После колењето јагниња или прасиња (што и да беше ) во таа градинката во Делчево уште повеќе сум сигурна дека не заслужуваат покачувања. Таков простатлук вработен во образовна установа што си дозволува невидени лапсузи треба да биде избркан на клоци. Ама пошто државата ни ја красат партиски потрчковци без нула образование и ова за брзо ќе се заборави. Наздравје нека ви е омрсувањето.
Пак. Не сум лута за моето образование. Среќна сум. Шо пробвам да ти кажам е - јас ги дадов тие пари во државата. Нема зошто сега да осеќам одговорност кон неа ако решам да заминам. Многу ме интересира како замислуваш дека ова ќе се изведи. А-ха. Значи ти си океј со сите можни сценарија кои ги пишав. Ако сака родителот ќе го земи детето на нива, ќе го пушти да пита, ќе му најди работа. Дома му е. Не е важно ништо. Важно е дека не можиме дома да му се мешаме? Требаше да очекувам дека и против неопходни предмети важни за децата си. Некако во пакет одат поќето работи.
Во ред. Со среќа со тоа. Ама кога следен пат ќе кукате за лоши услови во училиштата, и кога ќе ви кажат дека нема пари за повеќе и подобри услови, сетете се дека ги школувате и кадрите кои ќе бегаат германија и кои за Македонија даваат и срце и душа а богами и 20 евра. Кога ќе се провозат за до грција и оставајќи патарини, можеби и по некој сендвич или сличен напиток А секој од нив чинел минимум 2000 евра по полугодие. Можеби повеќе можеби повеќе, не знам за сигурно.
Добро, а што точно си платила? Си платила за 5-9 одделение? Си платила за средно? За изведба на забрана за компјутери, ти реков, ако ти смета предложи да се прогласи незаконски, а штом толку ти смета, предложи ти начини како да се изведи, не се вади на мене. Види, за начини на кои се воспитуваат децата од родителите и старателите има законски и незаконски. Ако сметаш треба нешто плус минус, предожи си ги како сметаш. Велев не смее мешање од типот што како да се натерува да верува или да размислува за општествени појави. Слобода на уверувања. Ако има нешто што вие сметате дека мора да учат, некои работи можеби се против убедувањата и моралните вредности на родителите. Тука нема мешање. Не сум против неопходни предмети, велев да има обука за здрави навики и сл., како и елементарно запознавање на природата и општеството. Затоа велев доволно е 4-6 одделенија.
Имаме работен ангажман, со плаќање даноци со сѐ комплет и не мислам дека јас ѝ должам нешто на оваа држава, туку обратно. Дотолку што веќе имаме опции за надвор, со понуди од средена држава, па ќе си бегаме цела фамилија сосе бизнис, и најголема причина за тоа е за да им се пружат што повеќе можности на децата, посебно заради нивното образование. А околу твојот ангажман, не мора да ми одговориш, но по начинот на размислување и толку убедување по сто пати овде сигурна сум дека е во државна служба, и тоа знам и од која партија си. П. С. Среќа што не се прашуваат такви како тебе инаку ќе немавме никаква држава сега. Едит: ме игнорираше еднаш ама пак ќе повторам, државата одделува помалку од 1% за образование од вкупниот буџет, во тој 1% се вклучени и администрација, министер, биро, реновирање, одржување... Зошто упорно си на став дека од децата треба да почне да се крати?
Да ти кажувам како што за мене, не би заради приватност, а и не ти должам ништо, ама само ќе кажам дека не сум за тековнава власт. Тоа е доволно, а веројатно ќе те зачуди. Јас не сум никој и ништо, јас сум само даночен обврзник кој има работа а не ја добив по линија на партија ниту ништо слично. А ако си приватен газда или сл., претпоставувам кој е на власт со нив си, само да теше бизнисот. Нема други убедувања освен парите за таквите, ако треба и децата ќе си ги дадат на силување само за да тече бизнисот, според мене, тоа се моите убедувања. Ако сте решени за надвор, наздравје нека ти е, ако се осеќаш фер, плати си ги давачките и бегај да те нема, иако ако ти е ставот дека државата ти должи наместо ти неа, не знам колку добро ќе се вклопиш таму надвор, таму обично е со поголеми давачки за сите работи. А што ти должи државата? Што толку си придонел/а? Си заработил/а пари, ама те чеша што мора да платиш данок? Извини, ама данок не плаќа само умрен/а.
Те прашав дали работниот ангажман ти е во државниот сектор а не дали си за тековната власт. Сѐ ни е платено не се секирај ниту бизнисите ни зависат од партија, дури подобри услови би имале доколку се регистрирани во држава со подобра репутација. Веќе кажав најголема причина ни се условите и околината во која ни растат децата. Не може да се крати на образование а да има до недоглед за партии и нивните членови само. Инаку фала на одговорот, иако јасно ми беше од каде ваков арогантен и глуп став, па и упорно да се настојува да се понижат децата, дека не се доволно казнети што се родени во ваква дупка.
