1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.502
    Допаѓања:
    15.543
    Пол:
    Женски
    Леле дај ќе помисли човек на твој грб живеат дијаспорците. Олабави.
    И не се иде само за ситни кражби у затвор. За секакви дела се.
     
    На Just.do.it и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Хахахахаха мисли си.

    Само докажуваш колку си игнорантна и појма немаш за тоа што го зборуваш. Праќаат на роднините точно, но тие роднини овде ги трошат, а со тоа плаќаат ддв, такси... да не редам.
    Инаку 3.4% се однесува за 2020 година како исклучок, инаку претходните години било 18 до 20% од Бдп, и тоа е само приливот, без проценка колку трошат овде кога доаѓаат. Така да, ќе излезе дека они те плаќаат тебе, а не ти нив.
     
    На Just.do.it и Outlook им се допаѓа ова.
  3. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Види, паметам доаѓаа од странство познајници и правеа заби на државно.
    Денар не даваа за тоа.
    Потоа забарските услуги станаа со плаќање, пропадна и тоа.

    Ти спомна се плаќа за затвореници.
    Што решенија предлагаш инаку?
    И за убиство писмена опомена?

    Немам веќе што да кажам околу ова. Ни со вас.
     
  4. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Види, и толку да е удел во бдп, сепак должат данок и од прва рака, а не само од втора.

    Со оглед дека нема со вас пристојна дискусија, не гледам повеќе потреба од натамошна.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Еве за колегите еден подкаст кој зборува за тоа што значи воспитување во образованието, зошто тоа нема врска со родителите и каква порака им се испраќа на учениците, не со имплементирана програма, туку со однесувањето, на форум и во реалниот свет. Затоа што учениците се идентификуваат, не со системот, туку со човекот ЗАД СИСТЕМОТ.
    хинт. Финска има најдобар систем на образование, а НЕ СЕ НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ во Европа, па и покрај тој податок, најмал процент воопшто размислува да го промени работното место.

     
    На supergirlmb и Celltica им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.741
    Пол:
    Женски
    @draconis14 фала на комплиментите. Ти кажав дека таквите како тебе ме вреѓале со секакви зборови. Кога ќе почнеш така силно да вреѓаш значи дека немаш никакви против-аргументи и во немоќ почнуваш да вреѓаш и дискредитираш на лична основа. Затоа и нема да го однесеме напред образованието и да понудиме подобра квалитет. Зашто е побитно да се дискретира секој што размислува различно од масата. Да се дискредитира секое мислење што ќе значи повеќе работа и поквалитетна работа.
    И еве пак не знам акко се борите за квалитетно образование преку штрајкот.

    Инаку медијалната плата во Македонија е 21 000. Тоа значи дека 50% од населението зема плата до тој износ. Ова се пресметки на FinanceThink. А според податоците околу 80% од населението зема плата под просечната. Сами заклучете зошто штрајковите на админситрацијата и наставниците беа вака дочекани. Во услови на светска економска криза, во услови кога родителите беа незадоволни од онлјан настава и слично и едвај сите чекаа да се нормализира образованиот процес тој се прекина. Грубо и арогантно. наставниот кадар пак ќе повторам заслужува повисоки плати, ама начинот што беше одбран беше лош и во лошо време. Наставниците би требало да се „попаметни од тоа“. Врпочем вакви прашања со анализа на податоци има на ПИСА тестирање. Ако наставниците не знаат да го проценат моментот кога и како на што ќе ги научат децата.

    [​IMG]
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Нема пристојна дискусија затоа што ем не си информирана, ем си измислуваш работи кои не постојат ниту пак не е можно да се имплементираат. Не должат никакви даноци иселениците, по никој основ, закон или пропис, доста си измислуваш.
     
