Во моја поранешна околина, немаше предметен наставник, ниту одделенски што земаше над 29 илјади. Само тие со 25+ год стаж земаа толку, а оние со неполн фонд од 18-23 000, некои дури и помалку.
И тоа претпоствувам има полн фонд на часови. А оние кои немаат полн фонд на часови? Ама најлесно е да се пишуава по форуми дека се неработници, дека вака дека така.
Не ги предавам тие предмети ако ти е полесно сега туку 6 различни предмети и плус пракси. А пола народ со купени лиценци, курсеви по 6 месеци што зимаат 2илјади евра зошто со тие не се споредуваме и испадне дека не е фер или вака повеќе ти одговара
Па што не се преквалификуваш ете и ти за 6 месеци кога си толку способна, што работиш за ич пари две работи? За суфицитарен и дефицитарен кадар не можеш споредби да правиш.
Да не ги гледав лично платите и да не учествував во истите, немаше ни да коментирам и вадам цифри од ракав. Над 30.000 е секако, тврдам. Нешто не му сметаат како што треба или има некоја задршка. @nena2010 наставник со ова искуство тешко да е со неполн фонд на часови, од причина што мора прво да се пополнат часовите на оние со решение. Плус одделенските сите имаат полн фонд на часови. И имаат утврдена основна плата. Фиксна. Плус додатоци. Преквалификувај се и ти. Јас се што зборувам овде е бидејќи имам познавање, лично сум била засегната итн. И сега вие овде ќе ми коментирате колку работни часа имате и колкава плата, кога лично бев вклучена. Немојте.
Што знам. Да не зависи и од градот во кој живее или училиштето? (мош трескам глупости,ама толку зема)
Не, само кажав дека не можете да се рамњате со други. Некои работат повеќе од вас.Не е во ред да барате плата ко нивната. Постојат различни професии и нормално е платите да се различни.
Нема. Платите им се секаде исти, само на директорите се според број на паралелки и ученици. Ај да се сетам колку се плаќаше од стаж точно. Епа они зимаат толку пари со завршени академии. Кој друг.
Дете не можеш да запишеш во градинка без дебели врски, што муабет да правиме за вработување? Како бели мечки заштитени и вемеро и сдс, ние обичните смртници ќе се убиваме од фрлање пари за надоградување, ќе се чудиме децата кај да ги носиме кога не може во градинка, болни ќе работиме пошо нема боледување, годишен одмор 10 дена и да не зборам веќе ми се качува притисокот.
Дали некој има информација на колку работни саати се осигурани просветните рабоници? И дали јануари,јуни,јули и август се забаранети за штрајк? Не ми е јасно зошто во 3 месеци од годината кога се на работа а впрочем и не се не штрајкуваат?
Од извори блиски до штрајкувачите, штрајкот ке продолжел до 1ви Мај, па и после тоа (ако не им ги покачат платите). На заканата дека ке донесат наставнички кадар од Агенција за вработување, штрајкувачите децидно одговориле дека Законски за да донесат наставник од биро за вработување (т.е. заменски наставник) истиот мора да помине извесно време со ментор. ...а менторите сите штрајкуваат. Така да...на децава црно им се пишува. Разочарана сум од образованието. И од наставниците. Врз глава на децата си тераат штрајкови.
На 40 се, ако имаат полн фонд на часови. Плус некои имсст час плус ако се одделенски или класни раководители. Полн фонд е кога имаат 20 наставни часа, а тоа е еднакво на 40 работни. Во наставен им се брои одделнскиот час, потоа некои се определени и за е дневникот и тоа плус им се плаќа. Како час. За време на распуст они мора да одаат на работа, ги следува само одмор кој најчесто е колективен. Во зима треба да одат, ама поради практични и финансиски причини, да се заштеди на греење, не одат.