Види, јас работам, не се срамам да работам ниту сум мрза и работам колку треба и за се што имам работни задачи, а не кога како ќе ми текне. Каде како што, исто се фаќа, има и државен сектор што окапуваат работа, има и приватен сектор што скоро со прст не мрдаат бидејќи си имаат бенфиции или се под закрила или држат монопол по некои основи и сузбиваат конкуренција со мито на корумпирани службеници. Ниту сум во партија сега ниту нешто барам ниту нешто сакам ниту ми е нешто посебно грижа. Јас сум со родољубиви чувства и верност кон државата. Јас не сум за понижување на никого, така си умислуваш, јас сум за разумно трошење на средствата. Кој сака да остане нека учи под државна закрила и со давање гаранции, а кој не сака нека си плати приватно. Ти како приватник, ќе плаќаш и за сите други или само за себе? Еве, треба да јадам деновиве... ти ќе ми купиш храна? Зошто, за да не ме понижуваш, затоа, исто по твојата логика. Државата ќе е дупка додека е до нас самите со такво однесување, а особено и со домашни предавници кои си умислуваат дека некој нешто им должи.
Забораваш дека државата постои за граѓаните, а не обратно. Додека етикетираш луѓе како предавници заради тоа што си отишле за подобра иднина, не може да очекуваш некој да те сфати за озбилно додека ти исто си платен од државна каса, околу тоа колку си вреден и заслужен пак не може да знаеме. Во секој случај дијаспората придонесува далеку повеќе овде отколку што тврдиш така да сите тврдења и барања ти паѓаат во вода. Во меѓувреме повели едно четиво за тебе https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-galovej-na-otvoraneto-na-mladihab-vo-bitola/
Види, за да служи државата на граѓаните, треба и граѓаните да се верни и да се залагаат за државата. Судбината е таа, условите се тие. Ако некој отишол, нека си ги плати обврските и данокот на сето што го заработува и надвор. Тоа сметам го должи. Кој рече дека сум во државно вработена? Јас такво нешто не реков. Јас сум личност со работни навики, и да не сум на работа каде што сум било да ме испуштат или пропадне, нема да седам дома, ќе работам, што било, не се срамам. Јас сум за тоа да зајакне државата преку свест кај граѓаните дека за да се подобрат работите треба да се тргне од нас самите. Треба сите да се ангажираме и ако треба и жртвуваме за тоа. А не сите да чекаат да им падне од небо или да се вадат со изговори дека другите не се во ред. Работливиот човек му треба само 1 причина за да работи. Неработливиот ќе најде 1000 за да не работи. А за дијаспора, знам колку придонесува, ако дојдат повремено, фрлат ситен кеш на роднините и потрошат некоја пара и толку. Или оди мажот работи и праќа пари назад дома за да не мора другите да работат. А според мене, треба редовно оданочување на сите тие надвор. Во контекст на темава, штрајк во образование, според мене така би се решавале проблемите, и оданочување и кусење на гарантираното образование без никакви обврски. Не знам што сакате да ми кажете со тој прилог интернет објава што ја цитирате. Тоа не е јасно определена вредност, веројатно некаков просек и тоа во споредба со високо развиени земји, а не условите и регионот. А тоа ми делува дека е пропаганда за да повлекуваат млади и работоспособни за странство за да им работат работи кои никој таму не се нафаќа и кога ќе им помине работниот век да ни ги шутнат назад во земјава која гарантира социјални права. И тогаш, јас да плаќам за тоа што тие работеле надвор и ништо не платиле данок во државава? Зошто? Мислам не смее. Ај вака, со вас само се согласувам дека не се согласуваме и крај.
Темата е штрајк во образование, не социјално општествено уредување. А социјализамот беше и помина, се виде дека не опстојува. Чудно, луѓето ги сакаат придобивките од капитализамот ама обврски и работни навики како во социјализамот. Е па, не оди тоа така. Но, да не бегаме од темата штрајк во образование, ова што јас го мислам баш и е повеќе во дух на социјалистичкото уредување. Ако прифатиш обрврска, бесплатно образование. Не те тераат да плаќаш приватно. И за крај, една мисла во вид на песна од покојниот Дејвид Боуви: "This is not America"
"Македонската дијаспора во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава" Отвори си извештаи и информирај се како стојат работите прво пред да тресеш небулози околу кој што и колку должи.
Ти плаќаш и за државата да рани затвореници па јбг. У реду е. Не ги раниш лично ти пустите дијаспорци што ја предале државата. Аман.
Иселеништво е 15-20% од населението а праќа само 3,4% и тоа на своите роднини а не за сите и надржавата. Останаа 96,6% од БДП. Всушност, вие докажувате она што јас го велам.
Јас ги финансирав иселените до иселување. Ако се вратат како државјани пак имаат право да ги финансирам. Образование, труд и социјала, здравство. А затвореници се за казнено-поправни мерки. Или за ситна кражба да се воведе смрт со стрелање?