  8. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Аргументи изнесов назад колку сакате, не ги гледате зашто обожавате да генерализирате. Навреда никаде нема, освен во вашите изнесени мислења спрема оние што штрајкуваат. Јас само опишав профил на личност која не се солидаризира со барањата на колегите, иако истите и одат во прилог. Ако сте се пронашле во описот, тогаш значи сум погодил. Се надевам ќе го одбиете евентуалното покачување затоа што не е момент и државата е во криза. Во врска со тоа дали треба да добиваме просечна плата, да ве потсетам дека ние сме високвалификувана работна сила и треба да правите разлика. Сега некој ќе рече да, да, висококвалификувана со потсмев. Ајде однапред да ви одговорам зашто не планирам повеќе да дебатирам на темава. Секој од вас што пишува на темава, образованието го завршил тука на нашите факултети. Ако сметате дека не е квалитетно образованието и не дава висококвалификуван кадар, искинете си ги дипломите. Во врска со тајмингот на штрајкот, сигурен сум дека времето никогаш нема да ви го погодиме. Во врска со начинот, повелете пример како се штрајкува во Финска моментално, со затворање на училиштата и градинките: https://www.bloomberg.com/news/arti...ls-daycares-in-finland-as-workers-protest-pay. Само овде не е дозволено да се штрајкува така зашто некому не му одговара. И на мене многу работи во државава не ми одговараат, па никому не му е гајле. Поздрав и се надевам еднаш ќе созрееме како нација и ќе сфатиме кој е непријателот.
     
    Последна измена: 3 мај 2022
    На Outlook, Bebce1, MikicaBt и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не планираш да дебатираш, ама упорно пишуваш. Пасивно-агресивно однесување.
    Апропо дипломите, во секторите надвор од светот во кој живеат просветните работници, или ќе научиш човечански да работиш и да покажеш резултати без разлика на тоа колку и какви дипломи имаш и да покажеш знаење или ариведерчи. Односно, можеш да мафташ со секакви дипломи, ако немаш резултат, биваш инстантно заменет со некој кој може и знае.
    Ако коментарот за Финска е било каков обид да се споредувате со нивниот систем, тоа е навистина премногу. Финска го има најдобриот систем на образование и заслужуваат милион еура плата.
    Ако "некому не одговара да штрајкува", прашајте си во партија зошто е тоа така, а кога сте сами со себе во своите четири ѕида, запрашајте се зошто сте дозволиле да бидете политизирани до степен да губите секакво право на глас.
     
    На Волкот, JoyJoy и Celltica им се допаѓа ова.
  10. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Еве како си толкувате како што ви одговара. Јас не сум воопшто исполитизиран, а образование е исполитизирано до ист степен како и секој друг сектор на општеството. Пишувам затоа што не сакам да ги извртувате моите зборови. Она „овде не е дозволено да се штрајкува така зашто некому не му одговара“ се однесува на таквите како вас и на политичарите, на вас не ви одговара воопшто да штрајкуваме. Споредбата со Финска е за начинот на штрајк, не за образовниот систем. Ајде сега, кажете им на на нив дека го кршат правото на образование на децата, дека треба да штрајкуваат после работа, ама УНИЦЕФ вака рекол, ама Владата така... Доста ми држите предавање за „секторите надвор од светот во кој живеат просветните работници“, небаре во другите сектори под државна капа квалитетот е повисок. Патем, некои овде што критикуваа образование работат токму во овие сектори. Јас работам и во приватен сектор. Веќе ви кажав, реалноста е дека не сакате никој од државен сектор да зема поголема плата. Не ви е гајле ниту за образование, ниту за права, ниту за ништо. Цело време викате секоја чест на исклучоците, ама пет пари не давате за исклучоците. Спремни сте да ги жртвувате заедно со т.н. неработници. Јас се согласив дека има превработеност во сите сектори и дека има и неквалитетен кадар. Наместо да ги напаѓате сите што работат во јавен сектор, барајте реформи и намалување на администрацијата. Дебатава овде е бесцелна.
     
