И сите верувам се за една убава чистка, ама сите знаеме дека нема да се случи. И јас мислам дека посветените вработени во образование, особено во градинки, треба да земаат убава плата. И исто сметам дека треба да се и поголеми психолози тие во малите возрасти и во градинка и во школо, зошто карактерот на детето се формира тогаш. Ама кога ќе се прочешла кадарот, да. Тогаш и би имале придобивки како атрактивност на професијата, мотивација за работа по учинок и верувам на никој граѓанин нема да му е проблем зголемување на плата на некој што стварно си ја врши работата. На ваков начин кај што на секој му се зголемува плата, освен мотивација на тоа неработење на кое сме сведоци сите, уште повеќе да не работат пошто можат да уценуваат со деца, ништо нема да добиеме ни вие што си ја сакате работата, ни ние кои ги користиме услугите. И затоа политички штрајк за линеарно зголемување што само стимулира да тоне образованието уште повеќе и не решава ништо не треба прво вие самите да поддржите, нормално, ако сакате да видите некаква промена.
Да не заборавиме дека најголем процент од девизи од странство ни се токму од дијаспората. И тоа не е во ред на долгорочно ниво најмногу за развојот на државата, ама кога си одат не е точна претпоставката дека не придонесуваат кон домашната економија.
Таман почнаа со настава им се погоди продолжен викенд. А многу добро знаеме дека ако не го прекинеа во петокот ќе кркаа кривични. Сепак, добро е праќањето до наставните, професорите: Зошто го прекинавте штрајкот, кога и така понеделник е државен празник? Можевте да си споите.
Па си кажа Јаким дека мора да работи согласно Законот. Е сега од кај го извадија тој закон за помирување, веројатно си постоел и се повикаа на него. Човекот кажа и дека се бори за нивните дневници да бидат спасени. Значи, сепак има делови од Законите кои ни ние а богами ни наставниците ги знаат туку само правници ги знаат. Факт е дека Сонк ги изигра, ама и очигледно е дека наставниците дозволуваат да бидат манипулирани. И секогаш биле и ќе бидат. А тоа е жалното во приказнава. И мене ми е жал за прекрасни наставници кои навистина сега со овие цени земаат многу ниски плати. Ај да видиме како ќе заврши приказнава. Иако овде сите наставници упорно напаѓаат дека не сакаме да земаат пари и дека им се ситиме, јас искрено се надевам дека многу од нас се согласуваме дека треба да се платени. Ама и треба чистка точно, треба проверка на кадарот. И треба прво мислење со своја глава. А не, ќе му верувам на синдикат кој ете јас сега читав дека не е прв пат да ги изигра и ќе молчам оти нели ќути има и полошо или па ќе слушам наредби од партии. Поинаков начин на освестување треба ама кој да разбере. Треба менаџери ставање на училиштата кои се разбираат и во економија а не овие директорчиња партиски. Ете моја идеја и правник да се вработи во училиште, па да има еден убав ред, картици чукање (може има некаде), бонуси воведување за наставник кој постигнал успеси и сам и со учениците и мн други работи има кои може да се оправат ама тоа кога јас министер ќе станам
Да не изиграа убаво со штрајкот, освен што се изнаслушавме и изначитавме секакви навреди за нашата професија и колку сме неспособни и неработници, ништо друго не се постигна. Ама мора некој да го организира, јас како поединец не се чуствувам доволно способна да организирам штрајк и да соберам цела група на луѓе. Еве искрено наивно верував дека го организира вистина СОНК и дека не стои политичка партија позади ова, воздржана бев зошто од нова година сум на боледување и не одам на работа, па се што се случуваше следев само од медиуми
Некои наставници сами си дадоа ЈАВНИ изјави : "Како можи чистачката да зема 18 000,а јас 22.000" Од нив настрадавте.
Па реално да, само се наруши и онака кревката слика која ја имаше, и се навлече гневот на родителите. Мислам дека и самиот штрајк беше тотално погрешно изведем , пошто поддршка само за % плата во услови на економска криза и хиперинфлација луѓето би поддржале само ако секторот е функционален и се задоволни од него. Сведоци сме еве само на темава, а верувам и повеќето во реалноста дека се скептични за образованието и имаат лоши искуства. Да не ме сфатиш погрешно, ова е случај со скоро цел јавен сектор, не само образование, пошто луѓето едноставно не ја добиваат очекуваната услуга (и во здравството, и во лични документи и во полиција насекаде мислам). И можеби за следен пат треба прво да барате покрај зголемувањето на платата и некаква друга промена која ќе ја поправи вашата слика кај јавноста и не само тоа, туку и ќе биде во ваша корист, секако верувам дека тие што се квалитетни не сакаат да работат со неквалитетни, барем така би требало да биде. Е сега, многу добра поента имаше дека сама не можеш да организираш. Јас се сложувам дури и мислам дека за коренити реформи, како на пример плата по учинок, психолошко тестирање на кадарот, стимулација на награди, анонимни анкети за задоволството на родителите, најголем дел од колективот не само што нема да излезе на протести и штрајкови, туку ќе биде и против. И причината е очигледна, или се чека на слепо партиите да диктираат што и кога ќе се крене гласот на просветарите, или на повеќето освен плата ништо друго не ги интересира. Или не им се напушта комфорот кој го имаат најголем дел да за нивната работа никакви прашања не се поставуваат и да не се евалуираат на никаков начин, а притоа да добијат зголемување.
Добро, кажано беше на темата тоа. Јас прашав, одговор не добив. Кои се тие барања, (на ова добив одговор види на сајтот), дали се исклучиво за финансиски цели како к15 и патни трошоци, или се однесуваат и на образованиот процес и условите за него и дали ќе продолжите со штрајкување, еве во најмала рака протестирање после работа до исполнување на тие услови? Еден од вашите колеги рече да, јас ќе протестирам, после се премисли рече ама не можам пошто сонк го следиме иако не е член на сонк. Зошто еве за сите тие барања не протестирате секој ден пред влада? Ама за сите барања. Зошто СОНК во ниедна изјава не спомна дека се преговара за други барања, туку исклучиво се осврна на % на плата? Зошто заврши штрајкот со договор за % на платата, ако имаше други барања?
Добро грл, не мора ова да го потенцираше па ти во илјада теми се имаше жалено како со факултет не знам што зимаш мала плата за разлика од други итн итн. Чистачката реално во училиште и нема некоја тешка работа не знам сега да се сожалуваме или не знам што, не за џабе се тепаат за тоа место
Мене работата ми е супер и нигде не спомнав дека платата ми е мала. Ако се тепаат за тоа место, зошто и ти не се степа? И пак се потценуваат чистачките. И не барам сожалување за нив.
Значи со самото тоа што ова последново го пиша реално даде на легитимитет на сѐ што е пишано за вас во темата. Значи, по твоја логика, штом се тепаат за работно место во просвета, работата сигурно не е толку тешка, т.е. штом се тепаат имаат добра плата + бенефити за работата што ја работат. Еве, и сама кажа. Кога можеш ти да ја процениш работата на чистачката, на ист начин ние ја проценуваме вашата.
Па да де, очигледно чим некој седи на одредено место или му одг или моментално не може да најде подобро, тоа е
Зошто се споредувате бе со хигиеничарките, зошто не се споредите со хирурзите па да видиме чива работа е потешка, поодговорна и кој заслужува покачување? Кога секој еден од вас ќе си ја работи рабтата како што треба тогаш ќе ве поддржам до тогаш никого не поддржувам.