Почетник 24.760 - 10% за ментор + класен додаток = 23.500 нето плата Почетниците и со месеци не добиваат ментори, дури треба да молат да досаѓаат секој ден па да добијат ментор што им следува по закон.
Просветните работници се луѓето кои на некој начин го обликуваат општеството. Тие ја имаат одговорноста децата и да ги воспитуваат, и да ги образуваат. Апсолутно ги поддржувам во тоа дека треба да си бараат покачување. Многу ги потценувате. Не е лесно со 30тина деца да се справуваш секој ден и да се обидуваш да ги образуваш како што треба. Проблемот кај нас во системот е сосема друг. Проблемот е што образованието ни е скроз нефункционално. Што се примаат секакви личности во образование кои не се најпрвин психички способни и стабилни да бидат со деца. За програмата искрено да не ни почнувам колку не е соодветна. Башка што наставниците губат толку многу време на паприологија, внесува во дневник рачно, внесува во дневник онлајн, губи еден куп време на работи кои за децата искрено не се релевантни. Имам две тетки наставнички и знам колку време во денот го поминуваат во работа. И да, не сите наставнички работат исто, ама како што спомнав погоре проблемот е до системот.
Тогаш ние родителите,со децата ќе штрајкуваме. Децата не им се криви, па распустот да им го уништуваат. Мислев ќе штрајкуваат два, три дена, овие мерка немаат, па уште да ги разберемр. Мхм, оно самите не би по 10 јуни на работа.
Да беа толку арни немаше врски да барам кај да го запишам у прво одд (пази, прво одд еј) .. за да не западне кај некоја забегана... просветен одамна не е просветен..
не.тоаш ние со децата у клупа, да видиме како предаваат тие на пеес степени без клима и ако испуштат реченица тешко ним
Епа тоа зборам, не може секој да го пикнат во образование и ај оди описменувај цела генерација деца. Дупки еден куп во системов имаме. Тешко на идните генерации ако вака се продолжи
Јас 14 години како имам дипломирано на педагошки како наставник по одделенска настава и најискрено како се не пробав да влезам во образование, си ја сакам струката и сакам да работам како наставник, ама на крај се одкажав не ни се надевам дека некогаш ќе се вработам по струка. Се вработив во слична денојност со дипломата од средно и зимам минимална плата, а дипломата од факултет не ми вреди ништо, џабе трудот, времето и парите што ги потрошив за да се школувам. Според мене мора да се сменат критериумите за упис на педагошки факултет да се примаат помалку студенти и да излегува квалитетен кадар, да се прекине со партиски вработувања и дури тогаш ќе можеме да зборуваме за квалитетно образование.
Дали вреди да се спомнува тоа, 10 % само, додека во други професии една година стаж ја работеш без пари, а си учел дупло повеќе од нив? Да не одам предалеку што овие предмети ги полгаат со купени семинарски. И ајде штрајк.
Оф Боже го пишував ова истот во друга тема кога почна штрајкот. Наставник да штрајкува со тоа што му крати на дете право на образование што е дел од Конвенција за права на дете (а кое наставниците од прво одделение го предаваат секоја година потоа на Ден за права на децата) ми е тотален комплетен нон-сенс. Кој сака нека се лути ама наставник да каже дека е наставник, а да ускратува право на образование на дете е се освен наставник. Ама додека им проаѓа тоа дека биле угнетени и додека родители си седат дома и се чудат ќе им поминуваат секакци хирови. У ек на ПИСА тестирање кога ќе видиме до кај сме делумно и заради наставниците и нивната подготвеност за промени во нивниот начин на предавња тие одбраа да не работат. Факт е дека требаат подобри услови за работа, вреднување на труд и мнгоу други нешта. Ама не гледам дека наставниците се бунат за друго освен за плати. Само тие што се бунат ај нека објаснат како повисокие плати ќе го подобрат квалитетот на образованието. Помотивирани ќе бидат па ќе поминуваат 8 саати во работење или така со магично стапче оп одма се ќе биде подобро. @nena2010 табелата што не е баш точна и е играње со бројки ти ја сподели тука. На форумов ти треба да ја избришеш, не Нико.
Владата треба да излезе сега и јавно да каже дека секој што го ускратува правото на децата на образование ќе добие отказ ако не почне со настава уште утре. Нека не се секираат, ќе се најде соодветен кадар и за незаменливите пошто ете не сме ги подржувале тие без кои "не сме можеле".
Мислиш дека така лесно се наоѓа? Знам едно училиште во Скопје не можат да најдат наставник по Биологија па бараат некој несоодветен да им се нафати. И после не се чудете зошто образованието ни тоне.
За друг сектор би се рекло - работат од дома, па зошто за наставниците “преседоа дома“? Он лине часови имаше нели?
Не се враќаат за 10 посто, ме интересира дали ќе се вратат со откази. И јас мислам може да се најде замена за секого, и нема да треба многу да се бараат, ако почнат со откази ќе се вратат поголем дел на работа, доста им се попушта. Можеа после 10ти јуни да штрајкуваат, ама толку им е гајле за децата. Колку оштетена генерација на деца, и пандемија ги фати со онлајн учење, и штрајк што предолго трае па уште без срам кога се пишат срцепарајучи параграфи за светоста на учителската професија, далеку од света е во Македонија, би рекла најомразена во моментов. Греота само за децата, за никој друг
https://www.brif.mk/nikolovski-prod...a-obrazovanie-i-urivane-na-ustavniot-poredok/ Нема да се повторувам сите горе доле сте кажале тоа што го мислам и јас. Ги ценам многу наставниците,ама овој пат мислам дека малку се претера за некои работи.Сите што ми се блиски наставници,пријателки,роднини ,другарки небитно што ги знам ја работат работата со љубов и професионално,ама тие се една капка во морето. Ама мислам дека малку се претера преку грбот на децата. Само очекуваат некакво разбирање од нас како родители,а ние кога ќе бидеме разбрани. Еве сабајле ми искоментираа во градинка да сме ги разбереле ,минатата недела не ја носев ама сабајле ми викат ако имало кој да ја чува да не сме ја носеле,две биле на многу деца. А како сега ги мешаат м? Не важат сега протоколи а? Важат само за после 16 часот да не се мешаат за да си одат порано,а ти како знаеш снаоѓај се.Бесна сум многу за некои работи,ми пука веќе . И на друга мајка и на еден татко.И сите кога им се пуштија ,извинете и вие разберете не нас,да имавме кој да ни ги чува не ги запишувавме во градинка.Големата ја оставив сама дома утрово ,второ одделение е,има прекрасна наставничка што многу ги научи за овие две години,дури по други одделениа на нивна возраст не учат на тој начин и така ,стварно сум задоволна. Со коронава најмногу искористија.Нека излезат пред Влада после 16 и да протестират и за програми и за услови во градинки и школи,ќе излезам и јас со нив. Секој чест на исклучоците ,за таквите алал да им се парите,се знаат тие кои се.
Jas deca posle 10.6 ne prakjam vo skolo,togas nie ke strajkuvame. Site sto ne sakaat 10 %plus pokacuvanje treba da gi izbrkaat od rabota
стара плата и закана со отказ! чим 10% е малку (на алчноста и нема крај). да видиш како со насмевка ќе се вратат. Мој мој преку мој!