Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Видиш, секаде е различно, во гимназијата кај нас часови се одржуваат од некои професори, најверојатно оние кои не се членови на Сонк, а децата седат колку толку. Во градинката штрајкуваат помалку па исто работат како во лето, ги берат децата во поголеми групи. За основните не знам како е, баш ќе прашам.
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    15.033
    Пол:
    Женски
    Да, еден час еден, многу им е тешка работа, а кога си бегаат и си одат на кој час сакаат што не се побуниле тогаш?:)
    И слободно можеш да ме тагнеш, зошто јас не зборам на памет како ти за темава, дозволена е ротација на часови периодов чисто за инфо.
     
    Последна измена: 18 април 2022
    На M.B. и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    По твојата логика и овие професори што идат 2 часа дневно "претешка" работа имаат.
    Не знам како успеавте вината накај учениците да ја свртите за штрајков.
    Туку немате други аргументи и гледате дека никој разумен не го поддржува во ваква форма, затоа си барате рачки :)
    После одбивањето на тие 10% од вчера, цел кредибилитет и поддршка ја изгубија просветарите, и таа малце што ја имаа.
     
    На theowndemon, Harper, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    15.033
    Пол:
    Женски
    Каде тоа прочита 2часа? Часови се полн фонт 20неделно и тоа е тоа. Останатите 20ги дежураме во училиште по ходници, спремаме лекции, правиш планирања и подготовки. Работа имаш колку сакаш не се тие 3-4училишни часа што треба да предадеш лекција.
    Реков дека не е фер од децата што не доаѓаат и од родителите, а не дека тие се виновни, читај добро и не ми превртувај зборови.
    Абе караванот си врви, на форум може прво чистка да си направи секој засебно на работното место и во својата професија па ќе си биде се подобро. Зошто ги средивте докторите, професори, наставници, се по ред, за се стручни:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Те молам не ми продавај приказни за мали деца, имале колку сакаш работа. Одблиску ми е виден процесот, нема да ме убедиш ни случајно дека некој од вас ефективни 40 саати неделно ги работи како во било која друга професија.
     
    На Harper, deskarada, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  6. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    -До кај сме со штрајкот.Што направивме.Сите за еден,еден за сите.
     
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    15.033
    Пол:
    Женски
    Многу ми е гајле што сакаш мисли си, платата е мизерна за човек со високо образование :)
     
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Па борете се за плата по учинок, зошто да е линеарно зголемувањето? Еве еден аргумент здраворазумен дај ми.
    Тебе ако те бива стварно зошто не бараш 10000 плус на сметка на тие кои не ги бива? Зошто да чекате вака на сите да ви се зголеми?

    А да пошто ви е гајле што мислат другите за вас, затоа не добивате поддршка.
    Да си ги чукнете главите да видите да не е до вас проблемот, може ќе дојдете до некој заклучок.

    Гајле и било бе, просветар на дело видете.
     
    На Harper, Idedemja, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    15.033
    Пол:
    Женски
    Ти гледам по цел форум се докажуваш, сигурно нема тебе да ти се објаснувам
     
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Па да, пошто немаш аргументи никакви :D
     
    На desperate15 и fana им се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    15.033
    Пол:
    Женски
    Имам, мож ш неколку страни нанапред да си прочиташ
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.791
    Сигурно има начин како да им се мери учинокот. Нека биде основната плата иста, ама плус да има дел по учинок.

    Дополнителни активности, награди на натпревари, рангирање на училиштето на ПИСА и други тестови за мерење на знаењето, задоволство кај учениците и родителите… Важно е да зависи учинокот од повеќе праметри, за да се намали влијанието на партијата.

    Сигурно има начин. Како што има начин и во цела администрација да се направи истото.
     
    На theowndemon, Idedemja, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    (y) под 30 000 не е плата за со високо образование.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Што бладаш девојче?
    Јас ти кажав личен пример (сигурен и проверен) од две скопски гимназии. Дремат децата за џабе во школо. Од 7 часа, два имаат. Ама... децата се криви бре!!! Не просветари што бараат „права„ кои не ги заслужуваат.
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Погледнете ја само ранг листата од Државниот натпревар по математика за средно школо и јасно ќе биде се.
    Првите 5 места се деца од приватни училишта.
    Па после ќе збориме кој колку е посветен на професијата.Кој и како работи со децата.

    Затоа плата по заслуга.
     
    На CareTee, Annath и desperate15 им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Обрзованието не треба и не смее да ја одредува висината на платата. Особено не нашето образование каде што оценките се нереални, а знаењето кое е стекнато е под знак прашалник.
    Во цел нормален свет, а и кај нас во приватниот сектор, платата е производ на тоа што си го сработил. Толку!!!
     
    На Idedemja и Annath им се допаѓа ова.
  17. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
    з
    За ова не е баш сегаде така,негде се работи и 5 работи за иста позиција а плата иста некаде 1 работа а плата машала!!!
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Тоа го одредува работодавецот, а не твоето образование. И тоа колку си способен како работник ;)

    Муабетот ми е, ако работиш на една позиција, за која што работодавецот одредил одредена плата, што е важно дали си со факултет или средно? Ако позицијата може да се извршува со средно образование, нормално... По оваа логика, сите со високо образование кои работат по маркети, фабрики и слично, а немаат среќа да се во некоја партија и да се вработат во „тешкава просветна работа„ треба да земаат плати над 500 евра?

    Инаку... јас попрво би им дала плата над 500 евра на касиерки во маркети, отколку на просветари како девојчево од погоре што плука по децава ]:)
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.875
    Пол:
    Женски
    Не е мизерна.Алчни сте.
    И нема смисла наставник во основно и наставник во средно да се рамњаат со професор на факултет.
     
    На deskarada, desperate15 и An-na им се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Најубаво би било по мерит систем да се одредува кој просветен работник колкава плата би зел, не може поради 10% наставници што навистина вредат да ги наградат и оние што вадат неписмени генерации.

    А бе порано наставник беше почитуван во општеството, денес секој подлизурко и штабски мудолижач може да стане просветар. После да не се чудиме зошто ќе не' снема од светските ранг листи за образование, нека стават прст на чело сите тие што бараат покачувања и нека размислат што е причината за тој тренд.
     
    На sweet-cherry, cresa-jagoda, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.