повеќе од минимална плата.
Дали државата ќе биде способна да ги вработи ако потпишат дека нема да идат во странство? Ова што го напиша се глупости. Не може само до 4то да се учи.