Ментор се определува да, на оние кои немаат ни ден стаж. Ама мислам они секако ќе се заменски, не знам дали им е сменето нешто. Ама има наставници кои не се членови на СОНК, кои се еве се Сдсм, што не ги притиснат сега да се вратат на работа и да се одржи настава. Плус има итно и неодложно вработување, без оглас, се зима и од Завод. Се случувало и со месеци да немаат определено ментори. Или нека сменат Закон на крајот. Европско знаменце и готово.
И кај нас во фирма нема греење последниве две години и сепак над 4000вработени одиме на работа, незнам зошто газдиве не ги гледаат тие практични и финансиски причини, а баш би сакала да сум дома Во мојот град пола и повеке од нив тераат бизниси дополнителни после работа јас искрено сум прекршена кога ке си дојдам дома после 8 саати работа и 1саат пат. Значи слободно нека се боре секој за своите права ама релано они уживаат и повеке од доволно. И штрајк и после 10ти јуни е валиден незнам зошто е спорен да се спроведе.
штрајков ми е булшит, прво пола од професорите не заслужуваат и тие пари шо ги зимаат, да ги зимаат, мислам дека сме свесни дека се` понеписмени генерации имаме, се гледа тоа.А они се должни се воспитуваат и да учат, и да пренесуваат знаење. Децава две години учат од дома, таман почнаа у школо, ајдеее протест, па уште у јуни ќе бараат да се одработи.На најжешкото, ја мајката. Сеа родителите на оваа криза да се снаоѓаат кој да чува дете, шо како да се праи, овие кафенце у канцеларија и к ги боли. учат од книги од 2006, 2008, не знаат да предадат, гледаат да кажат шо треба и чао, тестовите крш, ги оставаат да препишуваат, не знаат интересни да ги направат часовите. и после парииии мене ми се океј 24,000-26,000, не знам колку зимаат, за тоа шо го работат. пошо не е тешко, состави за цела година наставен план, предавај, секоја година истото, збори збори, само со пубертетлии ја бар не би можела да работам, у тој однос ми е захтевна таа професија
Никој не е незаменлив на светот. 90% од тие што штрајкуваат се вемеро и апсолутно им оставаат простор да ги шутнат скроз.
Жално е да, ама би било добро пропорционално да му се исплати плата за деновите за кои работеле, па да видиме дали со иста посветеност ке штрајкуваат и следен месец ...
Трчаат по партии за да се вработат, јер, 3 4 саати работно време дневно,кафе мафе, слободни викенди, празници, зимски, летен распуст, притоа знаејќи колку е платата, ЗА ДА се вработат и кукаат колку е платата. За време корона истите тие деца ги користевте како адут, за да можете да се прчите дома, пардон онлајн настава, наводно ради нивна безбедност, кога ваши деца се шетаа по улици. До кога ќе ги лишувате од основоното им право на образование, додека вие исполнувате ваши цели ? Да ви беше гајле, ќе штрајкувавте вон настава, вон училишна година, амааа ќе трпи одморот у Грчка, не бива. Од најблагодорната професија, успејаа да ја направат најомразена. Секоја чест на исклучоци, кои ги има премалку у таа фела, останатово ни минималец не им паше.
На нашата воспитувачка треба да и дадат 1000€ плата. Потпишувам со две раце. По цел ден е сама со две групи деца. А негователката седи во ходникот на градинката бе, на клупа јер штрајкува де Свашта
Тоа е таа разлика од педагог до партиски паразит. На потег сте вие родителите, кога државата не може да ги врати у училници, можете вие.
Мој совет, излезете од СОНК. Јаким ќе си земе 70 000 плата на први. Го заболе таквото и за образование и за деца.
Се уморија од разни ИЗЛЕГУВАЊА ВО ПРЕСРЕТ. 100 пати децата и наставничките беа во изолација. Распустот се продолжи, децата едвај се прибраа во училници, па пак имаше изолации. Таман децата прочитаа некоја буква, сега штрајк. По којзнае кој пат излагаме во пресрет. А на родителите кои немаат баби, кој да им излезе во пресрет ?...целодневната настава ја претворија во ,,земете си ги децата во 15 и ни минута повеќе,, без да ни влезат во кожа дали можеме да излеземе од работа во 14.30 за да стасаме во 15 пред училиште. Плус - кој ќе ми даде пари за жена што го чува детето додека тие штрајкуваат ? Во нашето училиште родителите се договоривме да нема работни саботи за децата и да не пуштаме деца подолго од 10.06 да одработуваат, зашто децата не се виновни за ова. Сакаа да штрајкуваат ?? Можеа да излезат на улица во 17 часот пред Влада...и така секој ден до исполнување на нивни барања. Не се незаменливи. Почитувам ако се обесправени. Ама не врз главата на децата.Ако наставниците имале Уставно право да штрајкуваат, и децата имаат Уставно право на образование. Им го скратија !!!
секој претседател на синдикат требаше да ги праша членовите дали се за штрајк или за протест. нормално, сите беа за штрајк. ги заболе таквото за моето дете.
Ние ко родители што немаме кој да ни ги чува децата треба петиција до владата да потпишеме барем еднократен надоместок да добијат учителките и воспитувачките што не штрајкуваат и ни ги чуваат децата.
Сакаат да го продолжат Штрајкот до 2 мај. За да се надоместеле часовите морало да се продолжува годината. главава ме фркна од нервози. Ако испадне вака што ке прават матурантите? Па има деца во странство што треба да аплицираат.
посебно прашање е дали се потребни толку многу просветни работници? ионака помалку население има според пописот а и помалку деца за по училишта. 15% помалку население и со тоа 15% помалку наставници се потребни, па да се толку отпуштат или пратат во предвремена пензија а со остатокот пари да се платат другите. и помалку трошоци за кадар и за опслужување училишни потреби за струја, вода, греење. ионака квалитетот на образованието ќе остане ист. речиси сите наставници не се трудат нешто посебно.