Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Абе многу лесно им е на хигеничарите.
    По цел ден чистат туѓи лајна.

    Испод части им е тоа на некои.
     
    На Indiegurl, Ahoy, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Епа да де. Ако е толку лесно нека одат они нека ја работат таа работа.
    Они после ќе учеле деца на општествени норми и дека луѓето не треба да се делат според одредени критериуми во општеството. Ми се гади од нив се повеќе и повеќе читајќи овде
     
    На GirlLove, Nikolina35 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Женски
    Кај мене е дека си давам отказ од школо и конкурирам на друго место наскороооо:D
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Пушти не се натегај, се испукавме што се испукавме овде, не оти овде со кого се натегаш решава, доста ни беше два три дена испукување, овде се чита и се натега за работи од кои поим немаат или деца 5ки не им се ставени или не избркале некого од работа, пушти, не вреди. Се пишуваат тешки глупости.Животот оди натаму, ова тука не застанува. Едит: читам овде ние да се бориме за образовниот процес, многу се вицкасти ама што е многу многу е, тебе колешке те праша некој дали се сложуваш со концепцијата? Претпоставувам не, иако излезе јавно дека не знам колку наставници се сложиле ама кого и да прашам одговорот беше, не биле прашани. Ајде нас не извозеле и родителите се бунеа, имаше ефект? Не, уште ќе си тера тоа. И како нема да тера со вакви поединци, тие се гласни, гредата во окото им стои и за наставниците се виновни, не е тој што има дава наредби, не не :) ама да умре комшијата, јас козата да ја земам, а не може.
     
    Последна измена: 30 април 2022
    На draconis14 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Не знаев дека ми патмиш историја на вработувања.
    Не значи, дека ако не сум била задоволна и сега да ми се става на глава тоа.

    Е сега, кажав дека се работев и баш денес не ми е криво. Иако сум се жалала, убаво ми дојде пошто бев и од страна на продавач и купувач и научив доста ствари.
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Е па отвори ја темата за арогантни продавачки и замисли сите така да бидете етикетирани.
     
    На Cherry333, Anie93, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    15.079
    Пол:
    Женски
    Не памтам историја ама се сретнуваме низ теми се читаме.
    Сама кажа, некогаш на таа, некогаш на оваа страна. Тоа е животот :)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.809
    Допаѓања:
    274.815
    Да ми простите, ама пациентот од сепса ќе му умре на хирургот ако не се хигиеничарите и болничарите.
    Не, не се помалце важни, со причина се тим.
    И апсолутно овие "небитниве" треба да земаат 50% поголема плата него сегашната.
     
    На Nausicaa, Annath, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ме разбираш. Не велам образование да е само за богати туку повеќе од она
    најосновното да е со обврска.
    Погрешно проценуваш дека е тоа уназадување. Секогаш ќе има кадар за пожелните струки,
    луѓе кои ја сакаат земјата и ќе останат во неа и така ќе земат обврска за тоа.
    Треба да има најосновно образование и така го толкувам уставот и така било пресудено,
    но затоа сметам дека треба да се ограничи а не како сега да се прави непотребен трошок
    за и средно да е задолжително.
    А кој сака нека си се образува и дома, нека има списоци на препорачани книги и литература,
    нека си ги набават ако сакаат или нека одат во библиотека.
    Ако сакаат, како што некои бараат право да бидат паметни, не смее да им се ограничи
    правото на луѓето да бидат и глупави (според ваши критериуми како ги разбрав), ама
    посекако и да смеат да си одберат што се образуваат и читаат, а не секоја будала што
    му текнало да пишува и така да се наметнува и непотребно оптеретуваат децата со
    работи кои не се ни практични ни со некаква цел.

    Ти мешаш работи, народ страдал од неписменост, а не од кусок на основна писменост.
    Од друг аспект, напротив, на властодршци и богаташи им одговара да има преобразуван
    народ за да има конкуренција за пазарот на труд и да купат најефтин кадар кој им треба,
    а секако од аспект да има образувани кои можеби им е јасно дека работите се лоши
    во општеството но заради тоа што сметаат дека им е под ниво не се осудуваат да си
    излезат на улица и да си ги бараат правата и да запре експлоатацијата на народот.
    Треба да се ограничат богаташите.

    Види, јас сметам дека и намерно се остава да има повеќе образование за да има
    кадар со средна стручна спрема кој ќе оди од посиромашни во побогати држави
    и така им е конкуренција на постоечката тамошна работна сила за да истата не
    оди во штрајкови и не ги слизне од тронот богаташите крвопии.
    Тие организации кои пропагираат да има образование се по се изгледа странски
    агенти кои вршат пропаганда, ем нас и слични земји како нашата ги слабеат со
    непотребно трошени ресурси, ем си го држат сопственото население во покорност
    со цел да се штити богатата елита.

    И уште еднаш, не знам зошто ми повторуваш погрешни заклучоци.
    Не барам кратење туку обврзување за натамошно образование вон најосновното.
    Од премногу паметни и образувани, ќе нема кој да работи ни најосновни работи,
    улиците ќе останат неизметени, ѓубре нема да има кој да собира и сл.
    Вашето мислење како треба да е во 21-виот век е различно од моето, ценам
    да си имате ваше, како што и јас си имам право на мое.

    Не знам зошто повторувате иста теза која сметам е погрешна, дали се трудите
    да ме убедите мене или себеси си се убедувате?
    Јас нема да си го сменам мислењето и мислам дека е исправно и практично.
    Не велам да се лиши образование туку да се има обврска кон државата која
    го пружа. Поисплатливо е.
     