    На Outlook и Mikha4 им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека дебатата е бесцелна, слободен си да ја напуштиш темава. И сосема случајно, на темава све дефицитарни кадри сте, аполитични и ништо не знаете што се случува во системот од кој сте дел и бидејќи сте внатре во кругот, не ви одговара нешто да направите за да се промени и подобри. Ти најубаво си знаеш зошто не ти пречи што системот е политизиран, а вработувањата се партиски и зошто одбрамбената теза е дека "ти не си таков" е доволна да продолжиш да си живуркаш. Значи, сакаш системот да биде подобар, ама ти како дел од него нема никогаш ГЛАСНО да кажеш дека најголем проблем е токму мешањето на политиката, ваљда за да не ти се измрда столчето дефицитарно. И најбитно од сѐ, оправдувањето "дека секаде е вмешана политика" е толку тужно што не знам како веќе не ви е срам тоа да ви биде оправдување. Тоа значи дека ако јавна администрација може да лежи и ужива и зима плата, зошто да не можете вие? Криво ви е зошто баш од вас се бара нешто? Вакво резонирање не можам да разберам, ако можат тие, зошто не и вие? За тоа ли е борбата? Темава е просвета, ако сакаш другите сектори да ги критикуваш, отвори си тема.
     
    На deskarada, JoyJoy, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Да отворам тема и да го правам истото што вие го правите тука на темава!? Па не ми доаѓа на крај памет. Секако дека ќе ја напуштам темава. Од тоа го кажав, извлековте заклучок дека јас сум виновен за состојбата во образованието и дека јас сам, со моите супер моќи, сум одговорен да ја средам состојбата. Ај да завршам со цитат од колешката, во неколку реченици објаснува што ние правиме во дебатава, а како вие ни враќате:
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Секако, никогаш никој не е крив, ниту на форум, ниту во реалниот свет.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Денеска имав потреба да одам во полиција. Сите канцеларии се полни со по 2-3 службени лица и сите на мобилни висеа кога влегов. Да не видов познаничка таму ке бев уште.
    Да знаете како се трошат вашите пари од данок за наставници ке барате 40.000 најмалку.
     
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми учителката лани беше наставничка пред пензија. Секоја чест на тие наставници. За разлика од годинава која е лани вработена.
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Тоа што полицијата работи помалку од наставниците (иако и тоа е прашање) тоа не е аргумент наставниците да заработуваат повеќе. Убаво би било со некој подобар од вас да се споредувате, па да се потрудите да го стигнете. Се прашувам која е целта да се споредувате со сите други лезилебовичи во државава.
     
    На GirlRose, zuto и deskarada им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Па така де, тоа велиме... буџетарите (со некои исклучоци) не работат како што треба, тоа е факт и во полиција, и во образование, и во државните болници и секаде каде што има вработување со врски. Не гледам зошто треба да се зголеми плата на наставниците оти полицијата не сака да работи. Демек ај натпреварувајте се кој помалку ќе работи а повеќе ќе зема, кој ќе го заеби другиот повеќе?
    Море згрешена е работата скроз, требаше да се натпреварувате кој ќе направи подобро, кој поголема трага (ама позитивна) ќе остави во општеството, наставници, доктори, полицајци.... сите прекрасни професии, сите сме сакале да бидеме тоа ко деца, тоа беа херојски професии, да спасуваш животи, да се бориш против криминал, да даваш знаење и да создаваш паметна и писмена нација. Ете сите овие професии спаднаа на - татко ми е секретар в партија, ништо не ми можат! Шо ќе работам јас, џандарот ене го лежи. И така од херојски, се направија мизерни овие професии... жалосно. Не остана веќе ни децата на што да се угледуваат.
     
    На supergirlmb, Annath и zuto им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Со една многу мала разлика шо овие дур дремеа дома и не знаеа што со себе, полицајците одеа нон стоп на работа и одеа до кај болните да ги проверуваат и мереа улици во полициски час.
     
    На GirlLove и Волкот им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.502
    Допаѓања:
    15.543
    Пол:
    Женски
    Па ние Македонциве секако сме научени на "ќути, има и полошо" и така и ова.
    Кога некој не работи ко што треба а бара покачување, викаме абе, гледај полиција/администрација/пратенициве поарни да не се. И така.
    Не докажуваме дека сме подобри, него дека има од нас полоши.
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    За грев децата, ги барикадираа со песнички и дропки и што не, кои ионака не им беа доволно обработени и на редовната настава претходно, сега оди нека постигнат се.
    Ама што е фенси средина на мај да учиш велигденски песнички, а требало 3 недели претходно.
     
    На GirlLove и Волкот им се допаѓа ова.