    Последна измена: 30 април 2022
  10. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Јас си останав во државата и на располагање сум.
    Така до смрт или пензија.
    Јас се раздолжив за она што сметам дека е правилно.
    За идни генерации треба да се има обврска, бидејќи слабо има верни граѓани.
     
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    А ти можеш да гарантираш дека твојте деца ќе останат тука?
    Колку државата за народот толку и народот за истата, неможеш да очекуваш дека некој ќе остане каде што нема егзистенција.
     
  12. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ако ти е проблем возраста, кој сака нека чека до полнолетство па нека се изјасни.
    Дотогаш според законот родителот или старателот решава и насочува.
    А што би правеле по дома, нивна семејна работа.
    Можеби и е подобро да се прават работни навики.
    Мене на училиште ме тераа разноразни работни активности - собирање секундарни
    суровини, барање пари за црвен крст, работни акции и сл.
    Бесцелно, но со развивање на работни навики.

    Ти ако не си задоволна од досегашното, што да ти речам освен барај си ги парите назад.
    Барај си да се забрани пристап дома до компјутери ако мислиш дека не треба.

    Не велам да нема подоцни степени на образование туку да се има обврска кон државата
    за да не се инвестира беспотребно.
     
  13. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Велам само неколку класа задолжително и бесплатно. Колку да се описменети.
    Потоа со обврска да не заминат без плаќање отштета.
    Ако не сакаат обврска, плаќање приватно за образованието.

    Државата ќе им најде работа, ако треба ќе ги преквалификува, истото што се
    случува и ако си на биро за вработување.
    Ете на пример, државата сакала нејќела се втурна во нато пактот.
    Можеби ќе им требаат војници за во странство.
    Штета што ќе убиваат невини луѓе за нечии деловни интереси, но што да се
    прави, така кога решаваат политичари а не народот за иднината.
     
  14. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Сите мораме да се жртвуваме на некој начин за посветла иднина.
    Државата ќе им најде работа. Некој на нива, некој ќе копа, некој ќе чука камен.
    Можеби државата ќе ги испрати и времено во странство.
    Ете, втурнати сме сакале нејќеле во нато пактот. Можеби ќе им требаат војници
    за умирање за нечии деловни интереси во странство.
    Јас не би такви работи, но за жал така е кога за иднината на народот решаваат
    политичари.
     
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Еве ти прв/а ќе те пратиме во прва прилика
     
    На raww и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.159
    Допаѓања:
    175.210
    Пол:
    Женски
    :D

    Не сум незадоволна. Само велам дека вложив ВО ДРЖАВАТА. И да заминам, пак парите за моето образование остануваат во неа. И за лиценците. И за надоградувањето. Не се "џабе".

    Не сфаќам каква врска има забраната за компјутери.

    Мене ме интересира шо мислиш за можна злоупотреба на деца ради рано излегување од училиште и шо после завршување на ( рано) задолжително образование. Шо ќе прат тие малолетни деца дур стигат до работоспособна возраст? Шо ќе прат од 11 до 18 годишна возраст?
     
    На Annath и fana им се допаѓа ова.
  17. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Јас имам работен ангажман.
    Не би да го земам местото на други.
    Вие имате работен ангажман? Би се нашло место и за вас.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Оти толку го мразиш народов?
     
  19. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Не знам дали си вложила, што како каде и колку.
    Ако е во приватни образовни установи, тие така си функционираат.
    Јас цело време пишувам за државно финансирани образовни установи.

    Забрана за компјутери ви пишав да предложите ако сметате дека е тоа лошо влијание
    за малолетници. Вие се жалевте дека ќе влијаат штетно.

    Што би правеле деца на 11-18? Тоа е лична работа на родителот или старателот.
    Никој нема право да им се меша дома што како мислат и што како прават.
    За тоа има и одлука на европски суд за човекови права.
    Има европска конвенција за човекови права. Во член 2 на протокол 1 пишува дека
    нема право да се одбива образование (но без гаранции за степен и квалитет), како
    и дека родителите имаат право да децата им се образуваат со придржување на
    нивните верски и филозофски убедувања. Во тој смисол би спомнала и обидите
    кај нас на мала врата да се протне лгбт пропаганда во училиштата на малите деца
    иако реално не би смеело без дозвола од родителите, а сигурно скоро сите не би.

    Ако сакаат по училишта по 4-то одделение (или 6-то, треба да прават анализи што е
    пополезно, поприфатливо, поизводливо и поисплатливо), нека потпишат обврска за
    ненапуштање на државата или нека си платат приватно.
    А ако и кога се зајакне државата, ако воопшто, можат да се востановат центри за
    ангажман.
    Или, ако сакаат, нека си се самоорганизираат во реонски престојувалишта.
    Со надзорник. Нема потреба да се оптеретуваат со училишни програми и часови,
    ионака на речиси сите тоа им е сувопарно и досадно, како во поглед на содржината
    така и во поглед на времетраењето - цел училишен час се труби и мота околу
    една иста работа која може да се соопшти во 3 минути.
     
  20. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Вашето мислење и заклучок се погрешни и сметам дека се врз нејасен
    и погрешен основ. Јас си имам мислење. Не ве терам да се согласите
    со мене.
    А и ако сметате дека мора се да е според ваше размислување, тогаш
    морам да ви кажам дека светот така не функционира, а и не е коректно.